Говор на омраза на интернет

  • Креатор на темата Креатор на темата Messanger
  • Време на започнување Време на започнување
Интернетот и интернет-лаењето е многу бенигна работа и тоа нејзино големо влијание е многу реценето и пренадувано од неспособните власти.
Најлесно е да кажеш, “ децата се степале во автобус пошто така чуле на социјалните мрежи ’’ наместо да влезеш во коренот на проблемите. На социјалните мрежи се слушаат и триста илјади други работи, па ете не се случуваат надвор.
Тие бајки за некои си твитер револуции во Арапската пролет и Турција исто така за курац не вредат, се знае кој организира пучови и војни, да беа фактор за општествени промени штиљави, неухранети, полово-збунети хипици до сеа Менада ќе беше Влада а Ла Кања собрание.
Напротив, ако нешто успеа интернетот да му направи на светот, е пасивизирање, т.е фино лепо ќе си се испљукаш на интернет ќе ти помине.

Иначе, за работа во државна институција не се секирај, во златните времиња кога на форумов се дискутираше полтика, најјаките битки се водеа во работно време. :icon_lol: .
Ако те аминувале да влезеш ти курот клати го на интернет ако сакаш, влезен си.
 
Последно уредено:
Со темава немам за цел да информирам за говор на омраза на интернет туку да се информирм лично. Сите намерно или не на социјалните мрежи знаеме да искажеме нешто недолично. Национализам, статуси и коментари за срби, бугари, грци, национал-шовинистички текстов по блогови и слично. Еден разговор со познаник ме остави со прашалник за тоа дека држвните служби вршат надзор над овие „пропагандни" содржини и притоа создавале досиеја за личности кои го прават тоа што горе го напишав. Иако вака просто го објаснив оној кој е запознаен верувам знае за што станува збор и ќе одговори. Дали државните институции вршат надзор за овие содржини и прават досјеа за овие личности и може да влијаат при вработување во државни институции? Не само за јас да знам за ова, туку и за да дознаеме нешто повеќе.

Благодарам.

Се разбира дека се следи. Шо си мислите вие, ако си ставите ник никој нема да ве познае?

Еве го членот од законот:

Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем

(1) Тој што преку компјутерски систем во јавноста шири расистички и ксенофобичен пишан материјал, слика или друга репрезентација на идеја или теорија која помага, промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз основа на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, други видови уверувања, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална или телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, или на која било друга основа предвидена со закон или со ратификуван меѓународен договор, ќе се казни со затвор од една до пет години.

(2) Со казната од ставот (1) на овој член ќе се казни и тој што делото ќе го стори преку други средства за јавно информирање.
(3) Тој што делото од ставовите (1) и (2) на овој член го врши со злоупотреба на положбата или на овластувањето или ако поради тие дела дошло до безредие и насилства спрема луѓе или до имотна штета од големи размери, ќе се казни со затвор од една до десет години.
 
Не сум имал проблеми со било каква содржина објавен на интернет, повеќе е важно колку тие што следат предземаа мерки за спречување за ширењето на таквата содржини, секако дека нема да се следи се и сешто и за се да се реагира. Не сум слушнал за интервенирањенза такво нешто затоа свесно или не може сами да си наштетиме/м. Ако постои индиректна „казна", досје на пример која ќе чува податоци и ќе може да направи проблем за во иднина не е мала работа, затоа е важно да знаеме колку оваа служба функционира и што има за цел.
 
Последно уредено:
Sekako deka sledat..ne znam kako no imaat nekoj si sistem koga kje napishesh oderedeni zborovi vednash pregleduvaat shto se si pishuval,kolku e tochno ova ne znam,taka da ako gresham slobodno nekoj neka me popravi.
 
Чим мене не ме спаковаа до сега,по толку јавни критики до Врвот, ич не берете гајле - значи не ги читаат постовите ни трите слики,
или пак толку им сече,па не ги разбираат,или се презафатени со чекори и дела, или јас не сум им драг или пак се срамат да ме апсат.
 
Дека шпионирањето постои, постои. Но ако напишеш бомба или Осама Бин Ладен на фејсбук, сигурно нема да земат и цел имбокс да ти го излистаат. Па знаете ли колку луѓе пишуваат такви "опасни" зборови на фејсбук, ако земат сите да ги проверуваат ќе им треба служба од 10 000 луѓе само за Македонија :D
A дека можат да прават којзнае какво филтрирање, па автоматски според тоа што си го пишувал да дојдат до некој заклучок и тоа реално тешко. Така да единствено што знаеме е дека податоците некаде се чуваат и на одредена пријава тие се отвараат и проверуваат. Значи ако како што рече некој погоре "Ви се јават дома и ви речат да го избришете статусот", тоа не значи дека некој badass алгоритам ви ја сфатил намерата, туку дека некој од вашите скапоцени friends/followers или што ти ја знам фино лепо ве пријавил.
 
Нека се прашаат сопствениците на форумот шо е нивни , ни заштитено од лични податоци ни ништо,другар мој кој превезувал такси,патници од Скопје Солун , пишал дека шо прави како прави , му дошло закана утредента ,се пожалил кај главниве на форумов ,они со одговор дека не е така и го банираа после на форумов, аксес забранет ,значи искрено до сите предупредување , еден мој совет , не оставајте лични работи на форумот , дистанцирајте се од тука ,случајно ја забележав темата и сакав да ви објаснам , ни заштитено од страна на модераториве ни ништо , не е безбеден форумот
За тоа може само администраторите да одговараат. Инаку ова е јавен форум ако он оставил лични податоци што може да очекува?

П.С Ништо на интернет не е сигурно, а поголемиот проблем е минималната или никаквата инфомираност на обичниот корисник за сигурност на интернет. Конкретно пример ако пробаш да им објасниш нешто на такви индивидуи за луд ќе те сметаат.[DOUBLEPOST=1400859849][/DOUBLEPOST]
Дека шпионирањето постои, постои. Но ако напишеш бомба или Осама Бин Ладен на фејсбук, сигурно нема да земат и цел имбокс да ти го излистаат. Па знаете ли колку луѓе пишуваат такви "опасни" зборови на фејсбук, ако земат сите да ги проверуваат ќе им треба служба од 10 000 луѓе само за Македонија :D
A дека можат да прават којзнае какво филтрирање, па автоматски според тоа што си го пишувал да дојдат до некој заклучок и тоа реално тешко. Така да единствено што знаеме е дека податоците некаде се чуваат и на одредена пријава тие се отвараат и проверуваат. Значи ако како што рече некој погоре "Ви се јават дома и ви речат да го избришете статусот", тоа не значи дека некој badass алгоритам ви ја сфатил намерата, туку дека некој од вашите скапоцени friends/followers или што ти ја знам фино лепо ве пријавил.

Не биди смешен друже денес се компјутерски работи замина тоа време. Имаш податоци, мета податоци, вештачки интелегенции итн итн.

Имаш цел софтвер за таа намена и е многу посложен отколку само светкање кога ќе се појави одреден збор. Инаку ова за Америка е кај нас чисто сумњам толку да се
напредни, а и не знам јазикот колку би можел бариера да бите за посложените задачи.

П.С Еве дека Америве не се заебаваат

http://www.wired.com/2012/03/ff_nsadatacenter/all/
 
Последно уредено:
За тоа може само администраторите да одговараат. Инаку ова е јавен форум ако он оставил лични податоци што може да очекува?

П.С Ништо на интернет не е сигурно, а поголемиот проблем е минималната или никаквата инфомираност на обичниот корисник за сигурност на интернет. Конкретно пример ако пробаш да им објасниш нешто на такви индивидуи за луд ќе те сметаат.[DOUBLEPOST=1400859849][/DOUBLEPOST]

Не биди смешен друже денес се компјутерски работи замина тоа време. Имаш податоци, мета податоци, вештачки интелегенции итн итн.

Имаш цел софтвер за таа намена и е многу посложен отколку само светкање кога ќе се појави одреден збор. Инаку ова за Америка е кај нас чисто сумњам толку да се
напредни, а и не знам јазикот колку би можел бариера да бите за посложените задачи.

П.С Еве дека Америве не се заебаваат

http://www.wired.com/2012/03/ff_nsadatacenter/all/
Па сега освен ако не постојат огромни напредоци кои не ни се познати, дури ни вештачката интелигенција не напреднала толку многу за може толку добро да го обработува јазикот во таква смисла што ќе може да го "разбере" значењето на зборовите. Значи реално се се сведува на препознавање на патерни, кои честопати можат да бидат грешни. Реално машините се далеку послаби во тоа поле од луѓето. Ако тој софтвер беше толку добар, светов денес ќе беше доста поразличен....
 
А бе у мала земја како Македонија како да е проблем да дознаеш кој какви ставови има. Овде на форумот доволно е да видиш кој каков ник и аватар има, па многу работи ти се одма јасни. Прочитај неколку мислења и знаеш со кого си имаш работа.
 
Пред некое време имаше еден член што јавно си кажа дека е следен форумов. Лицето беше полицаец. Не знам кој му беше никот, но сигурен сум дека постарите членови се сеќаваат.

Е сега, за глупости како оној примерот за такси до Солун, не ти треба којзнае каков софтвер. Членот што зборува за "неговиот пријател" (кхмм, сигурно), е една од поглупите причини за користење програми и луѓе за шпиунирање. Дечкото бил доволно глуп да дава телефонски број на секој за такси превоз и нормално дека го фатиле. Обичен полицаец од улица може да дознае вакви информации.
Е сега зошто вината ја префрла на форумската администрација, тоа не знам.

Друга работа, зар при толку регистриран народ на форумов мислите дека нема ни еден полицаец што онака од хоби си чита и пишува? Мислите дека ако примети некој заговор за вршење тероризам, нема да пријави? Исто така и многу други членови можат да пријават нешто слично.

Мислам дека едно време имаше и приведени едни што пишуваа теми и tutorial за правење бомби во домашни услови.
 
Па сега освен ако не постојат огромни напредоци кои не ни се познати, дури ни вештачката интелигенција не напреднала толку многу за може толку добро да го обработува јазикот во таква смисла што ќе може да го "разбере" значењето на зборовите. Значи реално се се сведува на препознавање на патерни, кои честопати можат да бидат грешни. Реално машините се далеку послаби во тоа поле од луѓето. Ако тој софтвер беше толку добар, светов денес ќе беше доста поразличен....

Не зборам за размислување иако и на тоа поле има напредок. Постојат како што ги нарекуваш патерни и шеми на база на историја на криминал и психолошки профили и машините само ги копираат овие. Како пример можеш да ги земеш сериите како Криминални умови така и тука спојува патерни и реченици во профил и има црвени знаменциња со тоа човечкиот фактор е минимален.

Муабетот ми беше има посложени алгоритми од само тагирање зборови на пример „убиј“ „Обама“.[DOUBLEPOST=1400869005][/DOUBLEPOST]П.С Еве едно информативно видео
http://www.ted.com/talks/malte_spitz_your_phone_company_is_watching

Типот дтка малку ама вреди да се изгледа најмалку двапати. Има и превод на повеќе јазици ама не македонски.
 
Топ видео, препорачувам на сите да го изгледаат. Редно е луѓето да почнат да ја гледаат оваа дигитална ера од малце поинаков аспект.
Сега да се вратам на дискусијата. Точно е дека такви работи какви што ги набројуваш постојат, но нивната имплементација, препознавањето на ненакви си шеми за препознавање на психолошки профили се навистина обемни и тешки за програмирање. Прво самите психолошки профили на луѓе кои се занимаваат со некаква одредена дејност варираат во однос на личноста. Потеклото на личноста, неговиот степен на образование, религија итн. прават две личности кои навидувам се занимаваат со иста "дејност" да имаат целосно различно однесување. Поради тоа работата на таквите алгоритми кои имаат за цел да прават некое си класифицирање е доста отежнета. Некогаш и поради некоја ситна разлика, може да направат сосема погрешна проценка. Јебига, компјутерите немаат common sense.
Е сега, веројатноста дека во Македонија користат некои вакви работи е еднаква на 0. Се знае дека кај нас се шпионира само на една основа = партиска.
 
Се разбира дека се следи. Шо си мислите вие, ако си ставите ник никој нема да ве познае?

Еве го членот од законот:

Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем

(1) Тој што преку компјутерски систем во јавноста шири расистички и ксенофобичен пишан материјал, слика или друга репрезентација на идеја или теорија која помага, промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз основа на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, други видови уверувања, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална или телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, или на која било друга основа предвидена со закон или со ратификуван меѓународен договор, ќе се казни со затвор од една до пет години.

(2) Со казната од ставот (1) на овој член ќе се казни и тој што делото ќе го стори преку други средства за јавно информирање.
(3) Тој што делото од ставовите (1) и (2) на овој член го врши со злоупотреба на положбата или на овластувањето или ако поради тие дела дошло до безредие и насилства спрема луѓе или до имотна штета од големи размери, ќе се казни со затвор од една до десет години.
Опа пола Кајгана оди во Идризово 1-5 години. Па ќе треба да отворат форум затворенички. Со теми. Што ако ти падне сапунчето? За кутија цигари давам? Како да си ја уредите келијата? Пораки од управникот? Како да ископам тунел со лажица?
 
Топ видео, препорачувам на сите да го изгледаат. Редно е луѓето да почнат да ја гледаат оваа дигитална ера од малце поинаков аспект.
Сега да се вратам на дискусијата. Точно е дека такви работи какви што ги набројуваш постојат, но нивната имплементација, препознавањето на ненакви си шеми за препознавање на психолошки профили се навистина обемни и тешки за програмирање. Прво самите психолошки профили на луѓе кои се занимаваат со некаква одредена дејност варираат во однос на личноста. Потеклото на личноста, неговиот степен на образование, религија итн. прават две личности кои навидувам се занимаваат со иста "дејност" да имаат целосно различно однесување. Поради тоа работата на таквите алгоритми кои имаат за цел да прават некое си класифицирање е доста отежнета. Некогаш и поради некоја ситна разлика, може да направат сосема погрешна проценка. Јебига, компјутерите немаат common sense.
Е сега, веројатноста дека во Македонија користат некои вакви работи е еднаква на 0. Се знае дека кај нас се шпионира само на една основа = партиска.

Тоа да и Америве со сето шпионирање не успеале да го сопрат пример бомбирањето во Бостон. И на мене муабетот ми беше дека ваквата технологија во глобала може повеќе штета од добро да нанесе. Тие што прават што не треба се информираат како да се заштитат, а обичниот човек е ранлив на масовното набљудување.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom