Абе комплексни што да ти кажам

Нема врска , малце шала, се разбравме
Повеќе за општествените процеси во однос на геополитика
Тука спаѓа моралниот компас
Ајде за Православие ќе кажеме нешто..
Православието не е само религија, многу повеќе од религиозно гледиште кое има само правила и прописи
Конкретно македонскиот збор асоцира на религија и затоа кај нас тоа е така толкувано.
Пример „Orthodox“ може да се однесува и на гледиште на наука и филозофија,конкретно традиционален, класичен и општоприфатен поглед.
Терминот се појавува со Аристотел и античките, па опстојува низ средните векови каде што Христијанската теологија се развивала низ традиционални концепти и вредности од Месијата, додади на тоа смисла, логика итн..
После доаѓа Ренесанса и Просветителство, научниот метод и негово развивање, па врз основа на тоа се разделуваат филозофија и науката.
Филозофијата станува концептуална и логичка, а науката практична и експериментална
Значењето на зборот е „Of the right opinion“
Исто може да значи „that which was from the begining“
Нејсе, поентата е дека таква методологија и тоа толкување е основа за се што е постигнато до денеска.