Графички карти

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Нвидиа ги представи 480 и 470 , Генерално по сите бенчмаркови до сега се покажува дека во најдобар случај имаат 10 - 15 % подобри преформанси од 5870 и 5850 (иако во некои тестови тоа е многу помалку ) . Генерално се забележува тенденциа таа предност да е многу помала на повисоки резолуции . Но пак забележлива е и тенденциата за постигнување на поголеми фрејм раејтови при вклучен АА.
Но од другата страна цената за подобрите преформанси се високите работни температури ( на еден сајт видов бенчмарк каде под оптеретување гт480 достигна 96 степени ) , огромна консумциа на енергиа ( понекогаш и над 500 w под оптеретување на некои бенчмаркови видов ама генерално околу 460 - 470 w под
оптеретување ) и според сите тврдења доста бучни .
Исто така ке треба да се почека за картиците да ги добиат Нвидиа Сараунд функциите ( некое време чекање за мулти монитор подршка ) .
Цените ке се околу 500$ за GT480 и 350$ за GT470 ( бројките се од нвидиа , ке почекаме да видиме какви ке се реалните цени али 5870 е 420 $ а 5850 е околу 300 $)

Е ова до сега е објективниот дел ...
Лично мислење : Нвидиа последен пат ко се посраја сериозно беше со FX сериата и беше заради то шо сакаја да напрат решение кое ке биди појако од конкуренциата па макар и за малце .
Предвидвам дека со гт480 и гт470 ке го повторат дебаклот само што овај пат ке биди далеку по ужасно бидејки предходниот пат бар имаше предходна генерациа која беше добра , сега за разлика од тогаш чипот кој е предходна генерациа е со технологиа која е одамна застарена . Навистина се надевав за поке . Ова шо го кажвам нема врска со то дека сум АМД бој по природа . Нвидиа си ги сакав имам користено нивни чипсети и графички . Али дебаклов што следи (сметано дека интел не им дава право да прават чипсети за интел процесори , го имаат тотално изгубено пазарот за амд чипсети бидејки амд просто ги прави подобро , и сега ке се усерат и со графичките ) просто мислам дека ке ги дотолчи .
 
Или на Кратко освем за Сли конфигурации каде што GTX480 скејлира феноменално картиве се ЕПИК ФЕЈЛ! Но во таков случај не ти бега 1000 ватно напојување и многу многу пари...Тапа..
 
Па толку време се изначекавме за да видиме до 15% подобрување.

Со наредни драјвери и ревизии се ќе се среди ама се тоа ќе биде неколку месеци пред излегување на 6000 серија на ати.
 
Наравучение!
Чекај си ја 6000 серијата на ATI :pipi:
 
Од ATI се многу напред со драјверите, би требало да има уште подобрувања со понови драјвери. Засега разочарува односот цена/перформанси, a потрошувачката и греењето уште повеќе.

Ама ако се разгледа вака, моментално малопродажна цена на 5870 е околу 21500 денари кај нас, ако GTX 480 би била само 50-60 евра поскапа, мислам дека ќе биде примамлива за ентузијастите. Ако биде многу поскапа, тоа веќе не се исплати.
Ама ова е малце преоптимистички, особено кога ќе се додаде фактот што новиве графички на Nvidia засега се ретки, a во Македонија којзнае кога ќе пристигнат.
 
... GTX470 цена/перформанси е прескапа :P. 480ката во UK е со цена од 430-550 фунти ... така да кај нас нека не ве изненади и цена од 30.000 (ако воопшто донесат). Инаку 480-кава во перформанси не е тоа што се очекуваше (480>5970 како што имаше некои rumors пред да излезе 480кава).
 
Другари која графичка да си ја земам за 10-12.000 ден. Нема врска дали ATI или GeForce .... :smir:
 
Па просто е ... ако сакаш сингл карта имаш за тие пари : ати хд5770 или 4850 х2 :) Ако си крос фајар тогаш морам да ти речам дека нај паметно за тие пари ти се две 4770 ке ти излезат или пак две 4850-ки .
Зависи на шо цилјаш со графичката шо сакаш да ја земиш .
 
Другари која графичка да си ја земам за 10-12.000 ден. Нема врска дали ATI или GeForce .... :smir:

5770 Ако планираш да играш нови игри и ако те интересира DX11. Ефекетите т.е теселацијата и некои подобрувања на осветлување се дел од DX11 подобрувањата, секако фокусирањето на Ати и оптимзацијата за новите драјвери се насочени за ваквиот тип на графички т.е картите од серијата 5xxx на Ати.

Доколку ти треба картата за стари игри и не се замараш со квалтиет на графика тогаш би ти препорачал 4890/GTX275 или пак доста поефтина варијанта 4850 (ако ја најдеш)

Сепак генерално најдобра опција ти е 5770.

Друго, многу битно! напиши каков компјутер имаш (вклучувајќи ја и големината на мониторот) Да не заборавам, пиши исто така кои игри ги играш или пак планираш да ги играш.
 
дрогарчиња, колку пари е 5770 и дали можам да ја бапнам на мојов пц, ако не може, што да менам? види потпис!

На 07.04 ми е роденден, па да си бирам подарок :helou:

EDIT: гледав на страната на А ТИ, како што читам треба да имам 1 PCI E x16 порт. ( а имам ) . е сеа за струјата ми е проб.. имам едно шит "delux" (поточно Delux ATX 450W P4 ) напојување, и не сум сигурен дали ке издржи.
 
дрогарчиња, колку пари е 5770 и дали можам да ја бапнам на мојов пц, ако не може, што да менам? види потпис!

На 07.04 ми е роденден, па да си бирам подарок :helou:

EDIT: гледав на страната на А ТИ, како што читам треба да имам 1 PCI E x16 порт. ( а имам ) . е сеа за струјата ми е проб.. имам едно шит "delux" (поточно Delux ATX 450W P4 ) напојување, и не сум сигурен дали ке издржи.

Картичката е околу 9700 ден. можеш да ја ставиш на твојот компјутер ама процесорот ти е ептен тиње :)

Ќе искористиш 20-30% од графичката.
 
Картичката е околу 9700 ден. можеш да ја ставиш на твојот компјутер ама процесорот ти е ептен тиње :)

Ќе искористиш 20-30% од графичката.


а каков процесор да ставам? и цена за него :helou: , а за напојувањето што како? да го менам или..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom