Google Wallet

  • Креатор на темата Креатор на темата Brutus
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Го користи некој овој метод на префрлање пари? Дали воопшто функционира во Македонија? Си ја додадов картицата ама не можам апликацијата да ја инсталирам на мобилен.
 
Да функционира, имам купено игра преку Play Store.
Изгледа исто како ПејПал. Од Македонија може да плаќаш преку Google Wallet ама не може да стигаат пари. Пробав да го верификувам пишува само за Американци. Апликацијата не може да се симне на телефон.
 
Па зависи како си регистриран на акаунтот на пример некои си регистрира да речеме дека живее во канада со лажна адреса бидејќи има побогати апликации затоа можеби не ти функционира инаку мислам сега засега ГуглВалет и ЕплПеј функционира само во САД и Канада и некои далекуисточни земји.
 
Па да...требаше да се регистрирам преку УСА.
 
Да, функционира во Македонија, само преку него можеш да купиш нешто од Плеј Стор. И не можеш да се регистрираш со УСА акаунт пошо ги верификува ајпи адресата и бројот на картичката и знае дека не си од УСА.
 
Па затоа ќе користиш VPN и ќе аднеш виртуелна картичка. Ама не ми текна.
 
Да, и тоа е опција, мислам дека можеш и сега да го префрлиш твојот веќе направен македонски акаунт на УСА акаунт така.
Порано имаше поголема потреба за ова пошо освен купување апликации ниедна друга услуга не беше достапна во Македонија, сега има филмови и плеј мјузик. А апликацијата стварно е глупо што не може да се инсталира кога е поддржана услугата, исто и пејпал апликацијата не може, а поддржана е Македонија
 
Е да ама пак тие што треба да ти платат треба да се од САД, Канада или па да се спремни да се зафркаваат со ВПН и виртуелни картици а такви ги има малку. Добив потврда дека не функционира во Германија и во Индија (нормално).
 
Гледам дека може на Google Wallet може да се додаваат и оние картички за лојалност од Веро, Тинекс, од Сетек, Нептун и од ред други продавници.

Е сега мене ме интересираат неколку прашања
Дали кај нас прифаќаат да го покажеш на каса телефонот?
Друго гледам повеќето такви картички на апликацијата не ги покажува како што е картичката дизајнот. Дали може јас да им додавам лого и боја за поубаво да ги распознавам?
Трето прашање ми е ако ставам картичка од банка дали значи дека ја имаш и на Play store, ти ја памти за плаќање и слично или се мести тоа во опции? Не би сакал пример по грешка да ми се кликне некогаш некоја апликација да купам на Play store.
 
Прифаќаат телефон на каса, да.
Твои бои и логоа како што можам да видам, не можеш да си додаваш сам.
Инаку ја памти картицата, ама и да кликнеш несакајќи да купиш апликација ти бара верификација преку fingerprint. А и да купиш апликација по грешка, има опција refund :)
 
За бои и логоа колку што прашував по други форуми може во Pass2Pay апликацијата да ги средуваш картичките од маркети и други продавници и во таа апликација има опција да ги додаваш во Google Wallet.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom