Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 29.084
- Поени од реакции
- 62.205
A1 ја почна кампањата против Иванов, во нивниот добро познат потценувачки стил:
Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов ја стартуваше кампањата. Во придружба на својата сопруга, возен во партиски автомобил и чуван од телохранителите на ВМРО-ДПМНЕ, ги посети поглаварите на МПЦ г.г. Стефан и на Исламската верска заедница - Сулејман Реџепи.
Вели средбите биле протоколарни. Списокот за посети бил подолг. На него биле значајни актери и фактори во државата, бидејќи кога ќе почнела кампањата, вели тој ќе немало време за средби со институции и поединци.
„Се обидувам да бидам човек кој ќе ги обедини и другите, не само партиските интереси“, изјави Ѓорѓе Иванов.
Велите дека се обидувате да ги обедините сите, но ги користите привилегиите на партијата?
„Процедурата е таква, за да добиете кандидатура треба да го поминете редот низ партијата. Јас тој го поминав и со чинот на Конвенцијата, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, влегувам во претседателската трка, меѓутоа јас не сум член на партијата и се обидувам тоа да го покажам, а тоа што е протокол и процедура и вообичаено во сите светски демократии, е вообичаено и го почитувам“, рече Ѓорѓе Иванов.
Иванов непартиски определените гласачи ќе ги освојувал со неговата личност и досегашните постигнувања.
„Тоа што сум јас, мојата личност, мојот пат до ова што сум стигнал и мојот контакт што сум го имал отсекогаш со луѓето и оние вредности на кои ме воспитувале и што се обидувам да ги пренесам, и на студентите и на моите блиски“, вели Иванов.
Главниот мотив за универзитетскиот професор Иванов да се кандидира за претседател на државата бил европеизација на земјата...
Вакви идиотски прашања и забелешки од типот на колата со која се возел и слично, се очекуваат и во текот на кампањата. Очекувам и понатаму текстовите да бидат пишувани во стилот: ќе имало, ќе немало, било и не било, потценувачки, за да се фрли сомнеж врз се она што ќе изјави човекот.
За споредба, еве како изгледа и како ќе изгледаат вестите за кандидатот Фрчковски:
Професорот Љубомир Данаилов Фрчкоски и официјално е кандидатот на СДСМ за претстојните претседателски избори. Вака, на вечерашната конвенција, едногласно одлучија 700 партиски делегати.
Ова решение и претходно го донесе Извршниот одбор на партијата, а делегатите со јавно гласање само да го формализираа.
Фрчкоски ја прифатил кандидатурата како натпартиски човек.
„Македонците не заслужуваат да се понижуваат, нивните со мака изборени демократски институции, во нив да се предлагаат клонови, слуги, послушници на партиските шефови. Треба да го запреме одот на Македонија кон еднопартиска диктатура“, рече Фрчкоски во обраќањето пред делегатите.
„Кога веќе господинот Никола Груевски избра партиски послушник и се определи за концепт на политичка конфронтација, ние имаме намера да ја поразиме оваа штетна, неодговорна и изолациона политика на владејачката партија“, изјави Зоран Заев, в.д. претседател на СДСМ.
„Ние ќе поддржиме концепт и кандидат за политичка борба“, додаде Заев.
Зад кандидатурата на Фрчкоски засега застана само НСДП. ЛДП останува на идејата Нано Ружин да биде нивни кандидат.
Во секој случај, Заев упати апел до сите партии, граѓански здруженија и интелектуалци да го поддржат (поддржеле???) нивниот предлог.
Фрчкоски на вистински начин ќе ја промовира(л) Македонија надвор, ќе работи(ел) вистински посветено на меѓуетничките односи.
Според Заев и Петковски, тој е човекот кој секојдневно се бори(ел) за демократијата, а против тоталитаризмот и авторитарното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
„Не како некои интелектуалци коишто фино седат во удобни фотелји, медитираат и прават анализи на минатото“, рече Тито Петковски, НСДП.
„Господинот Фрчкоски учествуваше во проектирањето на иднината на државата, а учествуваше и во градењето, партиципирајќи во извршната власт, во владите на Република Македонија“, додаде Петковски.
Конвенцијата на СДСМ вечерва треба да ја потврди и одлуката Петковски да биде опозициски кандидат за градоначалник на здружената опозиција.
Нема тука многу борел, поддржел и промовирал, лево-десно, трте-мрте. Се си е дирекно и на прва, тоа ќе прави човекот и да им е јасно на сите. Нема никакво сомневање во неговите намери и се разбира нема да има, како што нема да има ни глупави или непријатни прашања.
И за ваквиот начин на “тивка“ кампања, А1 заслужува 10ка. Сител од друга страна, ќе тргне на ура, во нивниот познат ударнички стил. Очекувам интересна пресметка помеѓу двете “независни“ телевизии.