Гостинска карта

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.117
Жителите на општината Центар или фирмите, сега ќе може да купат припејд-картичка за паркирање со која жителите и фирмите ќе плаќаат за своите гости и клиенти. Овие картички ќе се нарекуваат „Гостинска карта“ и „Бизнис гостинска карта“.:pos:

Гостинската карта ќе чини од 100 до 300 денари, а со неа гостите ќе добијат од 5 до 300 часа месечно. Со картичката може да се плати за повеќе паркирани автомобили истовремено и часовите кои ќе останат неискористени ќе може да се префрлат во следниот месец.
И за Гостинската и за Бизнис гостинската картичка обврската е иста - на бројот 072/251-251 сопствениците на картичката да го пријават паркирањето на нивните гости.
Бизнис гостинската карта подразбира фирмата, ресторанот или дуќанот да има М-карта. 35 денари ќе чини еден час паркирање за клиентот во првата зона, додека во втората зона паркирањето ќе чини 25 денари.
http://www.kurir.mk/republika/skopje/107033-Besplatno-parkiranje-od--1-cas-vo-Centar

Пешки ќе си одите сега по гости- да не ги ставате во арч домаќините па да мораат да купуваат и карта за да ве поканат на гости:icon_mrgr:


промоцијата на Паркинзи на Општина Центар, која се одржа во кафе „Тренд“.http://zurnal.mk/content.asp?id=201339193149
:pos: ја претставија гостинската и бизнис гостинска карта под мотото:eek: „СЕГА ЗА ПРВ ПАТ, ПОВИКАЈ ГОСТИН И УЖИВАЈ! ПРИЈАТЕЛИТЕ ПРЕД СЕ!!!

Има 4 пакети, а станарите си го одбираат пакетот кој најмногу им одговара:
Пакет од 5ч месечно 100ден
Пакет од 10ч месечно 150ден
Пакет од 20ч месечно 250ден
Пакет од 30ч месечно 300ден
Гостинска карта се активира многу едноставно, со едно јавување на телефонскиот број 072 251 251.
Како се користи гостинската карта?
Пред доаѓањето на Вашиот гостин кој доаѓа со свое возило, Вие се јавувате во call-center-от на ЈП ПОЦ на бројот 072/251-251, го кажувате регистарскиот број на возилото на Вашиот гостин и времето на неговото задржување.
Гостинската карта може да се користи за повеќе возила во исто време.
ЈП ПОЦ промотивно во месец март, им подарува на станарите, корисници на услугите на ЈП Паркинзи на Општина Центар , пакет од 30ч
Со оваа гостинска карта, сите жители на Општина Центар промотивно во месец март, можат на своите гости, да им овозможат бесплатно паркирање во времетраење од 30 часа.
Бизнис гостинската карта е наменета за сите сопственици на ресторани ,кафеани, хотели, фризерски салони, козметички студија, берберници, адвокатски канцеларии, фирми т.е правни субјекти во Центар.
За активација на бизнис гостинската карта , станарот треба да поседува М-карта. Во Зона 1 час паркирање изнесува 35денара во Зона 2 , 1час паркирање изнесува 25денари, а секоја десетта активација е ГРАТИС!!!
Бизнис гостинска карта се активира многу едноставно, со едно јавување на телефонскиот број 072 251 251.
Првите 10 активации на Бизнис гостинската карта се гратис, промотивно во месец март.
ЈП Паркинзи на Општина Центар објави дека од сега па натаму, корисниците на ЈП ПОЦ ќе можат, наместо само 10минути, да се задружуваат 1час бесплатно на сите нивни паркиралишта.
Претријатието подели и 20 М-карти гратис по случаен избор, на присутните на овој настан.
 
Колку ние средена државата овие картички почнаја за паркинг да дават, бравос.
 
Мое ново Хоби: собирам искористени-поминати гостински карти.
 
Мое ново Хоби: собирам искористени-поминати гостински карти.

Ако имаш дупликати кажи да се мењаме :)

он: Што доколку планирам да одам на гости кај некого во Центар , притоа он платил за мене 300 часа паркинг, а јас му отидам само еднаш во месецот на пола саат и ради Х причина неможам да го видам истиот пријател повторно тој месец? Пропаѓа ли картата за тој месец? И џабе фрлени пари , а и на пример да ми треба паркинг а нема слободно место најблизу ќе треба да се чешкам меѓу роговите. Проста раја бе не ми се верува алал да им е што све нема да им текне. Пак ќе кажам ова зонсково е само ради богатење и перење пари ништо друго.
 
Back
На врв Bottom