ПАУЛ БРАЈТНЕР, ДИРЕКТОРОТ НА "БАВАРЦИТЕ", ЈА ПРИЗНА ВИСТИНАТА
Баерн со 30.000.000 евра за Пандев
*Германците за фудбалерот на Лацио даваат трипати повеќе пари отколку за Клосе пред неколку месеци
"Го сакаме Пандев и се надевам дека тој ќе го облече дресот на Баерн Минхен", изјави Паул Брајтнер, директорот на "баварците", за медиумите во Германија по веста од пред една недела дека славниот германски тим ја почна борбата за најдобриот фудбалер на Лацио и Македонија.
"Трипати досега бев да ја гледам неговата игра. Тој е одличен фудбалер....", додава Брајтнер.
Германските медиуми веќе ја објавија информацијата која вели дека Баерн Минхен во летниот преоден рок ќе издвои рекордна сума од 30.000.000 евра со кои треба да се реализира трансферот на Пандев од Рим во Минхен.
Ова е рекордна сума која би требало управата на "баварците" да ја плати за засилување од типот на Пандев. Само за споредба дека во летниот преоден клуб тимот од Минхен даде само 10.000.000 евра за германскиот репрезентативец Мирослав Клозе, а 11.000.000 евра беа потрошени за голгетерот Лука Тони.
Цифрата за трансферот на Пандев е далеку поголема од споменатите фудбалери затоа што нашиот фудбалер има само 24 години, а неговиот договор со Лацио истекува дури во 2010 година.
Она што вреди да се напомене е ставот на Пандев. Тој при престојот во Скопје поради репрезентативните обрски ни нагласи:
"Имам договор со Лацио, кој одлучува за сите понуди. Претседателот Лотито нема да одбие добра понуда, а такви веќе има. Баерн Минхен е голем клуб. Па дојде времето кога и јас треба да почнам да освојувам титули....".
Речиси сите водечки светски медии го најавија трансферот на Горан Пандев во Баерн Минхен. И секаде стои дека за феноменот од Лацио има интерес и од други екипи од типот на Манчестер Јунајтед, Челзи, Тотенхем....а Динамо од Миев веќе има понудено 20.000.000 евра.
Пандев утре го очекува дуел со Ливорно, а потоа нов предизвик во Лигата на шампионите и средбата со германскиот тим Вердер Бремен. Тоа е меч со кој треба да им ги презентира на Германците своето знаење, квалитети, а веруваме и голови....Нашиот најдобар фудбалер го сврте вниманието кон себе по двата гола кои му го даде на Реал Мадрид пред две недели.
Што ви реков.И он веќе сака да освојува титули.