А ГОДИШНА ПЛАТА ОД 2,5 МИЛИОНА ЕВРА
Пандев се договори со Јувентус Горан Пандев ја прифати понудата да се пресели од Лацио во Јувентус. Македонскиот напаѓач во Торино ќе заработува 2,5 милиона евра годишно, а сегашната плата во римскиот клуб му изнесуваше 550.000 евра. Тој се обидува да го убеди раководството на „лацијалите“ да му дозволат да се пресели кај „старата дама“, која за него нуди отштета од десет милиони евра, плус Аргентинецот Серхио Алмирон, а како резервна варијанта може да биде понуден и младиот лев бек Де Челје. Јувентус на Пандев му нуди четиригодишен договор, а во нападот ќе игра заедно со Виченцо Јакинта, Алесандро дел Пјеро, Амаури и со новото засилување од Вердер, Диего. Од големата напаѓачка четворка би требало да испадне Давид Трезеге, кој летово најверојатно ќе се пресели во Олимпик Марсеј, каде што нов тренер ќе биде поранешниот стратег на Јувентус, Дидие Дешамп. Единствен проблем во реализацијата на трансферот е согласноста на претседателот на Лацио, Клаудио Лотито. Тој не е задоволен од понудата на „старата дама“ бидејќи очекува да заработи 20 милиони евра од продажбата на Македонецот. - Се разделувам со Лацио. Во дресот на овој клуб поминав пет години и потребен ми е нов предизвик. Време е за промена на средината, особено што има голем интерес за моите услуги од големи европски екипи “ изјави Пандев по завршувањето на мечот со Реџина, со кој се прости од навивачите на Лацио. Тој во Рим заработуваше 550.000 евра по сезона, а договорот му истекува во 2010 година. Напаѓачот за продолжување на верноста бараше 1,5 милион евра, но не најде на добра волја кај Лотито. Според правилата на ФИФА, една година пред истекот на договорот играчот може за сума од пет милиони евра да стане слободен агент, но Пандев сака коректно да се раздели со клубот во кој доживеа афирмација. Желбата на Пандев е да остане во Италија и инсистира Лотито најпрвин да разговара со Јувентус и ќе му даде шанса на овој клуб да го комплетира трансферот. Сепак, доколку тоа не се случи, првиот човек на Лацио ќе почне разговори со претставниците на англиските премиерлигаши Ливерпул, Тотенхем и Челзи.
Од Македонски Спорт е статијава??? Пошто они пред неколку дена објавија изјава на Пандев во која вели дека не сака да оди во друг италијански клуб.

Уште два му врза... малку да не му е еден. Туку ќе си оди ли струмичанецов од Лацио или не? Нешто Јувентус ова она... или?
. Како му ги даде, онака со зглобче, фтшш 2 у серија! Кога било ова бе? Како ја не знам!?
a ne kasnis malku so taa INFORMACIJA???