Одисејата досаден? Are you sure you are a sci-fi fan?
Како што направи вo Inception, и тука има тешки mind-fuck моменти, се гледа стилот дека е тој, само далеку подобро средена приказна беше за некој кој е лаик, и не знае баш многу за астрономија, астрофизика, и планетарни науки. Во повеќето вакви филмови или скоро ништо не се објаснува, или се објаснува така опширно, технички и детално, што филмот го губи шармот кај лаичката маса незапознаена подетално во врска со тие тематики. Филмов има 10ка од мене само поради тој фактор, што не е лесен за изведба, и 99% од филмовите го немаат истиот, што филмов го издвојува над многу, многу други.
Споредбата со Одисеја е истиот тој фактор, бидејќи и таму немаше претеризам, а мискот на мистеријата и абстрактноста остава лаикот да ужив аво филмот без да се замара премногу. И двата филма се тој 1%. Други моменти се човечкото егзистенцијално прашање, страдање, поттик, љубопитност, осознавање, мистериите, абнормалните феномени, космички филозофии итн. кои се испреплетени толку опширно и доловени квалитетно на екран колку и Одисејата во своето време. Заради тоа одредени луѓе сфаќам зошто би велечеле паралели со двата филма. Нормално дека Одисејата, според мнозинството, е далеку од повисок профил филм (со што се согласувам), но има основа за споредбата, тоа ми беше поентата.
Сфаќам и зошто ти заличи на Контакт, ама тие паралели се премали во спореедба со Одисејата. Ако идеме од таа гледна точка од која тргна, подеднакво потсеќа и на Армагедон (и таму и тука имаме непосредна опасност од изумирање на човештвото, татко-ќерка драма и емо-моменти, и во двата филма глуми еден од браќава Афлек
).
Инаку парадоксите ги решија во филмов, или јас нешто погрешно имам заклучено. Од каде тоа останале последици на временски парадокси?
Не знам зошто тој дел од постот не го стави во спојлер, ама ајде, ти си знаеш.