Има ли некој искуство со снимање сликање под вода со ГоПро. Конкретно за нуркање со маска и цевка, не со боци, за сликање на морски животински и растителен свет. Читам и правам споредби, ама во рака немам фатено ГоПро а и не сум многу многу по камерите, па не знам која би ми била најоптимална варијанта со цена и перформанси. Гледам дека Херо 3 е негде 300 евра ама не знам дали треба и кои додатоци се неопходни за под вода. Било какво мислење супер ќе ми дојде, одам на одмор за неколку недели па сакам годинава да се снабдам со подводна камера.