Готови готвени јадења

I just saw сарма со лозов лист.
Ќе умрам :(

Он:
Купувам готови јадења кога нема кој да ми зготви. Сите мои обиди за правење ручек завршиле катастрофално. Убаво велат, за готвење треба љубов.
Ништо не е поубаво од домашното зготвено (мислам кај мене дома, може кај некој друг дома да не ми е убаво), зошто имам некој што вистински се посветува од секоја обична манџа специјалитет да направи.

Тешко ми е кога треба да фукнам некоја нездрава сума на пари за тавче гравче, ама пре би тоа, него Кинг Бургер (или било кој бургер).
 
Во Струмица, веке скоро пола година имаме ресторант за само исхрана, и таму си зимаш готови готвени јадења... Има малку смешно име "Лајк" :)
Многу го сакам, посебно поради затоа што еден ручек ме чини цели 35 денари :)
Зелка салата - 15 денари
Пире - 20 денари

Кога го отворија оваа место, за прв пат бев искрено среќна и имав корист од тоа што сум вегетарианец :)

Каде е ова? Мачам душа и јас веган да бидам во државава, можеби имаат овие нешто за мене.
 
Се случува некогаш да сум до 100 на работа и да немам зготвено ручек претходниот ден. Најчесто ме спасуваат готовите јадења на Карнекс.
Кога бев стационирана во центар, со колешката на пауза одевме во тоа место спроти музичкото училиште Илија Николовски - Луј, позади Комерцијална Банка. Е таму е навистина убаво, порциите се големи а ефтини и мене што најмногу ми се допадна, имаат големи порции салати.
Во ГТЦ, на третиот кат исто има едно, еднаш сме јаделе, но како што се сеќавам беше прилично скапо.
И во „Шеф“ мене ми е скапо, плус нема место да седнеш, единствено само за носење.
 
Каде е ова? Мачам душа и јас веган да бидам во државава, можеби имаат овие нешто за мене.

Ох, Струмица. :)

20 денара шпагети.
20 денара пире.
20 денара пресован компир.
15 денара зелка салата. (имат и други салати, ама има шунка во нив :()
10 денара лебче.
Раат :)
 
Дали знајт некој кај имат готвени јадења во Скопјево, во центар, во реонов околу Грчка амбасада? Веро испаѓат таму само ориз и грав имат секој ден.
 
Дали знајт некој кај имат готвени јадења во Скопјево, во центар, во реонов околу Грчка амбасада? Веро испаѓат таму само ориз и грав имат секој ден.
Во Тинекс, СП - Маркет, Гала кујна, Веро, Капиштец - спроти Зебра има едно местенце за готови јадења ама не знам како се вика :confused:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom