Графички или Веб дизајн

  • Креатор на темата Креатор на темата MacedonianN
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 април 2010
Мислења
17
Поени од реакции
1
Сакам да добијам размислувања за позитивни и негативни страни на овие професии во Македонија.Каде има повеќе пари и перспектива?Се извинувам доколку оваа тема била поставена претходно,ако е така тргнете ја.поздрав
 
Незнам мене Веб Дизајн ми е полесно, ама графичари се помалку!
 
Па Веб дизајн е гранка на графичкиот дизајн, неможете да споредувате исти работи. А Веб програмирање или графички дизајн се веќе два различни поими
 
Незнам мене Веб Дизајн ми е полесно, ама графичари се помалку!
Кој како сфаќа...може него ке му е полесно графички дизајн:icon_lol:убаво кажа декстерче неможе да споредувате исти работи...и баш дека ние графичарите сме помалку е подобро..веб дизајн фирми имаш колку сакаш...така да...
@deXterche знам за веб и графички дизајн али веб програмирање првпат слушам...што опфаќа тоа?ако не те мрзи да ми објасниш тука или по пп...поздрав:helou:
 
Па Веб дизајн е гранка на графичкиот дизајн, неможете да споредувате исти работи. А Веб програмирање или графички дизајн се веќе два различни поими

Па овој сигурно мисли на програмирање само сите така викаат!
 
Сакам да се запишам у александрија,па се мислам помеѓу овие две професии.И двете ми се допаѓаат само од една страна се плашам малку од програмирањето и тие гадни кодови кај веб дизајнот,а од друга страна пак графичкиот дизајн полека може и да замре по шо се настојува сега се да биде онлајн а и у печатница платите викаат дека биле ниски.Затоа се двоумам...Сакам да учам и работам многу па затоа прво сакам да си го одберам патот ко шо треба..
 
Сакам да добијам размислувања за позитивни и негативни страни на овие професии во Македонија.Каде има повеќе пари и перспектива?Се извинувам доколку оваа тема била поставена претходно,ако е така тргнете ја.поздрав


Графички дизајн ти е талент, или го имаш или го немаш.

Web design во Македонија се подразбира крадење на темплејти од Темплејт монстер и сите се дизајнери :pos2:
 
Графички дизајн ти е талент, или го имаш или го немаш.

Web design во Македонија се подразбира крадење на темплејти од Темплејт монстер и сите се дизајнери :pos2:

Ако го знаеш и разбираш графичкиот дизајн и ако си креативен многу лесно можеш да создадеш дизајн за веб страна. па дури и да ја нацрташ на лист и да ја сликаш има луѓе што ке ти ја програмираат да можеш да кликаш по неа...

Значи графички дизајн па се друго..
 
Јас би ти препорачал графички дизајн со можност ти да ја подготвуваш подготовката за печатење. Тука предизвиците се големи, работиш под рокови, имаш контакти со голем број на клиенти, динамичност, работи кои те тераат да одиш напред. Додека за веб дизајнот како што кажа тенеке, одат земаат Темплејт монстер и продаваат (лесна пара но ќе ја нема за некое време)
 
Јас работам како графички дизајнер (freelancer). Веќе подолго време неам фатено така сериозен проект оти веќе имам работа.

Е сега, искуства.

Кај нас лани и годинава почна да зема замав тоа со графичкиот дизајн. Особено кога дојдоа овие големиве фирми со рекламите по весници.

Потоа и самите весници почнаа да ставаат акцент на изгледот. Не е како порано веќе.

Сепак уште е во замав целата работа. Ако сакаш пари, биди добар freelancer, ако сакаш работа, вработи се во фирма.

Јас еднаш (пред 3 години) соработував со една фирма. Ме изгорија машки. Ми дадоа 2000 денари за дизајн на автобус (скопска 12-ка), а тарифирале (подоцна разбрав) 600-700 еур за тоа кај компанијата (со се лепење офкорс).

Има фирма што наплаќаат толку за плакат, а вработениот го плаќаат 18000 месечно. Не е фер. Така што, пазарот за ова занимање е млад. Нема многу дизајнери и не знам зошто на повеќето тоа им е комплицирано и е потребно МНОГУ нерви.

Ако имаш талент ќе уживаш во работата. Јас уживам тоа да го правам и знаам да се маткам 10 саати на дизајн а да ми поминат како 10 минути буквално.

www.deviantarts.com ти е одлично место за инспирација.

Плус има катаљон туторијали за разни ефекти по нет.
 
Од старт гледам дека непотребно мешате графички дизајн и печатење, веб дизајн и кодови ... тоа е исто како да мешате моден дизајн и шиење, или архитекрура или внатрешен дизајн и малтерисување.
Веб дизајнот не подразбира програмирање, туку изработка на визуелно решение за корисничка околина која ќе биде поставена на веб платформа ... програмерто ќе си го заврши програмирањето.
Графички дизајн подразбира изработка на визуелни решенија за печатење (претежно), веб, телевизија и сл. но крајот повторно ќе го одработи некој монтажер (графички или видео), веб дизајнер и сл.

Тоа што кај нас многу елементи се мешаат и се бара нешто од вработен кој не му е тоа работа тоа е сосема друго. Иако, морам да признаам дека ако дизајнерот има и други познавања решението сигурно ќе биде попрактично и поприменливо. На пример ако изработува дизајн за десктоп програма (што по типот на дизајн е многу сличен ... и во двата случаи има дизајн на UI) би било глупаво да се прават фенси агли на табели или воведни стартни анимации зошто тоа би изело многу време за развој со што би се намалила заработката. Истото кај веб на пример би било добредојдено за да се збогата (накинџури околината).

Така и графичкиот дизајнер не мора да се замара со тоа што е блид, тирм и сл., но пожелно е да ги знае и да ги применува за да неговите решенија не минуваат низ раце на техничар со што пак ќе ја намали цената на производство. DTP како дисциплина во основа не бара човек кој е графички дизајнер, туку човек кој со својата техника и брзина ќе ги задоволи барањата на графичкиот дизајнер но истовремено ќе ги задоволи и техничките спецификации и правила за подготовка кои ги дала печатницата.

Ок, незнам дали нешто постигнав со се ова, можеби само се завртев во круг ... поентата ми е ... во нашите училишта, на курсеви и сл. неможете да добиете применливо знаење ... нема да ве научат што е DTP туку само што е Photoshop, нема да ве научат што е разлика во дизајн и кои се ограничувањата на платформите ако дизајнирате за Flash, PHP, C, C++ или VB платформа.

ШКОЛО НЕ ... ТРЕНИНГ ДА ... вежбајте и работете дома, кај пријатели, или најдобро кај непријатели на почеток :)
 
Сепак пред да се жалиме на цената би требало и да го погледнеме понудениот квалитет кај нас. Навистина добри и креативни графички дизајнери во МК кои можат да понудат квалитет на светско ниво се екстремно малку така да и тоа треба да се земе во предвид кога се зборува за цената.

Најголем дел „пливаат“ во некој македонски просек кој од навистина квалитетен европски графички дизајн е светлосни години далеку.

Но дека и најголем дел македонски фирми не би платиле и да им понудиш врвен квалитет си е исто така факт кој не може да се негира.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom