Natus Vincere (Na`Vi).. CS клан од Украина...Учествуваа на IEM(Intel Extreme Masters) Season 4..
Колку што можам, пратам гејминг сцената, и прв пат ги видов, досега не бев чул за нив... Кога правеа интервју на фаворитите, сите велеа дека Na`Vi ги сметаат меѓу најлошите 3 тима во IEM, ако не и најлош..
Кланот, нема ни спонзор, ни сајт, ни канал на IRC..
Но, набргу почнаа да доминираат во групата.. Првите две игри беа по 15 рунди разлика..
Потоа, беа ставени против фаворитите во нокаут фазата.. Ги победија mousesports (европските шампиони), ги победија Evil Geniuses (американските шампиони).. И во финале, ги победија fnatic, (второ место на европските квалификации)..
Значи, тимот победи на IEM, а беа тотални аутсајдери....
Како што гледаме, немаат ни спонзори, ни ништо, така да нема голема разлика помеѓу нашите и нивните услови...
А со победата, тимот доби 50,000 долари..
Како што е со професионалните тимови, 10-20% одат на тимот, другите пари одат на играчите... Значи најмалку секој играч од тимот си обезбедил по 8000 долари, или тоа би значело по 650 долари месечна плата, цела година..
Звучи убаво?
Плус рачунајте дека како шампиони на IEM (еден од најголемите турнири во светот), ке бидат магнет за спонзори, така да тука ке добијат нешто исто така...
При интервју, играчите рекоа дека тоа било резултат на многу напорно вежбање, и гледање на демоа на други тимови за да научат некоја тактика/финта(или како да кажам), и да знаат што да очекуваат од противникот..
Немале многу добри услови, успеале.. Резултат на поголем труд..