Ghost of Tshushima

  • Креатор на темата Креатор на темата dace@mkd
  • Време на започнување Време на започнување
Поиграв сабајлево и позитивни се првите импресии. Општо ме потсеќа на Хорајзон, во тоа каков тип на игра е. Што за мене е супер. Комбатот мене не ме интересира премногу, ама интересен е.
 
Демек не ви е јасно зошто на конзолите им се потребни ексклузиви?
Еве уствари Плејстејшн можеби почна да попушта, па некои ексклузиви ќе добиваат и РС верзија после некоја година, нормално. Хорајзон е одличен избор, дефинитивно ќе ја играм пак на РС со сите подобрувања.
 
Заради продажба на конзоли нормално дека затоа ги чуваат екцклузивните игри.
Инаку би сакал јас некои игри како demon souls и bloodbourne ама нема, нешто се збореше дека bloodbourne ќе дојде на пц ама сега за сега ништо.
 
Инаку гласот на Џин на Јапонски е од легендата Kazuya Nakai еден од најдобрите гласовни глумци на денешницата, штета што ја посрале синхронизација Сакер Панч.
 
Инаку гласот на Џин на Јапонски е од легендата Kazuya Nakai еден од најдобрите гласовни глумци на денешницата, штета што ја посрале синхронизација Сакер Панч.
Ќе и дадев шанса на јапонски, ама ептен ме нервираат такви ситници, не можам.
А и Куросава моуд е добра замисла, се додека не ти дојде мисија да бараш виолетови цвеќиња :D
 
Ќе и дадев шанса на јапонски, ама ептен ме нервираат такви ситници, не можам.
А и Куросава моуд е добра замисла, се додека не ти дојде мисија да бараш виолетови цвеќиња :D
Не видов дали го има овој дел во видеото кое го постираше но види на 18:50 има еден дел каде што треба да се протне Џин низ една вратничка во ѕидот, и го прави тоа доста смотано, и не знам дали ме разгалија Ноти Дог си мислам сега да беше ова Ноти Дог игра Јуна ќе ја задржеше вратничката, ќе пружеше рака на Џин, овој ќе се провлечуваше лека полека, па ќе се истреше од прашината, или пак можеби ќе имаше изненаден напад од некој монгол и ќе притискаме квадрат да се одбранеме, се е во анимациите, ова ништо не значи во поглед на мисијата, но би му дала душа на квестот, затоа се цареви Ноти Дог, знаат да ти го доловат овој филинг.
 
Така си е. Исто и анимацијата кога отвараш врата во куќите, ептен брзо ја отвараш и одма ја затвараш дури и да има некој со тебе. Исто и ако другиот излезе пред тебе истата анимација си е, па ти треба пак да отвараш. И многу вакви слични работи, се движам низ шума и проаѓам низ стеблата на дрвата. Ама да, на некој начин и не е фер да очекуваш затоа што ретко кој може да им се приближи на Ноти Дог во тој поглед. И на доста ривјуа истото го спомнаа, дека ако играш ова после ЛоУ, потребно е малце време за да се навикнеш на тоа дека ова не е ЛоУ.
Ама не е премногу битно тоа за целото искуство. Мене се повеќе ме навлекува играта, пред малце стигнав до втор акт. Како што пишав претходно, во стил слична ми е на Хорајзон и ептен ми се свиѓа тоа. Интересното овде ми е што мене никогаш комбатот не ми е битен, и што полесно можам да убивам противници, подобро. Е тука баш интересен ми е комбатот и направи да сакам повеќе предизвик, да се потрудам и да научам како да ги користам сите можности.
 
Ја завршив јас приказната вчера. Дефинитивно игра што вреди да се изигра. Не ми остави некој премногу силен впечаток после Лест оф Ас, но е игра која во секој сегмент си е добра. Комбатот ми беше доста интересен и нуди според мене доволно разновидност за да не ти здосади. Дури и ме натера да поиграм на најтешко ниво при крајот и да пробам да го совладам.
Најсилниот елемент дефинитивно е светот. Прекрасно направен, и им успеало баш тоа што сакаа да го направат. Да сакаш да истражуваш и да се шеташ наоколу. Посебно на почетокот кога ќе имав некоја мисија за која треба подалеку да патуваш, тргав и правев по пат се друго што ќе ми излезеше. Може и два саати да поминат и веќе да заборавиш која ти била иницијалната цел уствари. Во случајов тоа според мене не е негативно, затоа што уживаш во сите активности кои можеш да ги правиш.

Ептен се мислев дали сакам да ги завршам прво сајд квестовите, пред да ја пуштам последната мисија од главната приказна. Решив да си завршам со главната, ама сега чистејќи се останато сфатив дека се зезнав. Треба бар квестовите за одредени ликови со кои соработувате да ги завршите пред крајот на приказната затоа што доста подобра ја прават сите тие информации кои ќе ги добиете за секој од ликовите кои се борат со вас. Не се утнуваат, по 9 мисии се за секој лик. Тоа ми е препорака за сите кои понатаму ќе ја играат.

Мене ми останува сега да го превртам секој камен од островот, во квестот по платинум :D
 
Мислам дека е време да се отвори тема за гласање за најдобра ПС4 ексклузива, бидејќи ова е последната.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Мислам дека е време да се отвори тема за гласање за најдобра ПС4 ексклузива, бидејќи ова е последната.
За мене God of War дефинитивно. Иако, ги немам сеуште изиграно The Last of Us II, Ghost of Tsushima, Horizon Zero Dawn и Bloodborne. Првиве три ги имам на сонито, али немам време да ги изиграм. Bloodborne не е мој тип на игра и не верувам дека уопште ќе ја изиграм. Оставам простор за првиве три да ме импресионираат, али не очекувам дека ќе ми ја надминат God of War.

Јас пак најмалку сум за Год оф Вор, повеќе ме влече Хоризон, еве сега уште малку и со глушец+тестатура ќе се игра по втор пат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom