Гејминг војна

  • Креатор на темата Креатор на темата Џои
  • Време на започнување Време на започнување
Графиката е таа што ја гледаме сега, поголеми разлики јас не очекувам. Ќе се гледа на деталност и физика. Со оваа графика ќе си седиме сигурно 3-4 години според мене. А иначе животот на една конзола е отприлика 10-тина години што е и повеќе од доволно.

Јас сфаќам која е графиката, ама ме сфаќаш ли ти мене...што ти зборев за PC гејмингот, односно неговата предност? :)

Иначе животот на конзола е 5-6 години, барем досега. PS1 во 1994, PS2 во 2000 и PS3 во 2006. Не знам од кај извади дека е десет, според досегашните "животи". :)
 
Многу си го сакам пц-то дека до сега неколку пати ми се зезнал некој дел, и си го менуваш без проблем. Ако такво нешто ти се случи на конзола треба да ја фрлиш. Ps2 сеуште се продава, истот ќе биде и со пс3 и со хбох 360 10 годинки сигурно ќе наполнат.
 
Поефтина? : )

Try again.

Па да, поефтина е. Што мислиш, што е поефтино - да поседуваш компјутер и да имаш 15-тина игри на него или да имаш РЅ3-ка и да имаш купено 15 игри?

Ако збориме дека некаков телевизор веќе имаш, тогаш PS3 на launch-date ти доаѓа 500 евра, а истиот PC (конфигурацијата према PS3) тогаш беше 1500 евра. Само фората е што сите ние купуваме дел по дел, прво процесор, па графичка, па рам додаваме, итн...па мислиме дека ни доаѓа поефтино.
Со PC има предност, исто така го користиш за работа, сурфање, скајп и слични работи, но хеј, дури и не-квад-кор со графичка-од-25.000 го може тоа.

И не гледајте само на 1 трошење, PC-то што си го купил во 2006та за 700 евра, ќе треба да фрлиш уште 300 евра во 2008ма за графичка, 300 во 2009та за процесор, нешто ситно за рам и слични тракатанци...Константно се замараш со надградби, графички и слични глупости.
Уредникот на Hacker има фино доловено - "Кога PC гејмерот гледа игра во списание, си вика "Абе, ќе ми ја фати ли мене оваа, глеј графикава". Кога конзолашот ја гледа, си вика "Ау топ графика еи, едвај чекам да излезе и да се распалам на неа".
Епа ако се има доволно пари, т.е. се поседува ѕвер пц, пц гејмерот ќе си го поставува истото прашање кое го поставува конзолашот, погоре. Конкретно зборам, ако имаш РЅ3-ка, ќе бидеш многу ограничен со игри, освен, се разбира ако не си некој богаташ што 50 евра му се као 50 денари. Затоа се се врти околу парите, исто и за првиот цитат што те цитирав погоре.. Xbox-от е друга работа, пиратерија ради, али ако веќе поседуваш РС не ти треба и Xbox, истите игри ќе ги играш. Океј, освен ексклузивите што се, а и нив ги има во мал број. Би купил конзола само за ексклузиви? (:

Графиката е таа што ја гледаме сега, поголеми разлики јас не очекувам. Ќе се гледа на деталност и физика. Со оваа графика ќе си седиме сигурно 3-4 години според мене. А иначе животот на една конзола е отприлика 10-тина години што е и повеќе од доволно.

Чувај си по 200-250 евра годишно за надградба на компјутерот, па ќе видиш колку ќе ти трае...
 
Сигурно некој од вас во Артиклите на Кајгана го прочитал ова.
Ѕирнете па кажете ми што мислите :helou:
 
За 250 евра купуваш конзола и уживаш ехеееееееее минимум 6 години.
 
Сигурно некој од вас во Артиклите на Кајгана го прочитал ова.
Ѕирнете па кажете ми што мислите :helou:

Ова чудово кога го тестираа имаше ептен голем лаг и многу сецкања, така да засега далеку е од перфекција.
 
Цитирано од текстот "Оптимистите најавуваат дека OnLive ќе ги уништи играчките конзоли и ќе го редефинира гејмингот" па да далеку е од перфекција но доколку им успе на стварно би било еден нов начин на гејминг...замисли сите игри што ги посакуваш да ги имаш пред нос :)
нема да знаеш од која да почнеш да играш :nesvest:
 
Сигурно некој од вас во Артиклите на Кајгана го прочитал ова.
Ѕирнете па кажете ми што мислите :helou:

Цитирано од текстот "Оптимистите најавуваат дека OnLive ќе ги уништи играчките конзоли и ќе го редефинира гејмингот" па да далеку е од перфекција но доколку им успе на стварно би било еден нов начин на гејминг...замисли сите игри што ги посакуваш да ги имаш пред нос :)
нема да знаеш од која да почнеш да играш :nesvest:

Оптимистите? Јас повеќе би рекол дека луѓето од OnLive пробуваат да си го рекламираат нивниот „производ“, бидејќи и така досега нема стекнато некоја голема популарност. Како што рече Ерт, тестирано е и има мнпгу лаг и сецкање. Башка, треба да имаш конекција минимум 40-50 mb/s.. И, плус, најбитното, знаеш дека софтверов доколку искочи нема да биде бесплатен? Ќе има огрмни цени за користење на услугите.. И вака-така, ко ќе видиш, исто ти се фаќа..
 
Хммм...во право си, ми го смени мислењето и + тоа би се плаќало на месечна претплата па така исто ти се фаќа :kajg:
 
Иначе немој да претерувате со цените за ПС3 игрите. Не се 50-60 евра туку нова игра кога излегува е некаде 2400-2500 денари. Додека после неколку месеци, цената драстично опаѓа, еве на пример Фајнал Фантази 13 се продава за 1300 денари (со вклучена поштарина).
 
ErT во право е God of War 1и2 за PS3 е пколу 1400 а кај нас на старо е околу 2000-2500...така да ако зимате игри од Југотон и сл може да ве фатат и до 5000-6000 што треба да си ненормален,очаен или пак да имаш длабок џеб...За пример:ја нарачав Eyepet заедно со камерата за PS3 од sendit.com и ме фати околу 2200..а кај нас несамо што не можам да ја најдам играва но и камерава само на старо ја најдов и тоа ми бараа 2200 и со ценкање ми ја стуштија на 2000...

...такада не ги гледајте цените кај нас..прошетајте по нет на www.amazon.co.uk www.sendit.com и сл.(каде што ја има Македонија во подржаните држави).
 
Не знам зашто забегуваме со муабетите. :)
Не знам кој од вас кога почнал со гејминг, али ние во 2001/2002 се ПЛАШЕВМЕ да купиме PS2. Глеј, тогаш, ако го купиш, ќе пројдеш поефтино од PC да склопиш, ама радоста ќе ти трае година/две максимум. Еи, тогаш на PC искачаа бомба игри, во графика, во се ЖИВО И ДИВО беа класи над оние од конзолите. И ти ако купиш PS2, главиш со истата графика 5 години, а на PC за пет години знаеш дека ќе има ебено јаки игри, во секој аспект подобри и помоќни од оние на PS2.
Да не збориме за Кантер и Дота, нешто што беше поим за тогашниот гејминг.

И сега, flashforward во 2010, каде што една PC игра ги шие овие во графика - Crysis. Па ко воли, нек изволи, али израчунајте колку пари ќе потрошите за Crysis на макс да ја вртите, при 1280*720 резолуција еве. :)
Од друга страна, Forza Motorsport, Gran Turismo, God of War, Tekken и слични ѕвездени игри нема никогаш да ги видиме.
Од трета страна, додека некој ја плеска Conviction на Xbox360, јас на мојот PC за кој во последните 2 години сум фрлил само 700 евра (нова матична, квад кор, 6 гига рам, графичка со DX10) ќе се мучам и ќе ја вртам на 1024*768 и пак ќе ми сецка и прави проблеми. Решение, нова графичка - 200 евра. И за кој ќар? :)

Кога 10% изгледа играта подобро на PC него на конзола.
Ерата на PC заврши. Ја убија EA пред се, па и Ubisoft. Сите други само ги следеа. Сега ем е поскапо да имаш PC за гејминг, ем не ти НУДИ ништо повеќе (океј, MMORPG и Blizzard настрана, за нив не ни треба прејак PC), те дупат со кракови, те дупат со закаснети наслови.

Купете си Xbox, верувајте дека кога играте од 3 метри далечина на телевизор, нит ќе приметувате дали има пуштено АА, AF или која резолуција била играта...:)
 
Ах, колку фунти вкупно ти дојде EyePet-от? На www.shopto.net ја има за £19.85 еве линк,
http://www.shopto.net/PS3/STAR BUY/...es PlayStation Eye Camera and Magic Card.html
 
Хммм...во право си, ми го смени мислењето и + тоа би се плаќало на месечна претплата па така исто ти се фаќа :kajg:

Да, а и под знак прашалник е и дали овој „софтвер“ ќе биде достапен во Македонија, и како ќе идат тие срањата со плаќање месечно, и дали воопшто ќе биде возможно од тука, од Македонија.

Не знам зашто забегуваме со муабетите. :)
Не знам кој од вас кога почнал со гејминг, али ние во 2001/2002 се ПЛАШЕВМЕ да купиме PS2. Глеј, тогаш, ако го купиш, ќе пројдеш поефтино од PC да склопиш, ама радоста ќе ти трае година/две максимум. Еи, тогаш на PC искачаа бомба игри, во графика, во се ЖИВО И ДИВО беа класи над оние од конзолите. И ти ако купиш PS2, главиш со истата графика 5 години, а на PC за пет години знаеш дека ќе има ебено јаки игри, во секој аспект подобри и помоќни од оние на PS2.
Да не збориме за Кантер и Дота, нешто што беше поим за тогашниот гејминг.

И сега, flashforward во 2010, каде што една PC игра ги шие овие во графика - Crysis. Па ко воли, нек изволи, али израчунајте колку пари ќе потрошите за Crysis на макс да ја вртите, при 1280*720 резолуција еве. :)
Од друга страна, Forza Motorsport, Gran Turismo, God of War, Tekken и слични ѕвездени игри нема никогаш да ги видиме.
Од трета страна, додека некој ја плеска Conviction на Xbox360, јас на мојот PC за кој во последните 2 години сум фрлил само 700 евра (нова матична, квад кор, 6 гига рам, графичка со DX10) ќе се мучам и ќе ја вртам на 1024*768 и пак ќе ми сецка и прави проблеми. Решение, нова графичка - 200 евра. И за кој ќар? :)

Кога 10% изгледа играта подобро на PC него на конзола.
Ерата на PC заврши. Ја убија EA пред се, па и Ubisoft. Сите други само ги следеа. Сега ем е поскапо да имаш PC за гејминг, ем не ти НУДИ ништо повеќе (океј, MMORPG и Blizzard настрана, за нив не ни треба прејак PC), те дупат со кракови, те дупат со закаснети наслови.

Купете си Xbox, верувајте дека кога играте од 3 метри далечина на телевизор, нит ќе приметувате дали има пуштено АА, AF или која резолуција била играта...:)

Се сложувам со горе наведеното, али делумно. Само, еднино нешто, мене не ми се дава над 20.000 денари САМО за да играм игри и за некои ексклузиви. Ако е така пак, подобро со овие 20.000 денари да го надоградам пц-во (Quad 2.66 & HD5870) и да напраам уште појак ЅВЕР(:)), па да го користам во наредни 5-6 години. Што мислиш, ќе се води ли истиов муабет за xbox-ов за 5-6 години? Којзнае што уште нема да се појави во наредниве години, xbox-от сосема ќе го снема, океј, нема да е толку популарен т.е. ќе биде делумно заборавен. Ако па толку ви се сака да го имате филингот као да играте xbox, земи си еден HDMI кабел, земи џоистици, инсталирај 2p игрици и плешај со другари колку ти душа сака. Секако, таман работа, дека не е исто, али барем колку толку ќе го имаш филингот :)
Па тука се и PS1, PS2 и Wii емулаторчињата што уште толку допринесуваат за филинг и атмосфера..

Вака-така, се вртиме со муабетиве во круг, цело време :)

Зборот ми е, не се исплати xbox-от, според мене барем..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom