Geforce 7 или 8?

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.698
Поени од реакции
288
Ќе склапам нов компјутер,па разгледував неколку графички:

1. GAINWARD BLISS 7600GS 8040 512MB PCI-E RETAIL 110 evra
2. GAINWARD BLISS 7900GS 8194 256MB PCI-E GS 160 evra
3. GAINWARD BLISS 7950GT 512 MB TV 240 evra
4. eVga 7950 GX2 1GB 240 evra
5. Gigabyte GV-NX795T512H-RH (7950) 260 evra
6. eVga 8800 GTS 320 MB 270 evra (мојот фаворит)

Е сеа,да има доста картици,али ме интересира која највеќе би ми се ислатила да ја зеам со оглед на тоа дека не играм толку игри,али едитирам видеа (не 3д).Муабетот со DX10 не ми е баш посзнат,али гледајќи ги benchmark-овите 8800 ја тепа и 7950dx2-та по резултати.Не ми треба нај хај-енд карта,али у исто време немам намера да давам пари за нова најмалце 2,5-3 години.

Значи, би причекал уште некој месец,ај ако може да ги искоментирате сите картички по малце.

пс HDCP незнам дали ќе ми треба наскоро,али планирам да си зеам монитор со тоа,па нека биде тоа како нешто пожелно (и пишете кое е вашето мислење околу тоа,дали ќе биде пробиено,вреди-невреди да се купува device што го подржува).

Уф,уморих се,извинете за дооолгиот пост али мислам дека појаснив што ми е муабетот.
 

Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
Ако немаш намера да мењаш карта 2-3 години, ондак постави го ова прашање негде у јуни или јули па ке ти пишеме што мислиме. Издржи со старата картичка уше 2 месеци.
 
Член од
2 февруари 2006
Мислења
1.500
Поени од реакции
160
И јас исто мислам, почекај да излезе комплетната серија 8 на nvidia и радеон r600 и види што имаат да ти понудат
 

Razor

u jelly?
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.544
Поени од реакции
168
ako nejkes da cekas predlagam da si zemes ATI nekoja od XT modelite
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
smole напиша:
Ќе склапам нов компјутер,па разгледував неколку графички:

1. GAINWARD BLISS 7600GS 8040 512MB PCI-E RETAIL 110 evra
2. GAINWARD BLISS 7900GS 8194 256MB PCI-E GS 160 evra
3. GAINWARD BLISS 7950GT 512 MB TV 240 evra
4. eVga 7950 GX2 1GB 240 evra
5. Gigabyte GV-NX795T512H-RH (7950) 260 evra
6. eVga 8800 GTS 320 MB 270 evra (мојот фаворит)
Болдираните не би ги пипал пошто тие ЕВга се мнооогу лоша марка...
Гејнвордот се најбоље у перформанси ама ја би глеал пред се да е ем 8 серија ем ддр3 со 10ка...
Затоа почекај 4 месеци или више
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.698
Поени од реакции
288
Mac)) напиша:
Болдираните не би ги пипал пошто тие ЕВга се мнооогу лоша марка...
Јас баш болдираните би ги земал.eVga е ТОБ марка,а и многу луѓе кои искочиле од Gainwаrd се сега во eVga,а и по перформансите на нивните производи се гледа зашто.

Mac)) напиша:
Гејнвордот се најбоље у перформанси ама ја би глеал пред се да е ем 8 серија ем ддр3 со 10ка...
Затоа почекај 4 месеци или више
Немора да значи дега ако е Gainwаrd е најбољи. Иначе "8 серија ем ддр3 со 10ка" единствено може да укаже на 8ХХХ пошто од 7600GT па навака сите се со ддр3,а DX10 има само 8ххх.

Али ја не би чекал,не гледам зашто.Ако ми се може да си ја купам најаката серија зашто да не? Е,сеа се додека не ги земам сите компоненти (меѓу кои го чекам долго најавуваниот пад на цените за 1 недела) нема да ја зимам графичката т.е. планирам да ја остаам за на крај пошто и така не ми се брза нигде,а машинава си ја градам полека,но со голем ќеиф и пажња кон сите компоненти.

8600 излагаат на 17,па да видиме што цени ќе имаат!
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Добро бе....бараш совет и коа ти кажувам уште црвено ми даваш :pos:


Као прво нејќев да ти приговарам ама листава ти е најблаго речена смешна...разликата у цени од графичка до графичка ти е накај 200 евра

Ако ти е за едитирање видео земи си некој процесор со кеш многу не се замарај со графички

А ако више си решил и си цврст на ставот не знам зашо тема отвараш :)

Као второ прашањето е дали 8ххх серија или 7ххх...затоа ти реков дека најубаво е 8ххх со гддр3 и пред се ради directX 10...
А за меморијата стварно тотално е небитно дали ќе имаш 512,768 или 1 гига...се над 256 е непотребно освен ако не планираш да идеш над 2000 резолуција на 108 сантима телевизор
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.698
Поени од реакции
288
црвеното е ради тоа си eVga.Се кладам дека никогаш не си ни користел таква,а ја сереш.

Листата е напраена така да почне од доста ефтини картици пошто муабетот ми е дали одма да зеам 8800 или да идам со некое срање (условно речено) додека да искочат поефтините/поднат цените на 8800.

и ај нема да реплицирам за меморијата... ме мрзи да пишувам. И битно е пошто кога сум сам сакам да се пуцам на ЛЦД-то у дневна,а и на surround да си рокнам,а нејќам да имам духови на сликата.

Edit:Ај ќе ве послушам,и додека не го склопам целиот пц нема да земам графичка,раководејќи се од правилиото:Кој прв купува го јаде!
 
Член од
18 јули 2006
Мислења
34
Поени од реакции
0
Со истото и јас се замарав изминативе недели... најдобар избор денес дефинитивно е EVGA Geforce 8800 GTS SuperClocked 320 MB на Амазон (само тие испорачуваат во Македонија и тоа само ако иде преку TigerDirect).

Битно ми беше што картицата е многу тивка за разлика од 8600 GT, GTS или x19xx од ATI, без разлика дали XT и Pro. Лошата работа е што ќе ти бара додатен конектор за струја (2 конектори као за хард-диск) и троши 240 W

8600 GT и GTS имаат добра цена и GT-то не бара додатен конектор, али се многу бучни и се поспори од постариот Radeon x1950 Pro, кој е иста цена.

Иначе стои „денес“ затоа што ако не ти се брза, почекај да излезат новите Radeon HD 2600 XT (што и мене ми е многу тешко да се стрпам).

P.S. Каде ја има картицата за 270 евра?
 
Член од
18 април 2007
Мислења
6
Поени од реакции
0
да деее

Брат знам дека сите ти викат да чекаш:coffee: ама пусто не се чека:motor::motor: знам од искуствоо ......:baeh:
 

Arioth

Purpletrator
Член од
20 февруари 2007
Мислења
527
Поени од реакции
82
epa sea slusaj vamu. za eden mesec maksimalno izlagaat novite na AMD-ATI(DAAMIT) HD 2800XT. brat e toa ti e masina.ima vgraden procesor za zvuk sto dopolnitelno ne ti go preoptovaruva glavniot procesor.ima vgradeni HDMI izlezi.(najnovo video i audio povrzuvanje bez zagubi).vo odnos na NVIDIA 8 serijata se apsolutni favoriti.Kolku za sporedba najjakata nVidia 8800GTx vadi protok na podatoci okolu 90 GB/s.AMD-ATi Hd 2800xt vadi impresivni okolu 160 GB/s.memorijata na pojakite modeli e cisto DDR4.na poslabite DD3.site karti se DIRECT X10 i SHADER 4 kompatibilni.znaci imas lamja u kuka.rabotat na pogolemi taktovi od nVidia.a za cenite ne stanuva zbor.Nvidia sekogas e i ke bide poskapa od ATI.znaci za istite pari so ke vrlis za 8 serija dobivas 20-40% pobrza kartickas.e sea tvoe e dali ke cekas 2 meseci.do togas ke se pojavat na nasiot pazar.najverovatno prvo vo anhoch posto oni nosat striktno ATI.a veke koga frlas tolku pari za graficka moj predlog ti e da pocekas
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.698
Поени од реакции
288
@redguy666

картицата ја има за 300 евра али сосе ДДВ во Грчка,така да симни 30 евра и ја имаш.

И едно прашање за тебе: Тоа за испораката од амазон за Македонија сигурен си? Не маваат царина и данок на граница?Си нарачувал некад?Знаеш некој што нарачувал?

Со други зборови те молам објасни поопширно,пошто верувам дека многу луѓе ќе ги интересира ова.
 
Член од
18 јули 2006
Мислења
34
Поени од реакции
0
Значи вака, за испораката во Македонија да, но треба одбереш друг vednor преку Amazon.

Тоа у превод значи: ја одбираш картицата, ти пишува опција освен Amazon што ја продава директно, има и на пример уште други 9 new & used (нас не интересира само new). Кликаш на тоа и одбираш преку TigerDirect (има и други што испорачуваат во МК, али овие се меѓу најдобрите и се најефтини).

На основната цена ти додаваат $72 за испорака во Македонија и обично стига за 2-3 недели.

Во пошта кога ќе ја подигаш картицата може да ти земат 70 денари ради „handling“, но царина не би требало пошто не е предвидена за компјутерски делови. (http://www.customs.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=61)

За друг што нарачувал, не познавам. Ако има нека пише искуство да знаеме.
 

Cyber lord

Кајгански Лорд
Член од
3 мај 2007
Мислења
348
Поени од реакции
3
Vaka kako prvo neka ne ti idat u plan GS kartici ako se zanimavas so Editiranje Video ili neso slicno.Drugite se u red, ama ako pocekas uste 2-3 meseca ke iskoci GeForce 8600GTS OC so 256Ram cenata ke bide okolu 200-250 evra.Za taa cena dobivas dobri performansi i sekako DirectX10 podrska mnogu bitna za toa za sto ti treba.
Znaci moja preporaka e eVGA NVidia GeForce 8600GTS OC(overclocked).
 

Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
За 2-3 месеца не искача 8600GTS OC туку 8600GTS со 256 битна меморија, со перформанси ке биде тука негде со АТИ X1950PRO така да ако кошта повеќе од 200 евра никој нема да ја купува. 2ра работа е што на 15ти искача АТИ HD2600, ривалот на 8600GTS па ке биде веселооо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom