Големите "патриоти" од ОМД го наградуваат Киро Глигоров.

  • Креатор на темата Креатор на темата vancevtodor
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
За Животно Дело: Борба За Зачувување на Југославуја и ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО. Големите "патриотишта" од ОМД го наградуваат Киро Глигоров.

Обединетата Македонска Дијаспора со седиште во Вашингтон, САД, на својата Глобална Конференција, која се одржа од 23-25 јуни ова година во Вашингтон, му ја додели на Првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, Наградата за Животно Достигнување, како благодарност за неговото државотворно дело посветено на Република Македонија.
 
Е бе Киро бе уште една медаља, ај со нејзе ај без нејзе ќе се изгуби покрај партизанските.
 
Сигурно стотините македонски жртви по фронтовите на бивша ју ќе ги спомнат при доделување на наградата.
Како треба да оди доделувањето. Браво Киро, креатору на планот Изетбегович-Глигоров, верен следбеник на Милошевич до последниот ден,ти кој праќаше млади Македонци да гинат за интересите на тројца лудаци, ооооо ти државнику.
Катастрофа.
 
Дали знаеш што збориш?
Тој беше единствениот кој што ги спречи ЈНА да направат војна и во Македонија...
од такви како тебе ми се лоши :(:(
 
У ствари честитки до ОМД, нели тие го одликуваат.
--- надополнето: Sep 5, 2011 4:20 PM ---
Дали знаеш што збориш?
Тој беше единствениот кој што ги спречи ЈНА да направат војна и во Македонија...
од такви како тебе ми се лоши :(:(
мирно? и премногу мирно со оглед на фактот што постоеја отворени постоечки и можни фронтови со неколку републики и една покраина. Поприлично мирно ако не те мобилизирале за Косово или ако не те носеле на брза обука за Словенија.
We were next.
 
Не треба да се заборави и тој факт
 
Дали знаеш што збориш?
Тој беше единствениот кој што ги спречи ЈНА да направат војна и во Македонија...
од такви како тебе ми се лоши :(:(

Едно спречи со друго не утепа ,прифати да преговара за промена на нашето име и се откажа од Македонското малцинство во соседните земји,има и тој гревови од младоста
 
Едно спречи со друго не утепа ,прифати да преговара за промена на нашето име и се откажа од Македонското малцинство во соседните земји,има и тој гревови од младоста
Никој не е цвеќе за мирисање , особено политичарите :)
Но како и да е види пров со што не утепал , а што спречил
1-Почнал да преговара за името
2- Спречил ВОЈНА

Не знам за тебе , но јас би го одбрал помалото од двете "злоа" :):)
 
Neznam kolku i da go mrazime ili da gi osuduvame negovite odluki(bilo toa da se dobri ili losi) sepak treba sekogas da se dava poseben respekt kon nego poradi toa sto e prv Pretsedatel na Makedonija
 
мноогу одамна кога премиерот беше Никола Кљусев и тој предлагаше да се собере големо количество нафта за резерва поради можното грчкото ембарго на границата,а овој Киро се противеше и оп веќе воведе грчко ембарго и Македонија има недостиг за нафта и сега Киро вака -така и го промени името и влеговме во ОН,а да го посушаше Н.Кљусев и Македонија ќе имаше нафта барем 3 или 5 години зависи колку резерва ќе има и немаше да промени името и ќе најдевме чаре за влез во ООН. значи повеќе имам почит и респект на Никола Кљусев одколку Сакато Муоко:mad:
 
ne zaboravi deka so bugarija ja resivme naftenata kriza na obostrana korist
 
ne zaboravi deka so bugarija ja resivme naftenata kriza na obostrana korist
и што со тоа и пак ништо не решивме бидејќи Македонија е крстопат странските камионџии од цела европа поминува низ МК за да оди грчкото пристаниште и веќе нецела година МК е под грчко ембарго и сите шлепери поминуваа преку Албанија и Бугарија,а МК економска штета ;) а со Бугарија за обострана корист,но повеќе корист на БГ одколку МК ;)
 
Прва работа, повеќето од вас тука се копиљаци и поима немаат какви беа насоките кон кои целеше Киро у времето коа се осамостојувавме. Какви изјави даваше катадневно и што чинеше.
Да беше лично до него, ние ден денес ќе си бевме со Србија.

-Кога новоформираната десница викаше: -Луѓе не е прашање конфедерација или федерација, туку конфедерација или независност, левицата на чело со господинов одликуван и "реформираната" КПМ (после СДСМ) урлаа: -Вие сте националисти, сакате да ја рушите Југославија!

-Коа Хрватска и Словенија почнаа да размислуваат како да почнат да се интегрираат како независни во меѓународните организации, господинов одликуван сеуште праеше платформи за зачувување на СФРЈ (со муџахединон заедно).

-Под негово државно водство се деси најголемиот грабеж на демократијата (изборите 94), по кои следеше непречено довршување на најголемиот економски грабеж (приватизацијата по терк на луѓето од КПМ-СДСМ).

За што добил одликување не се знае.
Дали за елиминирање на националните симболи од знамето? Дали за откажување со устав, од Македонците во соседството? Дали за дебилното самооткажување од дел од сопствените корени - со фамозната негова изјава? Дали за замижување пред разбојничката приватизација на Македонија? Или за замижување пред флагрантниот фалсификат на изборите '94? Можеби наградата му е за ептен минатиот труд, за оноа у Втора Светска коа се изјаснил како Бугарин.
(фер е да се каже дека у добар дел од овие работи Бране имаше главен збор, али Киро даваше амин)
 
За што добил одликување не се знае.

... и такви како тебе никогаш нема да дознаат (сватат) , ама добро , секој си има свои сваќања ... а некои слепо веруваат во сваќањата на другите , жално , стварно жално :(:(:(:(
 
... и такви како тебе никогаш нема да дознаат (сватат) , ама добро , секој си има свои сваќања ... а некои слепо веруваат во сваќањата на другите , жално , стварно жално :(:(:(:(
Роднина си му?
Или си од СДСМ?
Или поима немаш што се дешавало тука у задњи два-триес години?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom