Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.216
- Поени од реакции
- 34.485
Тој вели дека во моментов подобар пристап би бил наместо со класичните методи, децата да се учат на развивање на креативните способности и примената на информациите кои им се достапни 24 часа во денот.
- Наставниците веќе не претставуваат фондација на знаењето, туку веќе одамна таквата титула ја носи интернетот. Децата би требело да ја учат историјата со што подобро би ја сфатиле ситуацијата во која што живеат, но не е потребно да ги знаат сите детали.
Доволно би било да знаат од кога и до кога траела Втората светска војна, но нема потреба да навлегуваат во детаљи. Доволно би било на пример да знаат од кога до кога траела војната, а воопшто е е потребно да учат од кога до кога се одвивала некоја битка. Едноставно можат да се прилагодуваат во секој момент и кога тоа им е потребно информацијата ќе можат веднаш да ја пронајдат, вели Тапскот.
Тој додава дека неговиот пристап по никоја основа не може да се окарактеризира како анти-учење, туку треба да се сфати како приготвување на децата за поинаква иднина од оваа во која живееме сега.
- Тоа можеби би можело да биде добро и за масовната економија, но децата не се припремаат добро за дигиталната доба која доаѓа и предизвиците кои истата ги носи, заклучува тој.
Во основно, па и во средно, најнапорни ми беа часовите по историја. Требаше да се „набубаат“ еден куп небитни информации од туѓа историја, кои после 5 дена и онака се забораваат. Зошто? Не велам дека не треба да се учи и почитува туѓата, но деталите навистина се непотребни. Пофино би било тоа „умствено силување“ да се насочи во други активности. На образовниот процес одамна му е потребна промена. Не можам да сфатам зошто сеуште младината се подготвува за професии/ситуации кои не постојат или изумираат.
Дали се согласувате со ваквите ставови, мислејќи на тоа дека децата се преоптоварени со (релативно) небитни детали во образованиот процес? Дали е навистина потребно да се памтат секакви информации, кога истите веќе ни се достапни на интернет „со еден клик“?
Не велам дека треба да се исфрлат предметите и активностите кои го поттикнуваат младиот човек на самостојно здраво размислување и креација, но дека во ова време на глобално преплавување со информации - треба да го олабават од „бубаторските“. Кое е ваше мислење?