Горан Пандев

  • Креатор на темата Креатор на темата pinky**
  • Време на започнување Време на започнување
Тотенхем е прав тим за него(за нив навивам иначе).Во нападот таму освен Кин никој друг нема кредит голем кај Реднап.
Дефо е камен не знам зашто го вратија уопште, Бент е така-така, Павличенко се измачува ко грешен ѓавол секое коло до шестнаесетник да дојде.
Има да си легне таму ко јогурт на бурек. Со Ленон(ако не го земе некој, кој го земе крв да сере) и Хадлстоун чуда може да прави.
Тотенхем тешко да избори пласман за било какво европско натпреварвање од есен, најверојатно и ремонт ќе има голем и на нови темели ќе може да си се установи како звезда.
Башка Англиско има пун курац утакмици и купови и да се труди нема да остане без голови.
Ова ми е прва варијанта доколку Баерн не го бара,што не ми се верува( они кандусиваат играчи од зима) али ако може да иде во Баерн нека прифаќа со две раце.


Најдобро мислам дека би му било во Тотенхем, башка Хари Реднамп веке најави дека ке прави чистка во нападот, прочитав некаде дека Бент сигурно си оди а за Павличенко дека Реднамп сака да се отараси од него затоа што не бил по негов вкус, но и затоа што овој беше донесен во времето на Рамос, така да мислам дека со сигурност ке има место за него!:toe:
 
Официјално Горан Пандев во Јувентус за 8,000,000 евра плус двајца играчи!
 
Официјално Горан Пандев во Јувентус за 8,000,000 евра плус двајца играчи!
Јас истото го прочитав во Македонски Спорт пишува дека е официјално
Ќе цитирам само дел од текстот:
"Горан Пандев ќе го засили Јувентус.Тоа е крајниот епилог од тензиите и неизвесностите кои се појавија за иднината на нашиот фудбалер.Јувентус прифатил да плати оштета од 8.000.000 евра за услугите на Пандев,а покрај тоа и Лацио ќе добие двајца фудбалери кои не беа стандардни во минатата сезона од составот на Јувентус"
Толку!На Пандев најмногу му одговара Јуве оти е од истата земја,веќе се навикна на јазикот и менталитетот во Италија-во Тотенхем ќе му беше потребно време за да се адаптира:vozbud:
 
Од каде е официјалноста на веста?

Јас пак официјално имам нешо друго :)

Јуве никогаш не го побарал Пандев - Изјава на Лотито


Јас се извинувам !!!
Читав а не дочитав!!!
Во денешен Мак. Спорт пишува НЕофицијално дека веке се договорени, а а дека во текот на следната недела се очекува да се договорат и за останатите детали!!!

Претходно само го прочитав насловот а немав време да прочитам, и затоа право излегов со таков пост!

СЕ ИЗВИНУВАМ за лажната вест!:toe:

Ап дејт!!!!


Време, број 1678, 23.05.2009





ЗА ГОДИШНА ПЛАТА ОД 2,5 МИЛИОНА ЕВРА
Пандев се договори со Јувентус Горан Пандев ја прифати понудата да се пресели од Лацио во Јувентус. Македонскиот напаѓач во Торино ќе заработува 2,5 милиона евра годишно, а сегашната плата во римскиот клуб му изнесуваше 550.000 евра. Тој се обидува да го убеди раководството на „лацијалите“ да му дозволат да се пресели кај „старата дама“, која за него нуди отштета од десет милиони евра, плус Аргентинецот Серхио Алмирон, а како резервна варијанта може да биде понуден и младиот лев бек Де Челје. Јувентус на Пандев му нуди четиригодишен договор, а во нападот ќе игра заедно со Виченцо Јакинта, Алесандро дел Пјеро, Амаури и со новото засилување од Вердер, Диего. Од големата напаѓачка четворка би требало да испадне Давид Трезеге, кој летово најверојатно ќе се пресели во Олимпик Марсеј, каде што нов тренер ќе биде поранешниот стратег на Јувентус, Дидие Дешамп. Единствен проблем во реализацијата на трансферот е согласноста на претседателот на Лацио, Клаудио Лотито. Тој не е задоволен од понудата на „старата дама“ бидејќи очекува да заработи 20 милиони евра од продажбата на Македонецот. - Се разделувам со Лацио. Во дресот на овој клуб поминав пет години и потребен ми е нов предизвик. Време е за промена на средината, особено што има голем интерес за моите услуги од големи европски екипи “ изјави Пандев по завршувањето на мечот со Реџина, со кој се прости од навивачите на Лацио. Тој во Рим заработуваше 550.000 евра по сезона, а договорот му истекува во 2010 година. Напаѓачот за продолжување на верноста бараше 1,5 милион евра, но не најде на добра волја кај Лотито. Според правилата на ФИФА, една година пред истекот на договорот играчот може за сума од пет милиони евра да стане слободен агент, но Пандев сака коректно да се раздели со клубот во кој доживеа афирмација. Желбата на Пандев е да остане во Италија и инсистира Лотито најпрвин да разговара со Јувентус и ќе му даде шанса на овој клуб да го комплетира трансферот. Сепак, доколку тоа не се случи, првиот човек на Лацио ќе почне разговори со претставниците на англиските премиерлигаши Ливерпул, Тотенхем и Челзи.
 
Јас се извинувам !!!
Читав а не дочитав!!!
Во денешен Мак. Спорт пишува НЕофицијално дека веке се договорени, а а дека во текот на следната недела се очекува да се договорат и за останатите детали!!!

Претходно само го прочитав насловот а немав време да прочитам, и затоа право излегов со таков пост!

СЕ ИЗВИНУВАМ за лажната вест!:toe:

Ап дејт!!!!


eeeee........pandev vo juve...spored mene ne e loso...:helou:
 
Веројатно за неговата кариера е многу подобро да отиде во Јувентус, иако лично не го посакувам тоа затоа што Јуве е тим што го мразам, така да сум малце субјективен. Сепак ако веќе замине таму се надевам дека ќе се избори за протимски статус и че прерасне во уште поголем играч.
 
Браво само напред Јувентус е екипа за гордост и следна година во Лига на шампиони Пандев ќе оди на високи дострели.
 
Аманте ни на лацио страната ни на јуве нема нишо вакво од каде само македонски спорт знае :) чекајте има време, тотенхем е број еден сепак, + Пандев кажа дека сака да ја напушти Италија
 
Аманте ни на лацио страната ни на јуве нема нишо вакво од каде само македонски спорт знае :) чекајте има време, тотенхем е број еден сепак, + Пандев кажа дека сака да ја напушти Италија
+ Лотито Претседателот на Лацио изјави дека нема стигнато никаква понуда за Пандев..
+ За интервју на емисијата Топки кај Филе, Пандев изјави дека доколку го напушти Лацио тогаш сигурно тоа ќе биде во друго првенство и дека сигурно си заминува од Италија...

Како играч и како Македонец го сакам Пандев, но искрено ако појди во Јувентус, не знам колку би играл во првиот состав, знаејќи дека на неговата позиција игра Дел Пиеро, тука е и Џовинко...
 
+ Лотито Претседателот на Лацио изјави дека нема стигнато никаква понуда за Пандев..
+ За интервју на емисијата Топки кај Филе, Пандев изјави дека доколку го напушти Лацио тогаш сигурно тоа ќе биде во друго првенство и дека сигурно си заминува од Италија...

Како играч и како Македонец го сакам Пандев, но искрено ако појди во Јувентус, не знам колку би играл во првиот состав, знаејќи дека на неговата позиција игра Дел Пиеро, тука е и Џовинко...
Конечно еден разумен што ги гледа фактите :) а не натписите за продажба на весник :)
 
Bravo Pandev juventus e vistinski izbor !!! ne e oficialno deka ke ide ali golemi se sansite, vo totenhem ako otide ke se zezne ednostavno nema da mu odgovara angliskiot stil na igra...
 
Во Струмица веќе на големо се збори дека потпишал за Јувентус.
 
Во Јувентус има преголема конкуренција(Дел Пиеро,Џовинко,новиот трансфер Диего)и незнам како би се изборил за прва постава
 
Ај да почекаме нешто официјално...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom