Ги повторувате ли грешките од минатото?

  • Креатор на темата Креатор на темата *princess*
  • Време на започнување Време на започнување
Значи ако оставиле голем впечаток во мене НЕ ги повторувам но ако е тоа некоја мала работа може да се повтори. Ако ми текне дека пак сум ја направил истата грешка после неа не верувам дека по 3 пат ќе се случи.
 
Ау гледам да не ги повторувам посебно тие опасните по живот :icon_bigg.Учам од своите грешки и ќе учам се додека сум свесен како свесно битие.
 
Сите ги повторуваме грешките од минатото. Тоа ни е во човековата природа и кој и да каже поинаку се лаже. Треба човек да се изгоре или ептен лошо или да се ептен многу паи изгоре за да му екне да ја поправи грешката.

Јас повеќе би рекла дека човечки е да се греши,но не и да се повторуваат грешките,повторно и повторно...Но зошто сепак ги повторуваме?:toe:Можеби од страв од нешто ново,можеби сме се надевале дека овој пат ќе биде подобро,поинаку и така како што сакаме,или понекогаш(ова мислам дека е најретко) навистина од глупавост..Но ако се глупави сите луѓе што ги повторуваат грешките,тогаш прашање е што се трпи светов....
 
Грешките се повторуваат несвесно затоа што ние луѓето имаме одреден механизам во нашиот ум кој што не тера да го правиме тоа. Едноставно нашето внимание ни е заглавено во таа една почетна грешка што сме ја направиле, и неможејќи да се соочиме со тоа ние повторно и повторно ја повторуваме таа грешка.
 
Ти како што напомена,учиш од своите грешки..Ако учиш тогаш си свесен дека грешиш,свесен си за грешките,тогаш зошто некои ги повторуваш??И кога несвесното станува веќе свесно,тогаш и според тоа,тој механизам,одреден(што не верувам ни дека постои),фактички и се губи,затоа што сваќаме што правиме и кон кој правец се движиме,дека повторно можеме да се изгориме,на истиот начин и истиот оган...Или пак повторно мислиш дека сепак нешто подсвесно повторно нас не контролира,дури и кога сме веќе освестени(свесни) на каков пат се движиме....
 
Знаеш кога се учи од грешките? Кога сам ќе свати човек што е грешка, а што не. Кога несвесното ќе стане свесно се случува чудо, не се повторува грешката затоа што човек е свесен за нејзе и коренот на тоа нешто. И грешката станува искуство кое што не се повторува во иднина.
 
не само што ги повторувам, туку правам нови и тоа често!!!
 
Знаеш кога се учи од грешките? Кога сам ќе свати човек што е грешка, а што не. Кога несвесното ќе стане свесно се случува чудо, не се повторува грешката затоа што човек е свесен за нејзе и коренот на тоа нешто. И грешката станува искуство кое што не се повторува во иднина.

Па баш за тоа зборувам јас,за свесното повторување на грешките,затоа што не секогаш ги претвораме во искуство.Зошто ги повторуваме свесно и јас не знам,набројав некои можности предходно,но не мора да значи дека се точни,сепак тоа се некои мои заклучоци по моја логика...Сепак фала за објаснувањето во предходниот пост..:back:
 
Некои грешки од минатото ги повторувам а некои не. Не се тоа којзнае колку сериозни грешки кои, но сепак кога ќе ги направам повторно се чувствувам лошо. Но сепак досега сум научила од многу грешки и се трудам да не ги повторувам.:toe:
 
Чудно, но ваљда можам да се пофалам оти сум таков по природа.
Ги повторувам истите грешки over and over. И секогаш психолошки се јадам и си ветувам оти ќе престанам и пак ништо. Освен ако се работи за љубовен план. Ако еднаш сум се изгорел, не го правам пак. И ако јас некогаш некого сум изгорел исто.
 
Се обидувам да не ги повторувам, но не е секогаш онака како што сакаме. Учам од моите грешки, по малку и од грешките на другите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom