Градиме - ама за кого?

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување
Боже мили,ко бог знае колку да е тешко шишето во канта да го ставиш,или кутија цигари...ах бе прост народ бес култура :tapp:
 
Ама ми ја погодивте темата, значи ова е нешто што најмногу ме нервира во оваа наша напатена држава. Сето тоа ѓубре, нечистотија и вандализам по нашите градови. Ужасно ме иритира, овој народ е селачана без грам култура.

Еве пример, Кавадарци има, според многумина, еден од најубавите ако не и најубав градски парк во државата, и редовно обично еднаш годишно, а најчесто овој период пред Тиквешкиот гроздобер, се обновува и уредува со нови клупи и ново осветлување, арно ама нема да поминат ни две недели пола од клупите ќе бидат оштетени, а речиси сите светилки ќе бидат искршени па кој сака да го прошета паркот навечер мора да се движи во црни темици како во некоа шума а не во урбан парк. И тоа се повторува секоја година.

И никогаш не можам да си ја објаснам причината зошто такви морони го прават тоа, што им смета нова клупа, што им пречи светло навечер, ги срам ако ги види некој како се пијанчат во паркот. Сељачана.

И кога некој после ќе рече зошто не се градат повеќе паркови и зелени површини, и јас истото прашање ќе го поставам, ЗА КОГО?

А за (не)културата при фрлање ѓубре ич да не почнувам да кажувам.
 
Мене најмногу ме нервираат отпушоците од цигари и мастиките што се лепат по патики. Причина е тоа што народот очигледно е прост, па отпушоците и не се сметаат генерално за ѓубре и се фрлаат кај ќе се стигне...
 
тоа посебно кога ке ми се залепе на патика балетанка сандала попиздувам сто на сат....и го пцујам најмалку 30 мин дотичниот што ја фрли
 
Финтата е што истите овие ГОВЕДА се најпримерните граѓани кога ќе отидат во странство.
Зошто? Затоа што таму има казни, се е константно чисто и средено и едноставно не можеш да бидеш ВОЛ поради 2 главни причини: Страв и срам.
Ова ме потсете на една слика што ја видов на нет каде во едно монденско летувалиште во Мексико имаше вака расфрлени отпадоци а ги имаа направено Англиски туристи ,и авторот на сликата баш истото го прашуваше дали истите тие Англичани исто вака го расфрлаат својот отпад и во Англија или само тука во Мексико
 
Водката е мирна само додека е во шише чичко Анчо како велат... не е за нас нешто ново , немаме менталитет за да зачуваме некое добро барем година дена.
 
Domasnoto vospituvanje e mnogu bitno....kako moze edno dete da e vospitano,ako zivee vo nevospitana sredina....cest na isklucoci :tapp:
 
Анчо, ова се неваспитани деца.
Така да, пази шо праиш со своите.
 
Domasnoto vospituvanje e mnogu bitno....kako moze edno dete da e vospitano,ako zivee vo nevospitana sredina....cest na isklucoci :tapp:

Немора да значи. Чикаго и Њујорк се градови со по 10мил+ табиети, и јебига како се справуваат ?? Вработуваат многу чистачи кои цело време шетаат и чистат по секое ќоше .. Неможеш бре да очекуваш култура кога останува неисчистено 1 година. Друго е кога ќе видиш чисто, нема да фрлиш, али вака депонија, ќе си речеш ај бе да ти ебам од мене не е ѓубриштево, едно плус, а било, а небило ...
 
ja имам добро решение .... да увеземе Јапонци ...... сум бил во Токио ..... луѓето така пазат на ред , почитот им е примарност ..... видиш мравка .... get off my way bitch ситуација ти се случува ..... се случи Фукушима ?! не се како Украинците да ти тепа време а радијација си тече ..... они секој ден земјотреси ,патишта лом , до детал асфалт пукнатина да нема ..... сум видел и во Берлин ... исто гомно е и како кај нас ... мислиш Германци,чиста дисциплина ..... ма јок бе ..... на источната страна од градот оди , Шутка копи пејст ти е местото .... така да само Јапонија ти е Марс за планетава Земја ..... нека увезе Грујо и Јапонци ..... workout рутини да има наместо тешки казни ехехе :ROFLMAO:
 
Домашното воспитание, но и драконските казни може многу да придонесат да се подбри тситуацијата.
Но исто така и реорганизацијата во комуналните претпријатииа.
Тие уште имаат по 5 директора, 6 секретарки, а на секој работник има 3 шефа.
И затоа секој декември се изненадени од снегот.
 
Добро толку ли е тешко тие шишиња, алкохоли, чипсови на сликата што се да ги зберат тие што си ги јаделе/пиеле и да ги фрлат во една канта ?

Толку ли е тешко?
Толку ли е тешко?
Толку ли е тешко?
Толку ли е тешко?

Picture 587.jpgеве,ЕВЕ,ЕВЕ корпа.......
ама за кого, за нелуѓе - с.......ри
Овој парк е единствен изграден на таков начин, подигнат е некако од нивото
на некои делови,има ридчиња и видиковци и летниковци и детско катче.
Целиот парк е со клупи и маси но нешто невообичаено е ова за парковите,
целиот е затворен-обиколен со МЕРМЕР 1 класа.Мермерен ѕид од сите 4 страни како ограда и има само еден главен влез.А навечер е сега бев таму и мора да ви пратам некоја слика,тоа е некоја милина мислиш си во ПАРИЗ.
Ама за кого,уште со коњи што не влегле внатре тоа жителите-граѓаните од најпознатото македонско село (кој рече и вмровско).
А жителите се знае кој се,и од каде се, но да не ја тупам со тоа сега.
--- надополнето: 1 септември 2013 во 20:18 ---
Добро толку ли е тешко тие шишиња, алкохоли, чипсови на сликата што се да ги зберат тие што си ги јаделе/пиеле и да ги фрлат во една канта ?

Толку ли е тешко?
Толку ли е тешко?
Толку ли е тешко?
Толку ли е тешко?

Picture 587.jpgеве,ЕВЕ,ЕВЕ корпа.......
ама за кого, за нелуѓе - с.......ри
Овој парк е единствен изграден на таков начин, подигнат е некако од нивото
на некои делови,има ридчиња и видиковци и летниковци и детско катче.
Целиот парк е со клупи и маси но нешто невообичаено е ова за парковите,
целиот е затворен-обиколен со МЕРМЕР 1 класа.Мермерен ѕид од сите 4 страни како ограда и има само еден главен влез.А навечер е сега бев таму и мора да ви пратам некоја слика,тоа е некоја милина мислиш си во ПАРИЗ.
Ама за кого,уште со коњи што не влегле внатре тоа жителите-граѓаните од најпознатото македонско село (кој рече и вмровско).
А жителите се знае кој се,и од каде се, но да не ја тупам со тоа сега.(изгледа паркот се уште не е званично пуштен, и сигурно ќе го средат за тој ден кога ќе дојде Грујо и Коце со маказите)Местото се вика БАНОВИНА на источниот дел од градот. ( 7а - 7б )
--- надополнето: 1 септември 2013 во 20:37 ---
Picture 583.jpg...Picture 585.jpg...Picture 586.jpg
Еве денес на Велешко езеро, секаде македончето си ја покажува културата
иако има неколку големи контејнери во близина АМА ПРАЗНИ ЗЈАПААТ...
закачалки - закачи на дрво и бришка за Којник,Прцорек,Тунел,Вилазора и др.
 
Никогаш не сум можел да ги сварам дебилите што пијат и се пијанчат по паркови, клупи, улици, на било кое јавно место што не е ресторан, кафиќ, кафана или слично. На толку места каде можеш да седнеш како господин, да се најадеш, напиеш, развеселиш со жива музика итн. ама не, овде има многу паметна младина која пие по клупи и во паркови каде шетаат луѓе кои сакаат да уживаат во убавините и со своите најблиски. Пред 2 недели се среќавам со пријател од Шкотска кој беше во посета на Македонија по незнам кој пат и ме прашува зошто младите тука пијат толку многу и кај ќе најдат а не по клубови, ресторани и слични места. Незнаев што да му одговорам, па му реков само дека тоа се ретки исклучоци и дека повеќето млади не се такви. А уствари реалноста е дека 90% од младите се пијандури кои се опиваат од две чаши ракија или две пива и после прават глупости кај ќе стигнат.

Ех, оваа моја чудесна земја...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom