Giro d'Italia 2017

  • Креатор на темата MD_
  • Време на започнување

Кој ќе победи според вас ?

  • Tom Dumoulin (NED)

    Гласови: 5 55,6%
  • Nairo Quintana (COL)

    Гласови: 2 22,2%
  • Vincenzo Nibali (ITA)

    Гласови: 2 22,2%
  • Некој друг

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    9
M

MD_

Гостин
Верувам има доволно луѓе што пратат Џиро ди Италија затоа и отварам тема да коментираме за трката :)

1.png

Годинава се одржува 100 јубилејно издание на Џиро ди Италија, во моментов се вози 18тата етапа од Моена до Ортисеи 137км долга планинска етапа. Вклучувајки ја и оваа денеска остануваат уште 4 етапи од кои 3 планински и последната индивидуална хронометрашка која ќе се вози од популарната стаза во Монца а ќе заврши во Милано.

Моментално лидер и носител на розевата маичка е Том Думолен (Санвеб) пред Наиро Кинтана со +31 секунди а трет е минато годишниот победник и “домаќин“ на оваа трка Винченцо Нибали кој има закаснување во моментов од 1 минута и 12 секунди. Веројатно победникот ќе се бара од овие тројца иако место на подиумот ќе бараат и многу други возачи како Пино, Закарин, Позовиво и Молема кои возат доста добро и сигурно ќе атакуваат на повисок пласман до крајот

Пред 16тата етапа Домулен имаше солидна предност но поради проблеми со стомакот (wc :)) приморен беше да направи кратко запирање при што изгуби значајно време и сега опасно му се приближија Кинтана и Нибали. Следниве 3 планински трки очекувам да бидат вистински тест за Домулен кој ќе мора да ги издржи нападите од Кинтана и Нибали (лично јас не верувам дека ќе успее) сепак доколку успее да ги задржи на пристојно време ќе може да се надева на розевата маичка бидејки последната трка е хронометар - специјалност на Домулен.

Кој е вашиот фаворит ? Јас типувам и навивам за Нибали иако знам дека ќе биде ужасно тешко :D
 

Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Ако Кинтана напаѓа (и притоа победи) во следните планински етапи, има теоретска шанса да победи во генерален пласман. Во хронометар се прават јаките разлики, а знаејќи какви топови од нозе имаат Нибали и Думулан, а колку слаб е Кинтана во истата дисциплина, сепак фаворити се П1 и П3.

Според мене, ќе истера Думулан до крај, ако не го фати пролив уште еднаш :D Цепки ситуација, како и да е :)
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Мојот нов омилен Том Думоулин. Се надевам ќе победи и покрај тоа што изгуби 2 минути пред некој ден.

 
M

MD_

Гостин
Домулен почна да да провоцира денеска прво ова

А сега и изјавува дека се надевал дека Кинтана и Нибали ќе ги изгубеле местата на подиумот а заборава дека допрва идат најтешките 2 планински етапи

Мотивација плус за Кинтана и Нибали, се надевам ќе го истресат јако уште утре :D
 

Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Да бидам искрен, и двете страни се во право. Думулан ги тегнеше сите нагоре во последните километри, и има право да се лути што не сакаа да влечат. Од друга страна, тактички одлично од Кинтана и Нибали е да го пуштиш лидерот да влече и да се измори додека ти возиш поволно темпо, па да го испукаш во последните километри.

Арно ама, холанѓанецов се покажа дека има сила да ги извлече со темпо со кое нема да им дозволи да се свежи пред финишот. :)

Утре и задутре ќе биде интересно, а едвај чекам да дојде хронометарот, секако моја омилена дисциплина.
 
M

MD_

Гостин
Да бидам искрен, и двете страни се во право. Думулан ги тегнеше сите нагоре во последните километри, и има право да се лути што не сакаа да влечат. Од друга страна, тактички одлично од Кинтана и Нибали е да го пуштиш лидерот да влече и да се измори додека ти возиш поволно темпо, па да го испукаш во последните километри.

Арно ама, холанѓанецов се покажа дека има сила да ги извлече со темпо со кое нема да им дозволи да се свежи пред финишот. :)

Утре и задутре ќе биде интересно, а едвај чекам да дојде хронометарот, секако моја омилена дисциплина.
Многу стратегии се во игра тука, според мене Нибали и Кинтана не се замараат толку дали ќе бидат на подиум туку атакуваат само на прво место.

Затоа и вчера го оставија да влече Домулен да се истроши а во исто време ги навлекоа и Пино и Закарин, јес да овие двајца најверојатно ќе атакуваат само на подиум ама од кај ги знаеш како се осеќаат:) ќе има доста напади а може и да нападнат за највисок пласман па тука се надеваат Кинтана и Нибали дека можеби Домулен ќе „попушти“?

Во секој случај не му требаа провокациите на Домулен вчера, ќути и вози па докажи ако си најдобар..
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Го јадеше Том изгледа. Премногу стратегија за мене. :D
 

Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Цела етапа бркаше нешто, де конкурентите кога се подели пелотонот, де пукната гума, де неспособните тимски колеги што не знаат да се позиционираат... па се истроши за крајот. Иначе ако остане ваква разликава, Кинтана нема апсолутно никакви шанси за победа во генерален пласман. Многу очаен хронометраш е, и секогаш е со огромна разлика позади конкурентите.

Затоа, утре треба да потегне како денешниот победник на етапата и да си направи убава разлика со цел да анулира дел од загубите кои ќе ги претрпи во хроно. Следни два дена за Кинтана треба да се „цигла“ :)

@Acohipmk едвај чекам да почне TdF, да видам што ќе кажеш за стратегијата на Sky :rolleyes::D
 
M

MD_

Гостин
Во пресрет на утрешната последна етапа

1. Кинтана
2. Нибали +39
3. Пино +43
4. Домулен +53
5. Закарин +1.15
6. Позовиво +1.30

Домулен на крај и не изгуби толку многу, според мене иако не изгледа баш најсвеж (во споредба со Пино и Кинтана пример) ми се чини ќе се врати на врвот

Има реални шанси на крај Кинтана и да не биде на подиум :D
 

Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Во пресрет на утрешната последна етапа

1. Кинтана
2. Нибали +39
3. Пино +43
4. Домулен +53
5. Закарин +1.15
6. Позовиво +1.30

Домулен на крај и не изгуби толку многу, според мене иако не изгледа баш најсвеж (во споредба со Пино и Кинтана пример) ми се чини ќе се врати на врвот

Има реални шанси на крај Кинтана и да не биде на подиум :D
Тројца извонредни хронометраши, ќе биде крваво утре! Кинтана ако не извади нешто од ракав, може да се слика со подиумот кога ќе се симнат другиве тројца. :icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr:

Мој тип за генерален пласман по утрешниот ТТ:

1. Думулан
2. Нибали
3. Пино

...и Кинтана со оправдување дека се чувал за TdF. :LOL:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: MD_

Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Сори за дупли пост (ваљда ќе се спои со горниот), интересното во TT почнува од 16:32 часот, т.е. тогаш почнуваат возачи како Боб Јанглс на кои возењето им зависи од тоа дали ќе бидат први во соодветната класификација :)
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Ги истресе од гаќи! Браво Том. Вие мене хартија нема да ми давате а. Хахаха. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom