M
MD_
Гостин
Верувам има доволно луѓе што пратат Џиро ди Италија затоа и отварам тема да коментираме за трката
Годинава се одржува 100 јубилејно издание на Џиро ди Италија, во моментов се вози 18тата етапа од Моена до Ортисеи 137км долга планинска етапа. Вклучувајки ја и оваа денеска остануваат уште 4 етапи од кои 3 планински и последната индивидуална хронометрашка која ќе се вози од популарната стаза во Монца а ќе заврши во Милано.
Моментално лидер и носител на розевата маичка е Том Думолен (Санвеб) пред Наиро Кинтана со +31 секунди а трет е минато годишниот победник и “домаќин“ на оваа трка Винченцо Нибали кој има закаснување во моментов од 1 минута и 12 секунди. Веројатно победникот ќе се бара од овие тројца иако место на подиумот ќе бараат и многу други возачи како Пино, Закарин, Позовиво и Молема кои возат доста добро и сигурно ќе атакуваат на повисок пласман до крајот
Пред 16тата етапа Домулен имаше солидна предност но поради проблеми со стомакот (wc ) приморен беше да направи кратко запирање при што изгуби значајно време и сега опасно му се приближија Кинтана и Нибали. Следниве 3 планински трки очекувам да бидат вистински тест за Домулен кој ќе мора да ги издржи нападите од Кинтана и Нибали (лично јас не верувам дека ќе успее) сепак доколку успее да ги задржи на пристојно време ќе може да се надева на розевата маичка бидејки последната трка е хронометар - специјалност на Домулен.
Кој е вашиот фаворит ? Јас типувам и навивам за Нибали иако знам дека ќе биде ужасно тешко