А ти мислеше дека јас почнав да ги мразам жените само заради оваа со една ганглија под черепот?
Не треба неа да ја мразиш, треба да ја сожалиш.
Ама не е тоа маката, секогаш имало и ќе ги има.
Друго е проблемот, што народот едвај чека нешто вакво да излези па да имаат нешто паметно да кажат. Да не речам се палат на тоа и го сметаат врв на случувањата по интересност.
Кој побрзо пренеси тој е поголем фраер или шизик.
Ама ајде една ваква хипотетичка ситуација да предвидиме.
Ти најнормално како секој човек имаш ФБ профил и слики на истиот од тебе каде на плажа каде во купатило или сеедно.
И сега што ако на некој му текни ете сте се замериле или едноставно некоја те мрази и си отвори свој профил со твоите слики или ете на ваква слична страна како оваа отвори во твое име профил и одговара во твое име, па уште и си изнесува сочни пикантерии се разбирра измислени.
Ти дури да спречиш или да докажиш дека не си ти ти и дека некој ти прави местенка, излезе работата од контрола.
А со ваква популарност на такви дешавки и брзото ширење на истите приказната многу брзо би се раширила и твојот имиџ или репутација ке биди неповратно извалкана.
И сега уште мислиш дека на такво нешто би се израдувала посебно ако се работи за твојата кожа?
Значи не се работи тука за некоја таму што си снимила клипче каде се глупира на истото, туку брзото ширење и популарноста што го имаат тие исти клипчиња или вести сеедно и реакцијата што ја добиваат меѓу популацијата посебно кај младите.