Ѓорге Иванов за Париски „Ле Монд”

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Дозволете и на Македонија да се интегрира во ЕУ

Париски „Ле Монд”, еден од највлијателните весници во европската и светската политичка јавност, во бројот од 14 април 2010 година го објави авторскиот текст на претседателот Ѓорге Иванов под наслов „Дозволете и на Македонија да се интегрира во Европската унија“, информира кабинетот на шефот на државата.

Во текстот, претседателот Иванов се повикува на историските традиции на татковците на Европа: Жан Моне, Роберт Шуман и Конрад Аденауер кои со своите визии ги избришаа европските граници, и преку анализа повикува на бришење на балканските граници и целосно обединување на европскиот континент.

Претседателот Иванов ја анализира европската историја низ вековите, низ призмата на националниот македонски идентитет, кој што со својата интеграција во Европа ја приклучува и целокупната историја на својата култура и цивилизациско наследство, како и нејзиниот мултиетнички карактер и модел на соживот на сите етнички заедници, за да стане дел на европските вредности на меѓусебното разбирање на до вчера, спротивставените историски погледи меѓу народите на Балканскиот Полуостров, со визијата „Европа нашиот заеднички дом”.

На воведно место во едиторијалните страници на “Ле Монд”, каде свои текстови објавува целата светска интелектуална политичка елита ова е прв пат да биде објавен текст на еден македонски претседател. Во текстот претседателот Иванов ја изнесува својата визија за ”Pax Europeana”.

Во него, и од историски и од аспект на индивидуалните права на секој граѓанин на Република Македонија, теориски се презентирани искуствата на последните два милениуми на Балканската историја, искуствата од Pax Romana” и ”Pax Otomana”. Со новиот ”Pax Europeana” низ геслото: “Да се гради Европа значи да се гради мир“ ќе се оствари сонот на сите Балкански народи за идниот влез во европското семејство, заклучува Претседателот Иванов.

Во едиторијалот, претседателот на Република Македонија ја пласира историската логика на блокадите и ветото во интегративните процеси, при што е цитирана мислата на Жан Моне, модерниот татко на Европа, во која се вели: “Ветото е длабока причина, а истовремено и симбол на немоќта да се надминат националните егоизми и најчесто е израз на најдлабоки и безусловни блокади“.

Ако логиката на вето се применува како принцип на дејствување на ЕУ, тогаш може да се очекуваат уште недоброј вета и никогаш да не се дојде до реализација на историскиот сон на Балканските народи, истакнува претседателот Иванов.

На крајот, цитирана е мислата на големиот француски писател Жак Лакариер искажана во 2003 година, на бреговите на Преспанското Езеро и тоа на трите јазици на езерото, која гласи: “Ние можеби имаме илјадници вчера но имаме едно исто заедничко утре. Тоа се вика Европа“.

http://sitel.com.mk/node/13001

A eve go i orginalniot tekst:

http://www.lemonde.fr/opinions/arti...-l-europe-par-georgi-ivanov_1332925_3232.html


Ete zosto e dobro koga pretsedatelskata funkcija ja izvrsuva intelektualec.
 
Дефинитивно се ова ставовите на Иванов и по начинот на кој дава одредени цитати и некои точки - одлично, дефинитивно е најдобриот политолог во Македонија со највеќе разбирања и познавања од политологијата. Многу убаво е се срочено.

Јас лично сум ЕУ скептик, но овој текст е сосема на место.

Овој дел посебно ми остави впечаток:
Во едиторијалот, претседателот на Република Македонија ја пласира историската логика на блокадите и ветото во интегративните процеси, при што е цитирана мислата на Жан Моне, модерниот татко на Европа, во која се вели: “Ветото е длабока причина, а истовремено и симбол на немоќта да се надминат националните егоизми и најчесто е израз на најдлабоки и безусловни блокади“.
 
Абе каква Европа какви срања бе ,баталете тоа ,ми се гади веќе од тие мизерни европејци
"татко на Европа" , "мајка на европа ""креатор на модерна европа" ,цивилизација ,соживот,визијата „Европа нашиот заеднички дом” море све у ...

Но во секој случај браво за претседателот и неговото залагање и за вложениот труд ...
 
Gjorgji Ivanov za mene e najdobriot predsedatel sto sme go imale.:toe:Za idnina neznam ke vidime.
 
Честитки до Иванов за промоцијата.

Треба да ги заринеме ЕУропејците со вакви статии, да се повторува цело време -Македонија, Македонци, ПРИНЦИПИ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ, човечки права во Грција, итн. до бесвест, да им излегуваат овие ставови од ушите! Зошто не може да промовираат нелогични работи, ОСНОВНИ принципи од една страна, а менување име од друга. Не може!
 
Доста храбра изјава на Иванов, искрено, во лице, без задни намери и надмудрувања.
 
Уште тоа мангупското во позитивна смисла да му се развие и ке биде одличен:wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom