Горат седум објекти на плоштад

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Возраст
70
Локација
Skopje
...Во тоа време од Белгија добивме специјални бомби,самолепливи,големи колку кутија ќибрит.Многу беа убави,симпатични.Беа со магнетен и часовен механизам,а ги добивме преку пратка на магнетовони Грундиг.Првпат ги наместивме на киосците на ;Политика; на плоштад,на ул.Маршал Тито и пред Метропол кафеаната. Во таа акција беа вклучени повеќе луѓе во цело Скопје. Бомбите беа темпирани да експлодираат по 01,00 часот ноќта. а целта беше да нема жртви.Тие бомби и немаа некоја голема разурнувачка сила,повеќе беа запаливи,да предизвикаат пожар од кој објектот ќе изгори.Така таа вечер на 2 април 1972 година,ноќта беа запалени седум киосци на Политика...и се дигна голема врева.Веќе се ангажира и УДБА.
...А имавме јаснопланирани акции во цела Македонија да се започне со палење на киосците на Политика.Имавме сознанија дека во тоа време секојдневно во Македонија пристугнуват по три вагони српски печат.Тврдевме дека кај Врање треба да се постави рампа на која ќе се рецинзира целиот печат кој доаѓа од Србија во Македонија.Донесовме став дека дека се тоа стари методи за враќање на српското влијание за повторно Македонија еден ден да стане јужна Србија,Вардарска бановина.Токму затоа повикувавме на бојкот на српскиот печат...
 
Читаш горат седум објекти почнуват да те лазат морници, wtf што кур се десило, отвараш и го гледаш анчо?
Оди уби се стари :mad:
 
Читаш горат седум објекти почнуват да те лазат морници, wtf што кур се десило, отвараш и го гледаш анчо?
Оди уби се стари :mad:
во ред грешка,признавам требаше наслов(запалени 7 објекти на плоштад , кога јас имав 17 години.) администарација-акција.А нели е ова подфорум тој што е... и ова е жива вистина и место да мрчите дај прочешлајте по тоа и-нетот и дајте линк што пишуваше за ова во Политика (београдска) на 3-4-5 април 1972 гдоина. Баш сакам да прочитам,инаку јас незнам да го барам тоа,но веројатно го има во времепловот на Политика или Вечерњи новости.
 
Последно уредено:
Анчо му го држел букетот на Черноземски кога го убивал кралот Александар
Анчо бил тој шо викал на цел глас "Vive le roi!" а не Черноземски.
 
Ќе стасаме и таму, во Виена,Рим и Сараево,прво да прочитаме која беше мојата улога во Разлог и Кресна.
 
Ќе стасаме и таму, во Виена,Рим и Сараево,прво да прочитаме која беше мојата улога во Разлог и Кресна.

Супер се текстовиве што ги пишуваш, не знаев за овие настани.
И терај со насловиве вакви какви што се кликбејт, ич да не ти чуе.
 
не седум трафики, сега му е мајката само кај да најдам неколку ГЕМИЏИИ или некој од
овие и да се запалат седумнаесет загадувачки фирми што ги палат печките после 20 часот па до сабајле.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom