Горан Пандев

  • Креатор на темата Креатор на темата pinky**
  • Време на започнување Време на започнување
^ типичен скопски коментар ( со чест на исклучоците) . ако ги делите луѓето од кој град се за да ви се мили нивните успеси , а не според тоа што е иста крв како тебе , македонска , никад нема нашава нациичка да успее.

се чудам по градови што ги делиш , ти сигурно и аеродромци не можеш органски да ги поднесеш. Get a Life бре !

Браво за Горан , баш ми е мило што даде два комада вчера . Добар човек е и заслужува да излезе од голгетерскиот пост што го мачеше овие месеци .

А за тоа глупите муабети "Што не игра вака за Македонија" , нели ви здосадија да му се плукнам?! Јасно е дека фудбалот е прекомплициран спорт за со еден човек да очекуваш напред по 10 сто процентни шанси на меч . Кога ќе се јави уште некој како Тричковски , и ќе почнат да се разбираат напред ќе се надеваме на нешто . и плус уште досадните веќе муабети за смена на федерација и поозбилно водење на репрезентацијата.
 
Факт е дека во репрезентацијата немаме играчи кој што можат да се носат со играчи на Германија,Шпанија,Бразил исто како што е факт тоа дека Пандев ич не се залага за репрезентацијата.Споредете ја играта на Пандев за репрезентација со играта на Тричковски и Попов и ќе ви стане јасно колку тоа Пандев се залага за репрезентативниот дрес.Кажав дека немаме репрезентација да се носиме со светските велесили но дека со Пандев,Тричковски,Попов,Новевски (плус уште еден-два играчи што знаат да дадат пас) можеме да и дадеме 2 гола на една Андора можеме.
 
ја не знам шо уште го дрвите за пандев. факт е дека чоеков не сака да игра за репрезентација, па џабе се радуваме шо дава голови за наполи и мислиме дека се враќа во форма и репрезентацијава ќе има фајде од него! а то дека нема играчи во репрезентацијата ко шо нема во интер или наполи, нема, то е факт, АМА пандев е нашиот најдобар играч и треба да дава максимум за репрезентацијата, да се бори и да потегне, па на некој начин да ги мотивира и другите за и тие подобро да играат, а не да се прпела по терен и да изиграва примадона и звезда!
 
И да не игра за репрезентацијата јас пак ќе се радувам на неговите голови и успеси, бидејќи со тоа што тој не игра за репрезентацијата незначи дека не е македонец и дека не заслужува да биде почитуван како поединец :)
 
Тоа што македонската фудбалска репрезентација се наоѓа на вакво ниво е најмалку виновен Пандев. Кога ќе се променат многу структури од прв до последен дури тогаш можеме да веруваме во некое подобро издание на нашите фудбалери. Факт е дека тој е нашиот најдобар фудбалер моментално и сите очекуваме чуда од него, но ако добро запазете тој секогаш е добро чуван од противничките фудбалери, баш поради тоа што е нашиот најдобар поединец, а на тоа ако се додаде дека останатите од репрезентацијата ни се дрва (со исклучок на Тричко, Новески и Попов во последно). Многу ќе биде полесно на Пандев да се разигра ако има и некој друг креативец покрај него во тимот, но за жал во моментов таков изгледа нема па затоа сите се крстиме во Пандев и очекуваме во секој натпревар да растура голови...
 
Како бе да се радувам кога дава голови за Интер/Наполи а не сака да мрдне за Македонија ??? Вистина тој ни е најдобар играч моментално ама барем да се однесуваше така кога игра за репрезентација. А што има врска струмичани дали скопјани,кичевчани или марсовци ви пишале НОГО ? Па ќе ви пишат нормално,кога ќе се поправите малку во зборувањето,нога е екстремитет на човековото тело а МНОГУ е сосема друг збор.
 
Како да мрдне кога освен Тричковски нема со кој да игра..... или пак ќе игра со Шумуликовски (Џерардот)...
Не е исто да имаш соиграчи како Снајдер, Милито, Лавеци, Хамшик, Кавани со играчи како што се Шумуликовски, Ибраими, Ристиќ.
 
Супер си е човекот, не знам зошто толкава потреба да се плука по него. Скромен дечко, има талент, има однесување и секогаш зборувал за Македонија и од каде е. Сите го знаат како Горан Македонецот, значи сепак придонесува за Македонија на свој начин, за разлика од оние кои го плукаат, а придонесуваат за Македонија со типкање на тастатура.

Бев годинава во Италија и се запознав со едни типци и ме прашуваат од каде си и кога им кажав од кај сум изреагираа вака: ПАНДЕЕЕЕЕЕВ, а втора реакција им беше: Оооо баскетбол, бравооооо!
Тоа е тоа. Тоа се тие амбасадори и по тоа не знаат. И треба да се гордееме.

Човекот си успеа во животот. Секој Македонец што успеал има огромно браво и поддршка од мене. И нема зашто да се плука по него.

А репрезентацијата наша е виц. Само за смеење служи. И во репрезентацијата се труди, ама е опкружен е со дрва, па не се приметува тоа.
 
Јас да сум на место на Пандев до сеа ќе се одкажев од оваа "репрезентација".Почнувајки од управата па се до играчите и залагањата на истите овие...не гледам причина зашто би играл.Да ризикувам повреда,па уште одпосле да ме плукаат дека не го давам максимумот.Со самиот поглед на повеќето репрезентативци на кои репрезентацијата им служи како одмор се добива оној основниот ГРД впечаток. Меси во Аргентина со какви играчи игра па пак не може да одигра како во Барса,вие сакате Пандев да повлече од наш шеснаесетник,до противничкиот и да постигне гол...е не иде тоа така ..
Респект Кунг ФУ Мен,i will always support you;)
 
Лесна работа да бидеш најдобар во 103-та репрезентација во Светот. Да разјасниме, неговата интернационална кариера нималку не ме интересира. Не сум јас како струмичаните да славам што Интер освоил ЛШ, само затоа што играл нивни сограѓанин. Во врска со репрезентација, ако е стварно играчина, нема да билда статистика на тест утакмици со треторазредни репрезентации. Јаки муда ако бил најдобар стрелец на таков начин, ама баш ништо не ми значи. Тој не може да реши натпревар за бодови со репрезентации од типот Исланд, Литванија, Шкотска, Ерменија и слично, па камоли со Бразил или Германија! Толку од мене. Еден графит што осамна после поразот во најбитниот дуел со Шкотска од пред неколку години:

А кога сме играле натпревар за бодови со репрезентацијата на Бразил? :))))) 2 гола на велесилата ШПАНИЈА ... доволно се да ти докажат?

Или ај дај пример кој е подобар од него во репрезентацијата :)
 
Супер си е човекот, не знам зошто толкава потреба да се плука по него. Скромен дечко, има талент, има однесување и секогаш зборувал за Македонија и од каде е. Сите го знаат како Горан Македонецот, значи сепак придонесува за Македонија на свој начин, за разлика од оние кои го плукаат, а придонесуваат за Македонија со типкање на тастатура.

Бев годинава во Италија и се запознав со едни типци и ме прашуваат од каде си и кога им кажав од кај сум изреагираа вака: ПАНДЕЕЕЕЕЕВ, а втора реакција им беше: Оооо баскетбол, бравооооо!
Тоа е тоа. Тоа се тие амбасадори и по тоа не знаат. И треба да се гордееме.

Човекот си успеа во животот. Секој Македонец што успеал има огромно браво и поддршка од мене. И нема зашто да се плука по него.

А репрезентацијата наша е виц. Само за смеење служи. И во репрезентацијата се труди, ама е опкружен е со дрва, па не се приметува тоа.

тука си во право само има еден голем ФАКТ!!! пандев и репрезентацијата во кошарка се два различни поими. за разлика од кошаркарите кои играа со ЦЕЛО СРЦЕ за Македонија, пандев игра само за себе, односно таму каде има интерес (интер, наполи, лацио и сл.). за репрезентацијата пандев има алиби појави и САМО ЗА ОНОЈ КОЈ НЕ САКА ДА ВИДИ не е очигледно колку човекот си се чува за тимот каде игра! е па кажи ми ти мене како јас да се радувам на неговите ЛИЧНИ успеси, кога јас немам никаква сатисфакција од тоа??? па ни државата!!! репрезентацијата е во поголем минус кога игра пандев отколку кога не игра! има тон такви примери ако не ги знајш или не сакаш да ги видиш, пиши слободно, ќе ти набројам неколку само од последните неколку години!!!
--- надополнето: Dec 2, 2011 8:13 PM ---
А кога сме играле натпревар за бодови со репрезентацијата на Бразил? :))))) 2 гола на велесилата ШПАНИЈА ... доволно се да ти докажат?

Или ај дај пример кој е подобар од него во репрезентацијата :)

сите освен голманите и шуми (овој барем се бори, за разлика од нашава тн. звезда)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom