GLADIATOR II (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Темава е баш за такви филмови. Молбата е разгледана и одбиена,
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
офтопик:
Би ги замолил модераторите повеќе да не ставаат филмови како Пример кои се завршуваат со постови у стил: WTF was this?
Фала...

А овој ќе го погледнам утре обавезно...
Се моли филмскиот клан на Кајгана, да не бара да ставиме конкретен филм за дискусија (читај овој) на кој не ни сака да дискутира.
Фала...

Он топик: Меланхолија според мене има многу непотребни сцени и заради тоа му пишувам еден огромен минус, башка има и неколку нелогичности. Еве една која ми остана во памет, може некој ќе ми најде одговор. Коњот на Џастин никако не сакаше да помине преку мостот, а количката на сестра и со детето кога бегаше исто не сакаше да запали на истото место. Никаде не видов зошто е тоа така.
И друга работа, почнува филмов Џастин со маж и Мајкл се забавуваат доаѓајќи во кола, за после 2 саати тој да си спакува куферите, молчаливо заклучувајќи дека не требало да се венчаат.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Па... од каде да почнам... не можам да кажам „филмов не е за секого“ ќе ме тепаат :) Во секој случај, Триер прави комплексни филмови чие дејство се одвива бавно и обично кулминираат во завршницата. Со други зборови, ќе сакате да го исклучите после 20-30 минути, но за тоа нема потреба да пишувам тука пошто претпоставувам дека тие што се на темава, го истуркале до крај. Освен Бене, него очигледно не му значи ништо што има спојлери :)

Како и да е: филмов не ја поседува длабочината на Dogville (стрпете се, ќе дојде на ред) и има многу контраст во него. Од сосема неважни работи и карактери до перфектни сцени во кои Триер повторно се фокусира на човечката природа. Очигледно, на некој мистериозен начин, меланхоличната Џастин е единствената која точно знае што ќе се случи и успева да согледа колку се неважни, непотребни и бесмислени повеќето работи кои ги правиме. Се обидува да истурка низ свадбата која очигледно не е нејзина идеја но ја прави за да му удоволи на сопругот на сестра и, кој колку што извлеков заклучок има некој интерес од сите тие богати луѓе кои се поканети и за кои плаќа. Очигледно, Џастин не е посебно среќна ни со нејзиниот иден сопруг, но и понатаму поминува низ глупавите ритуали, таа е само декор, уште еден гостин на настанот. По некое време, таа ги согледува работите и решава да биде она што е и кажано по наши - да престане да прави „лице“. Сознанието дека е крајот е блиску и помага да го отфрли товарот и да се ослободи. Не знам како Џастин знае дека има 678 зрна во бокалот или дека немало живот никаде - важно е дека знае и дека тоа и помага да разбере дека сме мали, неважни, и дека постоиме во еден безначаен дел од времето.

Затоа и не ја фаќа хистерија од можниот крај, како што е тоа случај со сестра и, напротив, како се ближи филмот кон крај таа ја победува депресијата и рационално и смирено го чека крајот. Светот низ очите на Џастин е лошо место и го заслужува крај. Сцената во која Џастин лежи покрај реката гледајќи во Меланхолија е перфектна кинематографија, слика која ќе ми остане во сеќавањето.

Целиот втор дел од филмот во кој Триер се фокусира на Клер ја отсликува беспомошноста. Шарлот Гајнсбург се вика актерката која перфектно ни ги долови емоциите на една мајка која е соочена со сопствената смрт и со таа на нејзиното дете, и безизлезот во кој се наоѓа.

Филмот е бавно соочување со стравот и суровата реалност. Кулминацијата е во последната сцена која е едноставна и застрашувачка. Причината зошто сакам филмови како Меланхолија и Црниот Лебед е затоа што завршуваат во моментот кога филмот достигнува максимум, во моментот кога се соживувате со главните ликови и нивната приказна.

Саундтракот е морничав до перфекција, фотографијата е прекрасна. Кирстен Данст и Шарлот Гајнсбург одработија за 10-ка.

Пак ќе речам, не е така длабок филм. Визуелно е мастерпис, содржински не (обратно од Dogville). Не знам што оцена би му дал на ваков филм, но според мене, секој филм кој те остава да размислуваш за него, и секој филм кој има сцени кои се блиску до перфекција, треба да добие преодна оцена.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.320
Поени од реакции
15.574
Го пуштив, па тргнав да го прекинам, ве читнав у меѓувреме тука, ИОсоно до пола го прочитав и решив да му дадам шанса до крај, и не зажалив.
Ме предупреди интерашов дека првите 15тина минути се досадни, али мене првите 40 ми беа такви.
Кулминацијата е во последната сцена која е едноставна и застрашувачка.


Не знам, мене не ми беше застрашувачка, туку...

п.с. Кога се работи за крајот на светот, кулминацијата нели е секогаш на крајот? :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Реков дека за 20-30 ќе сакаш да го исклучиш, не реков ништо за досада :)
Свадбата е досадна поточно, не знам колку трае.
Не знаев дека се работи за апокалиптичен филм кога го гледав, што уште еднаш потврдува дека е најдобро да не знаеш ништо пред да го гледаш и да не си го убиеш факторот изненадување. Дури во сцената кога Клер го принташе графикот сватив дека дефинитивно ќе има удес. Кулминацијата е во тоа што постепено расте паранојата и беспомошноста кај Клер, треба малку да се соживееш со ликот.
И не, апокалиптичните филмови обично имаат катастрофа на почетокот на филмот или само се објаснува дека некогаш одамна се случила катастрофа... Ваков крај имаше Knowing со Николас Кејџ ако не се лажам.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Го гледав на 5 пати уште кога излезе зошто заспивав на секој првиот половина час од филмов, сакам спори филмови ама ова беше премногу и за мене. Се е во ред дека има солидна поента, глума, фотографија ама ептен е досаден.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.200
Уф... Не знам од каде да почнам... Изгледа од мојата оценка за филмот - црн бумбар. Не ми се свиѓаше. Еве зошто:

Како прво, филмот воопшто не ми беше досаден. Уживав додека го гледав, брзо ми поминаа тие 2 и кусур часа, сум гледал далеку подосадни филмови од овој. Не беше тоа проблемот кај мене.
Проблемот беше во тоа што филмот некако... не ми даде чувство на исполнетост. Кога го изгледав не се осеќав ни импресиониран.
Ајде да одам со позитивните работи прво.
Кирстен Данст е феноменална! Како одглуми, чиста перфекција. Актерката што ја глумеше Клер одлуми феноменално исто така, да добиеш чувство дека ги сакаш и ти се гади од нив во ист момент. Неверојатно, колку пати се воодушевував на способностите на Кирстен Данст кога се појавуваше сама во кадарот, само таа и цела сцена за нејзе... Мислев дека не е способна за ваква улога.
Сликата беше феноменална исто така! Го гледав на HD, многу добро искуство! Последно олку добро HD доживување сум имал на Cloverfield. Значи ретко, ептен ретко...
За саундтракот не коментирам, нема коментар - ПЕРФЕКЦИЈА!!!

После, би ги ставил овде, според мене, работите кои ме натераа да дадам црн бумбар на филмот.
Филмот имаше премногу нелогичности. Тоа е во ред, се додека се по некој концепт, по некој редослед. Едноставно имаше премногу нафрлани сцени за кои одговор не може да добиеме. На пример, како Кирстен Данст знаеше дека имало 678 зрна во не знам што таму.... и дека нема живот на друга планета?
Зошто коњот не сакаше да го премине мостот?
Кога Кифер Сатерленд ја прашува Кирстен Данст колку дупки има на теренот за голф, таа одговара со 18 и тој и вели дека е точно, а во последните минути од филмот кога Клер трча со детето во позадина на една дупка има бело знаменце со број 19. Но зошто?

Понатака, јас Триер не го сакам како режисер. Не сакам луѓе чие животно творештво е базирано на филмови во кои преовладуваат разни грди фетиши и долга минутажа добиваат сцени како мочање на терен за голф. Не сум до толку либерален за да прифатам и изгустирам во мозоков такви нелогични работи и игри со човечкото тело. Иако, секоја чест што во Меланхолија Триер успеа да ја слече Кирстен Данст. Кога ги видов нејзините гради под природно светло... тоа беше важен момент во мојот живот. Фала за тоа.

Исто така, филмот длабоко и не допре така до мене. Уствари не допре ич. Најконкретно да кажам - не ме убеди. И покрај совршената глума на двете главни актерки и претставувањето на Џастин и Клер како ликови, мене воопшто Меланхолија не ме направи... меланхоличен. Или било каков. Напротив, имав чувство на рамнодушност. А кога станува збор за вакви филмови, кои ни под разно не смеат да те остават рамнодушен, мене Меланхолија ме остави... за жал. Не го добив она што го очекував, можеби очекував повеќе поради тоа што филмот крена голема прашина. За мене ќе остане само еден неуспешен обид за прикажување на "човековата природа".

На кратко, да сумирам - јас филмов нема да го гледам повторно во животов. И два-три животи да изживеам ко Том Хенкс во Зелената Милја, јас нема да го пуштам филмов. Можеби некогаш за некому да му покажам што значи добра слика ќе му ја пуштам последната сцена. И првите 5 минути од филмот. Затоа што во првите 5 минути е уствари раскажан цел филм преку слики.

И за крај, греота е што толку безначајна и еднодимензионална улога му дале на толку талентиран и неверојатен актер како Кифер Сатерленд. Таков актер да глуми толку прост лик не сум видел во животов. Каков контраст, подобро нека ставеле мајмун и облечеле во костум само за таква улога... Не знам зошто и Сатерленд прифатил да глуми онаков лик.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Најдобра сцена свадбарската лимузина не ја собира е то.
Филмот глупост невидена нема приказна нема смисла заедно со Антихрист глупост Фонтриерска.

Дајте со карате некој да дебатираме :icon_lol:.
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
790
Само што го гледав Меланхолија и ми требаа некои 20-тина минути за да си ги соберам впечатоците па да можам објективно да го оценам како целост.
За почеток можам да кажам дека филмот ми се допадна. Не го оценувам како посебен или специфичен затоа што темата која ја обработува е доста црпена во филмската и книжевната уметност.
Во „Маланхолија“ се говори за меланхолијата - за тагата и депресивната состојба на човекот. И за таа проблематика се говори прилично добро.
Во прв момент карактерите не изгледаат убедливо и често изгледаат контрадикторно или чудно - но тоа го прави овој филм толку добар. Реакциите на ликовите се лајт-мотивот на филмот.
Ја имаме Џастин која е клинички случај на депресија, ја имаме Клер која е прибрана сопруга и мајка. Имаме прв дел во кој депресијата е плод на умот на еден човек и втор дел во кој депресијата е плод на неизбежноста на смртта.
Како што реков, ми требаше време за умствено да поминам уште еднаш низ овој филм, затоа што морам да признаам дека по последната сцена не бев премногу задоволен со комплетната структура на филмот. Ми изгледаше дека нешто не е поврзано како што треба, дека нешто е испревртено во временскиот параметар на дејството - едноставно мислев дека филмот е всушност нешто друго од тоа што го креирав како мислење во текот на гледањето. Меѓутоа кога размислив за него во целост, мислам дека тоа е тоа, и полека сите делови станаа едно.
Филмот можеби ќе биде критикуван како досаден, а некои делови и како непотребни. Јас воопшто не се сложувам со тоа. Првиот дел на филмот (поглавјето за Џастин) е сјајно градиво на страшниот крај. Крајот без почетокот едноставно не би бил ист. Моравме да видиме како депресивниот карактер реагира на среќата, за да ја сватиме неговата реакција на крајот на се што постои. Моравме да го погледнеме односот Џастин - Клер од свадбата, за да добие на тежина односот Клер - Џастин засолнети во „магичната пештера“ изградена од дрвца која ќе ги спаси од „судирот на световите“.
„Неуверливоста“ на карактерите мислам дека пред се се должи на уметничкиот стил кој го наметнува Вон Трир - секако дека тука има некои практични, научни, логички или каприциозни грешки, но според мене режисерот немал во план главната тема на филмот да биде судирот на планетите, туку човечките односи кога тие се соочуваат со неизмерна среќа и со бесконечна тага. Токму и затоа малку кичести детали во „Меланхолија“.
Депресијата е пореметување кое целосно ги менува „воспоставените“ перцепции за нештата... затоа Џастин не се однесува онака како што ние очекуваме да се однесува. Таа се труди да се смее на нејзината свадба, но едноставно не е способна за тоа. Таа живее за краткотрајните задоволства, во мноштвото тага, апатија и безизлезност.
Клер пак е нормална жена, која живее со тешкотијата на нејзината сестра. Таа ја приредува најскапата свеченост за неа, само за да и помогне да излезе од таа меланхолична состојба... но уште на почетокот (кога младенците доцнат и кога Џастин оди да ја посети шталата) знае дека тоа нема да помогне. Сепак, средбата со неизбежното истребување Клер ја претвора во депресивен и нерационален карактер, додека перцепцијата на Џастин на крајот останува непроменета. Меланхолијата знае добро да се постави во ситуација без излез. Ладнокрвно и смирено.
Данст феноменално ја игра ролјата на меланхолијата, и само ни покажува со каков „крај на светот“ секојдневно се соочуваат депресивните луѓе, состојба која, судејќи по многуте негативни коментари кои ги добива на светско ниво, сеуште не наидува на разбирање и емпатија.
Филм кој според мене треба да се погледне, без посебни предрасуди, без посебни очекувања и низ призма на моментите кога и ние сме се наоѓале во тешки, безизлезни и тегобни моменти - кога сме мислеле дека буквално „целиот свет се распаѓа околу нас“...

Би било убаво и кога би можеле да дискутираме за некои интересни симболи во филмот, како сликата од Бројгел за која Џастин треба да смисли слоган, или пак 19-тата дупка на голф-теренот, иако Џон специфично на неколку пати се пофалува дека теренот има 18 дупки, или пак симболиката на почетокот на филмот кој е навистина спектакуларен и воодушевувачки, или пак сликата на овоштарникот кој и го поглони сопругот на Џастин...

Но и покрај овие интересни теми, сепак онаа основната - тагата и депресијата го прави овој филм и ликовите во него толку впечталив.

П.С. Заборавив да го споменам и Вагнер... спектакуларно музичко ремек кое оди како создадено за „Меланхолија“.
 
Член од
11 септември 2011
Мислења
358
Поени од реакции
608
"Меланхолија" го гледав пред месец дена само поради Kirsten Dunst и можам да кажам дека е совршена екранизација не темата за апсурдот . . .

Филмот е направен во два дела, првиот дел е фабулата и сите симптоми за апсурдот се наоѓаат во првиот дел кога се случува свадбата, а вториот дел е само кулминација и симболичен приказ на апсурдот. Филмот во целина е вид екранизација на книжевно дело со тематика за апсурдот во состав од два дела од типот на "Чекајќи го Годо", "Странецот" итн.

Препознавање на апсурдот:
Во првиот дел Џасмин задоцнува на сопствената свадба каде се присутни сите вработени во фирмата кaјшто таа работи и нормално присутен е газдата на фирмата-нејзиниот претпоставен што ја организира скапата венчавка во елитна и ексклузивна вила. Џасмин се соочува со првата апсурдна ситуација зашто бизнисот постојано и се меша и и го диктира нејзиниот љубовниот живот, а веднаш потоа следува сцената со нејзината доминантна мајка која има улога на незадоволна кучка која постојано го понижува сопствениот сопруг-таткото на Џасмин и јасно и гласно пред сите кажува дека е против љубовта генерално и против бракот како институција ставајќи ја Џасмин во уште една апсурдна ситуација. И сите колеги од работа и мајка и, сестра и Клер, и зетот се во исчекување додека Џасмин се буди од заблудата дека ќе биде среќна во бракот со нејзиниот вереник и тоа го осознава додека го гледа својот татко како стоички го поднесува понижувањето свесен зашто немал среќа во бракот бидејќи неговата сопруга и мајка на Џасмин изјавува пред сите дека никогаш не го сакала. Во очекувањето на завршниот чин сите надежи за љубовта крунисана со брак умираат кај Џасмин и таа почнува меланхолично да се помирува со судбината (да се помириш со судбината е генијална мисла на Блаже Конески).

Помирување со судбината:
Вториот дел од филмот е плод на нејзината имагинација и не станува збор за апокалиптично сценарио на судир на месечината со земјата и тоа никогаш не се случува во реалното време на филмот и постои само како фикција од гледната точка на ликот додека гледачите го перципираат нејзино фасцинантно, неверојатно и космичко помирување со апсурдот зашто целиот филм почнува со сцената кога Џасмин го замислува сударот на месечината со земјата додека лежи на една ливада и се помирува со горчливата судбина. А Клер е само дополнување на нејзината нереализирана среќа, Клер е симбол на реализирана и исполнета жена, сето она што Џасмин никогаш нема да го исполни: да биде жена што ќе стане сопруга и ќе има сопруг и дете.

Затоа мое мислење е дека не станува збор за психолошки трилер што бара психолошка опсервација на ликот на Џасмин и анализирање на некаква агонична или депресивна состојба, туку само за прикажување на апсурдот поставен во необична примена на научно-фантастичен жанр.

"Меланхолија" можеби за повеќето е глуп и досаден филм ама тоа е исто како да читаш некоја книга од Достоевски зашто ретко кој разбира што прочитал.:)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Dogville (2003)


Продолжуваме со Триер и неговото благо-речено „шокантно“ дело - Dogville. Прв дел од трилогијата USA - Land of Opportunities која сеуште не е комплетирана (во 2005 е снимен Manderlay а се очекува и Washington).

За љубители на филмови кои отстапуваат од вообичаените норми, нема подалеку отиден филм од овој. Филмот снимен на една сцена, со објекти нацртани со креда, минимум мебел, предмети и ефекти, е на спротивната страна од блокбастерите, обидувајќи се да докаже дека глумата и приказната се она што навистина е важно.

Самиот филм беше оценет како „анти-американски“ и беше дочекан на нож од критичарите преку барата. Иако приказната може да се смести во било каде, она што ги изреволтира се фотографиите и музиката кои одат во одјавната шпица а кои асоцираат на „Земјата на слободните“. Тоа додуша си е нивни проблем, но влијае на глобалната оцена на филмот за кој Квентин Тарантино има изјавено дека да бил напишан за претстава, Триер ќе освоел Пулицерова награда.

Да се вратам накратко на приказната:
Грејс (Никол Кидман) е девојка која бегајќи од гангстери доаѓа во еден мал планински град наречен Догвил, каде го среќава Том (Пол Бетани), кој ја убедува дека нема многу изгледи да пребегне преку планините и подобро е да остане во градот. Но за да го направи тоа, Грејс треба да добие согласност од сите жители во градот, што автоматски ја прави немоќна додека другите добиваат власт врз неа...

Филмот е инаку морална приказна и главните морални прашања во градот и покренува Том, кој иронично ќе се покаже како човек кој не ги достигнува своите морални убедувања. Интересно е размислувањето дека Грејс (и името посочува на тоа) ја симболизира ќерката (во случајов) на Бог, додека нејзиниот татко кој се појавува на крајот е Бог химселф, што очекувам да биде интересна тема за дискусија овде.

Во секој случај, крајот ме остави без текст, посебно делот за семејството кое има деца. Страшна трансформација на карактерот. И тука ќе скратам заради спојлери но ќе ги предупредам љубопитните дека понатаму нема да пазиме на тоа зошто всушност, затоа и ја отворивме темава, па кој сака да си го расипе задоволството нека повели.

Филмот го почнав одамна и го исклучив после 20 минути а грешката ја сватив некои 5 години подоцна. Единствена забелешка ми е должината - филмот трае 3 часа и бара постојана концентрација за комплетен впечаток. Мене не ми беше досаден но претпоставувам на многумина времетраењето ќе им го убие филингот.

Споредбено со Меланхолија, филм кој исто така ми се допадна, Догвил е сепак далеку, далеку подобар филм.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.320
Поени од реакции
15.574
Феноменален филм, утре повеќе, сеа не можам да гледам :)
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Не знам дали е премногу ако го наречам ремек-дело. Иако на прв поглед поради минималистичкиот стил изгледаше дека ќе биде досаден филм, испадна токму спротивното. Минимализмот всушност допринесе за поголема поврзаност со ликовите и со целата ситуација. Филмот е едно поинакво искуство. Дур не го гледав филмот, не знаев дека вакви филмови можат да постојат. Филмот ме запозна со Вон Трир и ми стана омилен филм ever, а Трир ми стана омилен режисер.

Актерите се неверојатни, особено Никол Кидман. Филмот би го препорачал на сите оние кои сакаат интересни приказни, приказни со значење и приказни каде не се' е како што изгледа.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.200
Решив повеќе да не се дружам со Триер затоа што ми е одвратен, ама постот на ИосоноИнтериста ме стави во дилема, готово и да ме убеди :) така да ќе му дадам шанса на филмов.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.320
Поени од реакции
15.574
Туу не знам што да пишам...

Делот со децата, оправдано или?

Дали едни фигури можат да се израмнат со невини деца???
 

Kajgana Shop

На врв Bottom