Тука друже, можеби во некаква икс фајлс заговорска традиција можеш да забележиш како се применува тоа што се сервираше во Македонија на Европскиот континент. Бидејќи експериментот беше успешен, да го анализираме од една друга точка.
2001 година, во состојба на шок , се менува уставот на Р.М. , од каде што мнозинското население веќе не е единствен уставотворен народ, со што Грците се што треба да прават е да паднат Македонците под 50 проценти учество во севкупното население (за помалку од 2 децении) и името нема веќе да биде проблем. Значи, Грција победи во спорот за името уште во 2001 година, и ние можеме само да се шепркаме како пауни, но ништо тоа нема да ни помогне. Флеш форвард ту 2010 година.
Огромните буџетски минуси од овие земји, како Италија, Шпанија, Португалија и слично доаќаат од немањето единствена фискална и монетарна политика. Со други зборови, ЕУ не функционира како централизирана држава, туку по примерот на САД, секоја држава си има посебен буџет. И додека Калифорнија, Мисисипи и Орегон тонат во долгови тешки стотини милијарди долари, никој во САД не вика дека ќе се распадне САД. Поентата на паниката во ЕУ? Да се доведе централизираност и обединување на фискалната и монетарната
политика, со целосна контрола од Европската Централна Банка во Франкфурт.
Британија со својата најголема депресија во последните 50 години кога тогаш ќе се префрли на еврото, ако ништо друго само поради тоа што за неа тоа би значело поголема конкуретност во Еврозоната (фунтата е појака од еврото). Со оглед на тоа дека во уставот, овај пардон, Лисабонскиот договор кој влезе во сила во декември 2009 година, се дава за дозвола на Советот на ЕУ да прави Европска војска, да одлучува за распределба на надворешните инвестиции, како и за инвестициите на ЕУ во странски земји, и конечно со новите стратегии од Брисел каде има три типа на земји, земји кои се индустриски, земји кои произведуваат ресурси (струја, вода, храна ) и земји кои би биле некакви транспортни центри за ова да се извезува (Грција, Португалија и слично) очигледно е дека во нареднава деценија ќе се случи приспособување на еврото на пазарот, ЕУ ќе се централизира, и за помалку од 2 децении ќе имаме Соединети Европски Држави, сето тоа под превезот на економската депресија, заканите од војна и неонацизам плус исламски радикализам.
Долговите пак, можат да се репрограмираат, и воопшто да не се вратат, во крајна инстанца, САД има долг 12 трилиони долари па никој не го гори Вашингтон. Хаосот и кризата секако дека ќе бидат различни во земји во кои нема фашизам и луѓето се покултурни а не нацисти и бришачи на историја како Грците, но ќе бидат доволно за да се влучат алармите.
P.S. Послабо евро е подобро за извозот на ЕУ, а некако како баш тоа да им требаше. Кога еврото излезе, доларот беше 70-75 денари, еврото 60 денари. Тоа уште е 60 денари, но доларот е 40. Така да сега има меѓусебна игра на доларот, еврото и јенот, помеќу кои обезвреднувањето иде во бенефит на извозниците, во превод на САД не и одговара да ослабне еврото, а не на ЕУ. Ајде, наф сед, и доста со овие долгови, знаете ли дека ние имаме околу 900 милиони долари дефицит? :smir:
p.p.s