Генерален штрајк на СОНК

  • Креатор на темата Креатор на темата alex-st
  • Време на започнување Време на започнување
Сите сме на школо, со часови од по 20 минути, колку само за да не обработуваме понатаму. Што значи за максимум 2 саати ќе сте дома. Подобро така отколку да ми скратат распуст, да не можам да се одморам на раат од тоа кучињата :).
 
Е стварно се нервирам вака! Ова е немогуче! Може еднаш асално да се знае нешто? А не еден едно збори, друг друго? Бог да чува! Еве на А1 што пишува...

Цветановски: Генералниот штрајк на СОНК продолжува и утре


30.11.2008 17:41Владата и СОНК се приближуваат до взаемно прифатливо решение за барањата на просветарите. Што содржи предлогот кој ретерирал во цврстите ставови една недела од почетокот на штрајкот, лидерот на СОНК не открива, ниту со кого денеска во Владата разговарал.
„Се уште не можам да кажам дека сме блиску или далеку од изнаоѓање на решение. Има извесни доближувања на ставовите, меѓутоа тоа не е доволно да прекинување на штрајкот“, вели Дојчин Цветановски, СОНК.
Оптимизмот на СОНК сепак не значи и крај на штрајкот во училиштата. Цветановски посочува дека штрајкот ќе продолжи и утре. Сепак, се наметнува дека штрајкот поприма други димензии.
10-тина основни училишта од Скопје веќе најавија дека од утре ќе започнат настава. Директорите на средните училишта апелираа за изнаоѓање друга форма на штрајк. Апелираа за почеток на наставата и совети на родители, меѓу нив и на средното медицинско во Скопје.
Штипскиот огранок на СОНК се откажа од штрајкување и училиштата започнуваат со настава. Градинките продолжуваат со работа.
Два дена по најавата, во СОНК без дециден одговор дали претседателството утре ќе го започне најавениот штрајк со глад поради големите политички притисоци.
Во Скопје како поддршка на штрајкот пристигнува и претставник од интернационалата за образование од Брисел, а за состојбите ќе биде информирана и канцеларијата на Европската унија.
АМАН ЧИТАЈТЕ ОВА !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
 
Aбе ние читаме, штрајкот продолжува, ама ќе посетуваме настава колку да не отиде се` јабана :smir: Да немаше штрајк ќе не вратеа со по 45 минути.
 
ај чекам одговор утре од тие од 1вата смена у СР у гимназијата шо се:smir: поарно да одаме нашколо се забравих така ного знајаах саа па:tapp:
 
АМАН ЧИТАЈТЕ ОВА !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Штрајкот на СОНК.. :)
Не на Професорите.
Одредени лица ќе штрајкуваат и со глад од утре , па ?? Тоа да не треба да значи и прекин на јадењето ??

Утре имаме часови , скратени и без испрашување и тестови (па богами не ни може тест на скратени ) .. :)
 
малее саа осекам оти ке менат и професоре и директоре низ шкоолте у РМ:helou:
 
Посетувајте си настава колку што ви душа сака. Јас не одам на школо додека Цветановски не каже оти штрајкот е прекинат. Се надевам ќе уживате со по 5 деца у паралелка.
 
За Струмица, за гимназијата... Кажаа ако сабајле тие имат настава и ние ке сме имале... (од класната)
 
Kaжи и на класната ти оти Ристо е заљубан у нее.
 
ние во Гимназијата Св.Климент Охридски-Охрид не учиме а и појкето други основни и средни не учет освен угостителското мислам дека ке почнет да учет макар со не ми се вервит:toe:
 
Браво пријателе! Еве мој човек!

Нема учење додека штрајкот не се прекине и барањата на професорите не се задоволат.
 
Посетувајте си настава колку што ви душа сака. Јас не одам на школо додека Цветановски не каже оти штрајкот е прекинат. Се надевам ќе уживате со по 5 деца у паралелка.

Мој човек, респект:mist:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom