GoPro камери

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.476
Поени од реакции
35.367
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Имате, сте имале, планирате да купите?

Предностите верувам дека сите ги знаеме (мала камера која може да се носи и закачи секаде, водоотпорна, одличен широк агол и тн.), но кои се мааните? Ако сте сопственик, од каде ја имате купено, кој модел, која цена и тн.?


Исто така, дајте да видиме некое видео снимено со GoPro :)

Кај нас гледам дека Pro Sport ги продаваат и цените им се речиси идентични како од официјалниот сајт, но се наоѓаат камерчиња и по огласиве - најчесто од авантуристи на кои им поминал „филмот“, затоа што сфатиле дека покрај снимката за кул видео потребна е и добра видео обработка :)

Нормално, ако продавате или сакате да купите нешто, слободно користете ја темава за размена на информации и понуди :)

gopro-hero-wide-contents.jpg
 
Неам ама сакам да купам, не би ја зел тројката зошто и не ми треба у пичку матер квалитет, поголемата разлика мислам дека е што тројката вадела ептен добро видео при слабо светло, навечер.
Планирам летово неколку тури со велосипед да правам, па баш и поради таа причина сакам да ја земам, малечка, квалитетна, можам каде сакам да ја монтирам на точакот и има waterproof кутивче плус. :)
Инаку, пушти фулскрин 1080п и уживај.
 
Имам еднаш користено, за заебанција, зимово у Маврово. За на рака е добра, прикачување, праи мерак, ама не би купил.
 
Ги следам на твитер, јутуб кога ќе стават слика или некое ново видео лиги ми течат.

Не дека ми треба, ама сакам да набацам едно за летово. Не нешто по екстремни спортови, ама на точчак, кола, мотор онака едно видео да склопам да ми помини меракот :)
 
Колку е отприлика настаро да ја земеш ? Редовно возиме со мотори добро видео би испаднало со камерче на тркалото ставено едно видео да се направи :)
 
Колку е отприлика настаро да ја земеш ? Редовно возиме со мотори добро видео би испаднало со камерче на тркалото ставено едно видео да се направи :)
Зависи кој модел, која верзија и тн... Се наоѓаат и за 100-тина евра, од најстарите :)
Еве една за 150, меѓутоа, мислам дека за нешто ситно да доплатиш, повеќе ти се исплати нова.
 
Зависи кој модел, која верзија и тн... Се наоѓаат и за 100-тина евра, од најстарите :)
Еве една за 150, меѓутоа, мислам дека за нешто ситно да доплатиш, повеќе ти се исплати нова.
Ја гледав таа најслабата варијанта окулу 350 евра беше...а со 350 евра би направил многу попаметна работа, ама пуста загреаност по вакво камерче ..
 
Ја гледав таа најслабата варијанта окулу 350 евра беше...а со 350 евра би направил многу попаметна работа, ама пуста загреаност по вакво камерче ..
Најслабата (ама од најновата серија на камери) на ново ти е 15.500 во Про-спорт, барем според нивниот сајт (го пишав горе) :)

А воопшто не е слаба...
HDHERo%20white%20copy.jpg
 
Најслабата (ама од најновата серија на камери) на ново ти е 15.500 во Про-спорт, барем според нивниот сајт (го пишав горе) :)

А воопшто не е слаба...
HDHERo%20white%20copy.jpg
Не не не реков дека е слаба, туку поинаков ми беше зборот за разлика од другите кои се 11мп и 12 ... беше за 200 евра поефтина :)
 
Ако има некој поефтинко нешто за продавање, нека се обрати на ПМ.
 
Најслабата (ама од најновата серија на камери) на ново ти е 15.500 во Про-спорт, барем според нивниот сајт (го пишав горе) :)
Да, ама претеруваат... штрафче да сакаш екстра да земиш е 1500 денари. А за ваквите има миљарда додатоци: да се фиксира на гради, кацига, рака, точак, стапче/штека, кола и тн... и уште 15.500 не те расправаат за џиџавки.
 
GoPro во вистински раце, супер сценарио, супер ефекти = супер спот. Барем мислам дека е снимано со GoPro... :)


 
GoPro во вистински раце, супер сценарио, супер ефекти = супер спот. Барем мислам дека е снимано со GoPro... :)

првото е со старата, второто е со новата gopro

сорс:на реддит ги имаше дечкиве, го постираа линкот и коментираа самите
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom