Горан Пандев

  • Креатор на темата Креатор на темата pinky**
  • Време на започнување Време на започнување
Секоја чест за Пандев.Вака да игра за репрезентација не би било лошо.
 
Секоја чест за Пандев.Вака да игра за репрезентација не би било лошо.

Па, кога во репрезентацијата би имале и некој играч од калибарот на Зарате, да ја ремети противничката одбрана и да му мести топки на Пандев (како што беа постигнати вториот и третиот гол), и за репрезентацијата вака би играл.

Пандев е класа играч, ама е само еден. Му треба тим, за да му се местат топките и тој да реализира, а исто така му треба тим за и тој некому да може да намести и тој другиот да реализира.
 
Кога веќе би играл за Македонија јас мислам е подобро цел тим останат да биде од класата на играчи-работници кои би трчале цело време и би играле за Пандев. А кај нас малце тешко тоа зашто сите сакаат да се ѕвезди.
 
Пандев е во Рим и тренира со Лацио 10-11 месеци во годината.
Комплетно се разбира со тимот каде игра со години.
Си ги знаат одлично маните и позитивностите и затоа одлична игра прикажува во Лацио.

Во Македонската репрезентација е неколку пати годишно по 2-3 дена и од 10тина тренинзи годишно не може да се добие уиграност.
Плус останативе репрезентации одат на европски и светски првенства и заедно се неколку недели за да се припремаат. За тоа време нашиве си одат на одмори и си уживаат. Добро би било и нашиве да имаат еднаш годишно 2 неделни припреми на пример. Али сакаат зашо да тренираат кога може да одмараат.

Така да не е и Пандев само крив.
Ако нема подршка од останатите фудбалери што може сам да направи.
А не дека другите сакаат да се ѕвезди, него останатите едноставно не се доволно спремни и немаат кондиција. Играат во многу послаби лиги со послаби фудбалери.
Фудбалот не е спорт за еден фудбалер, треба цел тим, треба 11 да функционираат одлично.
 
Браво Горанче! Сега постигна гол и против Торино во купот.. моментално 1:1 :)
 
Во последните 5 натпревари 5 гола има даено
 
Човеков е ѕвер, дај боже повеќе Пандевци да ни се раѓаат и само напред да одиме на ФИФА листата, ама и да учествуваме на едно европско или светско одмерување на силите :)
 
Број 1 во Лацио. Сам на свој грб го донесе својот клуб во полуфиналето од купот.

Пандев сака триумф во Купот на Италија

Со победата од 3-1 над Торино обезбедена со пресврт во вториот дел, екипата на Лацио се пласираше во 1-2 – финалето од Купот на Италија. Панев ја отвори серијата за Бјанкочелестите на почетокот од вториот дел а потоа домакинте преку Маури и Роки го комплетираа пресвртот.

“Торино вчера одигра подобро од нас, тие не ни овозможија многу простор за игра среќа што работите се свртеа на подобро по изедначувачкиот погодок.”
“Не започнавме добро но одговоривме правилно и тоа е важно.”

Пандев се надева дека Лацио ќе има успешна кампања во ова натпреварување и ќе може да го подигне трофејот од купот.
Бјанкочелестите ќе имаат тежок пад до трофејот бидејќи следниот противник доаѓа од двојата Наполи-Јувентус, а во финалето еден од потенцијалните кандидати е Интер.

“Сакаме да го подигнеме трофеот од Купот на Италија на Олимпискиот Стадион во Рим.” – рече Пандев.
“Имаме голема мотивација за да се избориме за учество во полуфиналето.”
“Но воопшто нема да биде лесно бидејќи за следен противник ќе го имаме Јувентус или Наполи.”


извор
 
Браво Пандев :vozbud: со чувство на расен стрелец што би рекле...само напред друже,сите се гордееме со тебе :oeoeoe:
 
A be u sport denes pisuva Atletiko bil baajgi zagrean za Pandev
 
A be u sport denes pisuva Atletiko bil baajgi zagrean za Pandev
Сигурно бараат замена за Агуеро. Само подобро ќе му биди да си седи во Лацио. Да се работеше за некој поголем клуб ајде и така и така ама во Атлетико...
Ако му го подобрат договорот најдобар избор му е да остани тука кај шо е цар!
 
Секоја чест за Пандев.Вака да игра за репрезентација не би било лошо.

Абе коа игра за репрезенатација не се пушта така како шо у лацио. Баш коа игра за нас според тоа од него шо го глеам како да се одмара се воздржуа. Е сеа можеби пошо го чуваат па не може да мрде ама стврано не е тоа тоа.
 
Секоја чест на играта на Пандев само нека продолжи така ....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom