Првиот човек на Газпром, во директни преговори со првиот човек на сè во Либија, Моамер Гадафи, понудил руската компанија да ги откупи сите резерви на нафта и гас на земјата.
"Либија позитивно го оцени предлогот на Газпром за купување на сите идни количини на нафта и гас, наменети за извоз по пазарни цени," стои во соопштението на компанијата.
Со ова Газпром продолжува со својата стратегија да бара безбедни извори на снабдување, кои се наоѓаат надвор од Русија и посебно да ја зголеми контролата на гасот што се увезува во Западна Европа.
Можниот договор ќе ја зголеми загриженоста на ЕУ од растот на доминацијата на Газпром на европскиот пазар за природен гас, посебно во период кога главните производители во Унијата, Британија и Холандија имаат намалено производство на гас.
Либија, која инаку е членка на ОПЕК, заради близината до Европа, почна да привлекува се повеќе внимание како потенцијален извозник на гас во Унијата.
Според пресметките Либија има резерви од околу 41,5 милијарди барели нафта.
Инаку, Газпром неодамна отвори свои канцеларии и во Алжир, еден од трите водечки снабдувачи на ЕУ со природен гас, по Русија и Норвешка. Паралелно со тоа Газпром е и во преговори со Нигерија за учество во планираниот гасовод од земјата до Алжир.
on.net