УКРАИНСКИОТ ГИГАНТ НЕМА ДА ЖАЛИ ПАРИ ЗА НАЈДОБРИОТ ФУДБАЛЕР НА МАКЕДОНИЈА
Динамо К. дава 20.000.000 евра за Горан Пандев
*Според плановите на Украинците, Пандев уште во зимскиот преоден рок би требало да го облече дресот на Динамо
Грегориј Суркис, моќниот фудбалски бос од Украина, со свој нов проект за супер силен Динамо Киев. На неговата листа на желби се најде и Горан Пандев, најдобриот фудбалер на Македонија кој според медиумите во Италија и Украина во текот на зимскиот преоден рок би требало да го облече дресот на екипата од Киев. Украинскиот гигант не демантира, а од Лацио ги потврдуваат инфомациите за најновата понуда која стигна за услугите на Горан Пандев.
Весникот "Фанат" од Украина објавува и цифра од 20.000.000 евра кои Динамо Киев е подготвен да ги плати за Пандев.
"Пандев е супер, но дали тој ќе прифати трансфер во Украина? За него има интерес од големите екипи", коментираат поголемиот дел од навивачите на Динамо Киев кои "се запалија" по нашиот најдобар фудбалер по веста дека Пандев е следната трансферна цел на најславниот клуб на Украина.
Од форумот на клупската веб-страница на Динамо Киев може да се чијат различни коментари и сите се со позитивна критика за фудбалерот кој пред неколку дена му даде два гола на Реал Мадрид во второто коло од групите во Лигата на шампионите.
"Примамлива финансиска понуда од Украина. Сега за сега не размислувам за заминување од Рим а по крајот на сезоната голема е веројатноста дека би можел да заминам во нова средина", коментира Пандев за "Македонски Спорт".
Украинските медиуими нагласуваат дека Суркис зимава ќе прави реконструкција во екипата и затоа нема да жали пари. Динамо Киев има слаб старт во овогодишната Лига на шампиони, но и во домашниот шампионат.
Цифрата од 20.000.000 евра е сума кога досега ниту еден клуб ја нема понудено до луѓето од Лацио, кои најверојатно ќе се одлучат да го продадат еден од своите најдобри фубалери за кого постојано стигаат понуди од сите страни.
И. Д. Ивановски
Супер тандем: Пандев - Шева!?
Динамо Киев покрај намерата да го купи Горан Пандев во зимскиот преоден рок ќе се обиде да ја врати и својата најголема ѕвезда. Андриј Шевченко би можел да се врати во својот матичен клуб и затоа некои најавуваат дека Пандев-Шева би бил супер тандем со кој Динамо Киев ќе атакува на нови успеси. Шевченко, кој сега е член на англискиот Челзи, постојано најавува дека многу брзо ќе дојде денот кога тој ќе се врати во Киев. Тоа може да се случи веќе во зимскиот преоден рок и заедно со Горан Пандев.
ТРЕНЕРОТ НА БАЕРН МИНХЕН ЗА "ТУТО СПОРТ"
Хицфелд: Тргнаме по Пандев!!!
Конечно реакција на германскиот гигант Баерн Минхен по најавите дека "баварците" се во преговори со Лацио за купување на Горан Пандев. Германците нудат 15.000.000 евра за фудбалерот кој имал средба со Паул Брајтнер, еден од директорите на тимот од "Алианц".
"Тргнавме по Пандев и се водат преговори со Лацио", е коментарот на Отмар Хицфелд, тренерот на Баерн Минхен, за италијанскиот весник "Туто спорт".
Познавачите на условите во Баерн знаат дека во оваа екипа има голема конкуренција во нападот.
"Тони и Клосе е нашиот тандем на голови. Сепак, по крајот на сезонава му истекува договорот на Подолски", додава Хитцфилд, кој открива на чие место Пандев би дошол во неговиот тим.
Copyright © 2004 Македонски Спорт 2004
http://sport.com.mk/