Google+

  • Креатор на темата Креатор на темата Грејвдигер
  • Време на започнување Време на започнување
Г

Грејвдигер

Гостин
google-plus-logo-640.jpg

Google тукушто ја објави својата друштвена мрежа. Целиот проект моментално е затворен за регистрирање и само мал дел на корисници имаат пристап, но полека ќе почне да се праќаат покани и за сите пријавени. Google+ е достапен на http://plus.google.com.

Дизајнот е таков каков што Google цело време користи, минималистички со многу бел и слободен простор наоколу.
Од корисничка страна е доста лесен за користење и сѐ се прави со еден-два клика, но сѐ уште не е на нивото на Facebook со еден куп на опции, но штом тргне работата сигурно за многу брзо време ќе се развијат многу нови можности.
Стримот на објави е сличен како и News feed-от на Facebook или Google Buzz.
Се користи Circles+ со кој лесно се таргетираат корисниците со кои ќе ги споделувате информациите и лесно ќе можете да ги организирате во групи.
Вклучени се и Google профилите со сите тие +1 кликања на копчето, можете да споделувате слики, видеа и сл.
Google+ Sparks е системот на избирање на интереси, со што ќе добивате новости од избраните категории.
Google+ Huddle - групен видео и текст чет - http://www.youtube.com/watch?v=QN38vHZjWXw

Не би пишувал многу да не ви го покварам изненадувањето кога ќе добиете пристап до Google+. А сега за сега еве неколку видеа и слики.

gplus_stream.png

gplus_circles.png

gplus_sparks.png

Кое е Вашето мислење за овој потег на Google да создадете една друштвена мрежа, што многу одамна се обидуваат да го сторат и да му парираат на Facebook. Дали мислите дека ќе успее да се спротистави на Facebook?
 
интересантно со круговите...
 
Не очекувам овој сервис да биде некаква конкуренција на актуелните друштвени мрежи имајќи предвид што се случи со google wave.
 
Google се несопирливи кога се работи за маркетинг. Пред неколку години мислевме дека нема место на пазарот за уште еден browser, па еве денес голем број на корисници го користат токму Google Chrome. Доволно им беше само банерчето на YouTube кое го ставија тогаш. Социјалниве мрежи како што доаѓаат, така и исчезнуваат, така да, ништо чудно за неколку години и Facebook да пропадне.

Лично, што се однесува до приватноста и сигурноста, побрзо би им оставил лични податоци на Google, одколку на Facebook.
 
Google веќе одамна знае што ти имаш пребарувано од твојот комјутер и моментално го прави тоа, ако користиш Chrome тогаш секој чекор е скениран од Google, затоа овој бренд е толку моќен, знае што да им понуди на сите затоа што знае што точно секој човек сака ;)
 
Затоа што Гугл веќе ти ги има податоците. :D
 
Google веќе одамна знае што ти имаш пребарувано од твојот комјутер и моментално го прави тоа, ако користиш Chrome тогаш секој чекор е скениран од Google, затоа овој бренд е толку моќен, знае што да им понуди на сите затоа што знае што точно секој човек сака ;)
Па затоа има можност да си инсталираш Chromium, ако не сакаш да ти водат евиденција што имаш отварано на твојот компјутер, мада јас сум повеќе си ја сакам лисицата. :)
 
Со добро рекламирање..... може да стане големо нешто. А ако Гугл не знае да рекламира.... тогаш кој знае? :)
Изгледа ќе почнат да паѓаат акциите на Фејсбук.
 
Google веќе одамна знае што ти имаш пребарувано од твојот комјутер и моментално го прави тоа, ако користиш Chrome тогаш секој чекор е скениран од Google, затоа овој бренд е толку моќен, знае што да им понуди на сите затоа што знае што точно секој човек сака ;)

И ФБ исто така.:)
 
епа хромот јас само за порки си го користам . Кој знае како ме имаат класифицирано во евиденцијата им нивна :D
 
Вака од сликите изгледа малце просто али сепак прегледноста е на големо ниво за разлика од на фејсбук каде во последно време од оние страње апликациии и фан страни спамираат ко несмасни
јас ко шо глеам со џимеил може да се логирате
 
GOOGLE во принцип се што прави е просто и многу полесно за снаоѓање. Тоа е убавината во GOOGLE и неговите продукти.
Жив пример е Gmail. Колку просто изгледа а е многу подобар од Yahoo, Hotmail.. И што е најбитно ги има сите нивни опции :)
Се надевам дека ова ќе биде погодок. Иако до сега се што има направено GOOGLE мене лично ми се допаѓа.
Wave, Buzz..
 
Google веќе пробаа со класична друштвена мрежа (www.orkut.com), ама не се проби во развиените земји, повеќе Индија и слично. Ако сакаат да успеат ќе мора нешто револуционерно. Само еден видео чат на Фејсбук, и ова може да пропадне. Останува да почекаме. :cool:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom