Да бе...ФИАТ 128 им бил пример како треба да се создаде кола, во тоа време модерна, технички напредна...и, кола на годината 1970(
читај)
До 1973 година Волксваген не прави ништо подалеку од Бубата и клоновите на нејзина основа.
Дотогаш, под свое ги има Ауди и НСУ кој пропадна заради Wankel моторот во моделот Ро80. А, тогаш, тие марки не беа ни оддалеку она што денеска се.
Оној К-70 што порано го спомнав е редизајниран Ро80 со Ауди мотор.
Пасат е првиот Волксваген во 1973 кој треба да биде нешто различно од варијации на Буба. И пак механика Ауди...
А во 1974 година доаѓа Голфот...и познато е дека си купиле еден 128 кога го развивале Голфот за да им служи како пример, сакал ти верувал, сакал не.
И, најмиле Италијанец за да го нацрта. Џуџаро.
Затоа, погледај малце низ историјата, не само си се запнал за Голфот.
Италијанските инжинери...хмммм...луѓето прават технолошки бисери:
Она моето чудо кое потекнува оригинално од 1961 година, а се мачам да го реставрирам овие неколку години има 4 диск кочници, серво кочници и куплунг на пр.
65-те коња што ги вади неговиот мотор од 1.3 литри со вратила за урамнотежување и гушење на вибрациите на моторот кои вртат спротивно од радилицата (што БМВ ги воведува кај своите мотори некаде 2003, се разбира доста усовршени), во тоа време биле научна фантастика за некои германски конкуренти кои едвај од таа кубикажа фаќале пеесет и некој коњ...
Стандардните 4 брзини + рикверц на менувачите, синхронизирани, низ шеесетите, кога доста Опели на пр. имале тристепенски + рикверц и тоа синхронизирани само 1, 2 и рикверц...
1969 сериски 5-степен менувач на ФИАТ 125...Рекордот тогаш става 4-степен...
Сите оние Алфи од тие времиња, со незаменливите боксер мотори и редни шестаци кај големите лимузини.
БМВ 1987 година се курчеше дека го ставил менувачот на диференцијалот кај серија 5, решение што Алфа ГТВ го имаше уште 1974.
Тоа е т.н. transaxle.
Common rail што стана стандард кај нафтените печки е италијанска измислица...на Алфа им текна во 1999 во 156.
Волксваген е сеуште верен на пумпа-дизна концепцијата...
Но, проблемот на италијанците им беше лошата завршна обработка...може да ти остане рачка некоја во рацете, да ти тече вода кога врне од лоши дихтунзи или неизолирана антенска дупка на кровот на пр...
И такви слични работи кои ужасно иритираат.
ФИАТ ќе банкротираше од други недомаќински работи, не од неквалитетни коли.
Ама, сега е 2008...
Европејците се сите со ист или приближен квалитет. Одлучува срцето. Останаа само стереотипите.
А онаа 4-ката што беше насадена на онаа платформата која ја носеа уште 23 модели (ако не се лажам) на Волксваген и др. марки од концернот и што имаше ужасно огромни тркала со кои не личеше на ништо...стварно беше така.