Генерален штрајк на СОНК

  • Креатор на темата Креатор на темата alex-st
  • Време на започнување Време на започнување
Преку К. веќе од нив.Не користат за да си ги исполнат своите цели...
А да треба да дадат некој потпис или поддршка никаде ги нема!
Нека штрајкуваат со глад или нека легнат на автопат(ќе се молам некој да ги прегази)или нека кампуваат пред влада или нека вршат по едно харикири на 1час се дури не им ги исполнат барањата-просто кажано:Што сакаат нека прават ич к. не ме боли само нека не ме мешаат мене(или кој било друг ученик)во тоа!
 
Ама ако има штрајк дефинитивно ке ги обработиме сите испуштени дена така од министерство било наредено
 
Секој има право да го искаже своето незадоволство. и ја, можеби, сум против тој штрајк бидејќи ќе не тераат да обработуваме саботи, но ако сметаат дека треба да го направат тоа, нека го направат.
Не се согласувам со тебе дека они по цело лето уживаат. Можеби немаат толку работа како преку годината, но идат на училиште.
За тоа колкава им е платата, мислам дека е мала, но гледано со другите професии, па тука некаде е :)
За што одат они на училиште на летен распуст само кафето да го испиат и да си раскажат шо сонувале или кај биле на одмор како си поминале бла бла.
Инаку против сум овој штрајк оти ќе не терат да учиме сабота а може и да ни земат денови и од зимскиот распуст.:uvo::uvo:
 
...- Во понеделник од средните училишта сигурно нема да се штрајкува во гимназијата „Славчо Стојменски“ Штип, бидејќи наставниците не се членови на синдикатот... :nesvest:
wtf како тоа не се членови на сидикатот.
 
незнам како знам дека и од корчагин исто не се членови на синдикатот...веројатно се плашат да не ги изгубат работните места или..?
 
Втората точка гласи: "Генералниот штрајк се одржува во просториите на установите во работно време утврдено со прописите на дејностите и трае се до остварување на Барањата на СОНК." - Значи, ќе си учиме, во зависност од професорот/наставникот, ќе има МОЖЕБИ некои промени, ама е многу релативно тоа, а мислам дека ќе се држи целосна настава, како и секогаш. :)
Каква глупост кажа сеа...

Образованието од понеделник ќе штрајкува

Коментари (39)
prazno.gif
prazno.gif
22.11.2008 19:16
uciliste.jpg
Учениците од понеделник на принуден одмор
Од понеделник нема да работат училиштата, во градинките нема да се одржува воспитна настава. Образованието се крена на штрајк. Одлуката на синдикатот за образование наука и култура е донесена пред неполн час.
Десетици илјади ученици од почетокот на идната недека ќе останат дома.
Господине Цветановски, зошто се одлучивте на ваква мерка?
После повеќе месеци преговори со ресорните министерства, не дојдовме до решение околу три клучни барања, и денес после шест часовни преговори на вонредна седница на советот на СОНК, повторно не дојдовме до решение.
До кога ќе трае штрајкот?
Тоа не зависи од нас. Зависи од ресорните министерства, и се надевам дека владата ќе се вклучи во изнаоѓање на решение. Ние почнуваме во понеделник а штрајкот ќе трае се додека не најдеме решение.
Кои се вашите клучни барања?
Потпишување на колективни договори за основното и средното образование, и нивна примена во делот на платите и надоместоците од 1.1.2009-та година. Соодветни колективни договори за градинките, културата, високото образование и науката посебно. Надоместокот за исхрана да изнесува 20% од просечната плата во Република Македонија. Реални трошоци за превоз и трансформирање на работниот однос на сите што се на определено време, на неопределено, доколку не постои објективна причина за да бидат на определено време.
Платите се мали, или постои преголема вработеност во образованието? Може ли на друг начин да се реши тоа?
Тие што работат, треба соодветно да бидат платени, соодветно на сложеноста и значењето на работното место. Повеќе години укажуваме дека просветните, културните и научните работници се под секое ниво на сложеноста на работното место. И споредено со другите плати во јавниот сектор во нашата држава, да не зборуваме споредено со соседните држави.
Зошто секој година децата се жртви? Виновни ли се тие за синдикално-владините несогласувања околу вашите права?
Синдикатите во цел свет на ваков начин штрајкуваат. Се затвораат училиштата, нема настава. И во тие држави жртви се учениците. И во Германија, и во Јапонија, и во САД.
Не постои друг начин да се изборите за вашите права?
Постојат преговори. Еве после неколку месеци не успеавме. Значи најлесен и најдемократски начин се преговорите. За жал не успеаја преговорити, значи наредно е штрајк. Со можност да се радикализира.
Што значи тоа?
Доколку се оди на тоа да се ставаме на испит колку време ќе издржиме, веројатно ние ќе го радикализираме.

значи, штрајкуваат децата дома да останат, а не да идат на настава. Кај го гледаш штрајкот ти, како го манифестираат, ако професорите предаваат, и учениците присуствуваат на час ?:jaj:
 
Значи го постирав ова кога не беше ОФИЦИЈАЛНО, воден од одлуката на СОНК http://www.sonk.org.mk/odluka.html. Немаше доволно информации во врска со случајот.

Од друга страна, најголемата загуба ќе ја имаат учениците од Струга. Веќе обработуваме 20тина дена изгубени со штрајковите за Етничките смени, кои и ги добивме. Уште 9 дена остануваат за дообработување, со ова што сигурно ќе трае мин 1-2 недели, ваљда ќе одиме саботи до крај на година.
 
нас ни кажаа дека прва смена нема да учи ке се штрајкува а ние што сме втора ке учиме
малери:icon_eek:
...молим??? аа ќе ме вида мене у Пон втора смена а прва дома да си седат..аа нека се радуаа!!
..ја нејчем да имамо штрајк...заш нејчем после у субота да идем у школо и за време на викенд да ја гледам зорка, божа и лети :cry: НЕЈЧЕМ:cry:...Чисти глупости праа проф...зарем сакаа бе да ида на работа у субота?? :uvo: ...+ дали они помислиле на нас? дали помислиле дека на учениците единствени денови им се сабота и недела да се одморат од нив?? :nerv:
 
Значи го постирав ова кога не беше ОФИЦИЈАЛНО, воден од одлуката на СОНК http://www.sonk.org.mk/odluka.html. Немаше доволно информации во врска со случајот.

Од друга страна, најголемата загуба ќе ја имаат учениците од Струга. Веќе обработуваме 20тина дена изгубени со штрајковите за Етничките смени, кои и ги добивме. Уште 9 дена остануваат за дообработување, со ова што сигурно ќе трае мин 1-2 недели, ваљда ќе одиме саботи до крај на година.

Хммм не ти го сфатив ова.
 
...молим??? аа ќе ме вида мене у Пон втора смена а прва дома да си седат..аа нека се радуаа!!
..ја нејчем да имамо штрајк...заш нејчем после у субота да идем у школо и за време на викенд да ја гледам зорка, божа и лети :cry: НЕЈЧЕМ:cry:...Чисти глупости праа проф...зарем сакаа бе да ида на работа у субота?? :uvo: ...+ дали они помислиле на нас? дали помислиле дека на учениците единствени денови им се сабота и недела да се одморат од нив?? :nerv:

Никој не те прашува дали сакаш или нејкеш. Има штрајк и крај. Бидејќи имаат некои причини кои се изјаснети до владата и истите тие се одбиени, нека штрајкуваат. Зар ти некогаш си помислила за доброто на професорите ? + него не му е вклучено во платата да ти мисли, дали можеш да станеш во сабота или во понделник. Ја те свакам потполно, истото и за мене важи, ама тоа е тоа.
 
Не сум сигурен во работиве што сега ги кажувам бидејќи незнам колку се променети работите откако не сум ученик во средно (што законски измени, што синдикални) ...

1) Штрајковите се на работно место - значи наставниците/професорите треба да дојдат на работа..

2) Наставниците/професорите мораат да ги „згрижат“ оние ученици кои дошле во школото (од различни причини)

3) Ако штрајкува СОНК - право на професорите кои не се членови на СОНК е да одржат настава - бидејќи они како не челенови на истите не се имуни на последиците - плус нив не им се дава 60% од месешна плата (како за оние кои штрајкуваат)

Значи - дали ќе има или нема настава понедленик сепак зависи од секое школо засебно ...

Во секој случај - најмногу губат учениците кои најверојатно ќе треба да одработуваат ... :toe:
 
А што е со факултетите? Погоре се спомнати во барањата на синдикатот:toe:
 
Значи - дали ќе има или нема настава понедленик сепак зависи од секое школо засебно ...

Во секој случај - најмногу губат учениците кои најверојатно ќе треба да одработуваат ... :toe:
е глупото е што саботи ке учам зошто они добиваат ниски плати
мислам дека секоја година веќе има штрајкови

а кажаа ан вести дека вратите на сите училишта ке се затворени и ке нема настава а мене ми рекоа да идам зошто сум 2 смена
ама нема да идам:nenene:
 
Ако штрајкуваат ќе нема настава, а кога ќе го добијат тоа што го барале ќе не тераат да одиме во школо. Тоа е факт!
Они штрајкуваат, а ние по еден саат во школо. Ние сме си на настава, ама професорите не се заинтересирани за работа. Да дојдеме во сабота во школо - извини, јас си бев на настава ама тебе те немаше и крај!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom