Горан Пандев

  • Креатор на темата Креатор на темата pinky**
  • Време на започнување Време на започнување
Не е шала бе. Стварно потпиша со Рома. Преставници на Рома биле во базата на репрезентацијата на Македонија во Холандија и ја направиле оваа слика. Затоа и Пандев се срчнал со Катанец зашто Катанец му се лутел зашто привлекол толку внимание во базата која требало да биде место за одмор.
 
Секоја чест за монтажата. Добро е што на macedonianfootball.com на дното пишува "Of course, it's an April Fools' day joke!", зашто може да очекувате официјални реакции ;))))))))
 
Епа освен за заебанции... нема за што да се збори Пандев сеа... нишо пропадна... иако ова му беше најбоље почната сезона досега во Лацио од кога е дојден:toe:
 
Епа освен за заебанции... нема за што да се збори Пандев сеа... нишо пропадна... иако ова му беше најбоље почната сезона досега во Лацио од кога е дојден:toe:

Ај сега, од каде пропадна?!!??!?!

Лош период има. Нели ќе одеше на операција на палецот... Што бидна со тоа?

Не можеш да очекуваш играчот да дава максимум, ако не е целосно здрав.
 
МАКЕДОНЕЦОТ ПОВТОРНО НА "ЏУЗЕПЕ МЕАЦА"

Мурињо го враќа Пандев во Интер

Португалецот дал "зелено светло" за оваа операција и во него гледа идеална замена за контроверзниот напаѓач Адријано

A5A56F057138DA40A42FAC95CDA15CD9.jpg
Често пати сме биле сведоци на познатата фраза, првата љубов никогаш не се заборава. Дали повторно ќе бидеме сведоци на истата ќе дознаеме за време на претстојниот летен преоден рок за кога е закажан и состанокот помеѓу челниците на актуелниот шампион во италијанската Серија А Интер и оние на претставникот на репрезентативецот на Македонија и најголема ѕвезда во дресот на римски Лацио, Горан Пандев.
Според последните информации кои можат да се прочитаат на познатиот интернет портал, Тутомеркато, постојат реални шанси, Пандев, после 9 години, повторно да се врати на фудбалскиот храм "Џузепе Меаца", од каде како младинец ја почна својата блескава интернационална кариера на Апенините.
Зелено светло за операцијата има дадено и предводникот на "нероазурите", Жозе Мурињо, кој е импресиониран од играта на Македонецот, и во него гледа идеална замена за контроверзниот напаѓач Адријано.
Масло на големиот оган додава и претседателот на "светлосините", Клаудио Лотито, со одбивањето на идејата да се продолжи соработката со репрезентативецот на Македонија, до 2014 година.
Како што информира истиот сајт, челниците на Интер сакаат што е можно побрзо да ги осигураат услугите на Пандев, најмногу поради фактот дека истиот ќе стане слободен играч во 2010 година и поради зголемениот интерес што го покажуваат најголемите клубови во Европа.
До сега најави за испраќање официјална понуда дадоа раководните лица на Реал (М), Ливерпул, Валенсија, Тотенхем и Зенит.


ИЗВОР


А еве и на Италијански сајт


------------------------------------------------------------------------------

уште нешто...


Кои се најдобрите напаѓачи во светот?

Германскиот спортки весник Спорт Билд излезе со многу интересна стсатистика, за тоа кој напаѓаче е моментно најдобар во светот. Бројките велат дека тоа е Лео Меси. Пандев на оваа листа е 42-ри, а зад него интересно се Дел Пјеро (44-та позиција), Кајт (46), Амаури (47), Роби Кин (48), Адријано (49), како и Марко Ди Вајо (50).

Во првите 10 има дури шесто фудбалери кои играат во Шпанија, а дури тројца од Барселона - убиственото трио - Меси, Ето и Анри

Листата на 20 најдобри напаѓачи во светот во избор на "Спорт Билд":

1. Лионел Меси (Аргентина, Барселона)
2. Самуел Ето (Камерун, Барселона)
3. Давид Виља (Шпанија, Валенсија)
4. Златан Ибрахимович (Шведска, Интер)
5. Кристијано Роналдо (Португалија, Манчестер Јунајтед)
6. Руд Ван Нистелрој (Холандија, Реал Мадрид)
7. Вејн Руни (Англија, Манчестер Јунајтед)
8. Тиери Анри (Франција, Барселона)
9. Раул Гонзалес (Шпанија, Реал Мадрид)
10. Фернандо Торес (Шпанија, Ливерпул)

11. Емануел Адебајор (Того, Арсенал)
12. Карим Бензема (Франција, Лион)
13. Фредерик Кануте (Мали, Севиља)
14. Димитар Бербатов (Бугарија, Манчестер Јунајтед)
15. Марио Гомес (Германија, Штутгарт)
15. Николас Анелка (Франција, Челзи)
17. Диего Форлан (Уругвај, Атлетико Мадрид)
18. Вагнер Лав (Бразил, ЦСКА Москва)
19. Мирослав Клосе (Германија, Баерн Минхен)
20. Лука Тони (Италија, Баерн Минхен).

ИЗВОР
 
ДРВО-КАМЕН-ТАПА

глуп-stupid-feget.



Онтопик:

мислам дека уште еден трач на медиумите. Доста пати имаше дека ке оди во Фиорентина,Реал М,Баерн и тако далје ама ништо...
 
глуп-stupid-feget.



Онтопик:

мислам дека уште еден трач на медиумите. Доста пати имаше дека ке оди во Фиорентина,Реал М,Баерн и тако далје ама ништо...

Ама со одбивањето на преседателот на Лацио да се продолжи соработката сака не сака Пандев мора да оди негде :toe:
 
Па... штом дошло до таму, нека оди во Интер. Кога не сакаат да ја продолжат соработката во Лацио со него, тој ќе оди кај што ќе го сакаат.

Се надевам дека ќе се реализира трансферот и дека Пандев ќе добива шанси и во Интер да блеска.



Инаку, што стана со неговата повреда? Нели требаше да оди на операција бидејќи му бил повреден палецот на левата нога?
 
Операцијата ке биде на крајот на сезоната, зашто ако се оперира сега Лацио ке изгуби мн бодови кој им се важни.
 
Уште каде се не го однесовме Пандев. А дечкото стално изјавува едно исто. Дека ќе остане во Лацио.

Што се однесува до продолжувањето на соработката, Пандев потврди дека ќе потпише нов договор со римскиот гигант.
- Ќе ја продолжам соработката во Лацио. Најдоцна до јуни ќе ја продолжам соработката за уште неколку сезони, изјави репрезентативниот напаѓач.
- статија во денешен Вечер
 
Можеби ќе остане во Лацио уште една сезона. Добро се снаоѓа во тимот, одлично се разбираат со неговите колеги... незнам, останува сепак на него да одлучи што е најдобро. :toe:
 
Можеби ќе остане во Лацио уште една сезона. Добро се снаоѓа во тимот, одлично се разбираат со неговите колеги... незнам, останува сепак на него да одлучи што е најдобро. :toe:

Не е само до него. Ако газдите на Лацио не сакаат да ја продолжат соработката со него, тој ќе мора да си оди, како и да е.

Договорот му истекува во 2010 и до тогаш тој сигурно ќе остане во Лацио. Прашањето беше што ќе се случи понатаму со него, т.е. каде ќе отиде после тоа.
 
Како што знам Клаудио Лотито рече дека со сите сили ке се обиде да го задржи Пандев во Лацио,а не дека не сака да го продолжи договорот.
 
Гол во градското дерби.:vozbud:

Баш во кладилницата бев кога го даде голот, урлање беше до бесвест.

НАШ ПАНДЕВ ДАДЕ ГОЛ .. НАШ ПАНДЕВ ДАДЕ ГОЛ :vozbud::vozbud:

АЈДЕ ЛЕГЕНДО СТРУМИЧКА!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom