Гасификација во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
Ако си во право, а звучиш како да си, тогаш стојам поправен.
Нагласив дека не сум во тек окулу либерализацијата на пазарот, последна информација на која се сеќавам е изјавата дека ја одложуваат за некое време за „да ги заштитат потрошувачите„.

Но од твојот пост, не можам да заклучам дали зборуваш само за правни или и за физичките лица. Пошто јас зборував за физички лица, и нивната неможност да го продадат вишокот електрична енергија. Сигурен ли си дека ова сега е можно?

Како и да е, сакам да се информирам повеќе за ова. Би било љубезно од тебе да посочиш некој извор за подетални (концизни, по можност) информации.


Проблем е тоа што сонцето не е константен извор на светлина за да може од соларните централи континуирано да се произведува онолку енергија колку што имаат потреба потрошувачите. Овој проблем е ист и за 100% ефикасни панели и за 1% ефикасни панели. Решенијата за континуирано обезбедување на конзумот се премногу скапи. Едно решение е со батерии, друго е со реверзибилна акомулациона хидро-електрана.
Овде мислам дека зборуваш за индустриска намена, или ако е за физички лица -за целосно функционирање без приклучок на мрежата. Цените на фотоволтаик панелите постојано паѓаат, прашање е само на време кога цената на струјата ќе биде доволно висока за инвестиција во фотоволтаик панели да биде лесна одлука.
 
Во Април 2014 се спроведе втората фаза на либерализација на пазарот на е.е. со која околу 45% од нашиот пазар е либерализиран. Она што се одложи е третата фаза на либерализација во која сите потрошувачи требаа да имаат можност да изберат свој снабдувач на е.е. Сега таа трета фаза ќе се одвива сукцесивно од 01.07.2016 па до 01.07.2020 при што правото на потрошувачите да учествуваат на либерализиран пазар ќе им се овозможува во согласност со вкупната годишна потрошувачка од изминатата година. Во јули 2016 ќе излезат сите кои во 2015 потрошиле над 1000MWh енергија. Во јули 2017 ќе излезат сите кои во 2016 потрошиле над 500MWh, па по таа година оние кои потрошиле 100MWh, па 25MWh и на крај целосно ќе се отвори пазарот.

Согласно Законот за енергетика, физичко лице неможе да продава електрична енергија. Можат само правни лица кои имаат соодветна лиценца и кои се регистрирани кај операторот на пазар на е.е. Но, дури и физичките лица да имаат такво право/можност, тоа нема никаква смисла кај нас затоа што електричната енергија произведена од PV е неколку пати поскапа од онаа која како физичко лице можеш да си ја купиш од ЕВН.
Да земеме прост пример. Да речеме дека имаш голема куќа со голем кров на кој ќе монтираш PV. (ако се монтираат на земја трошоците се поголеми, а процедурата е многу покомплцирана затоа што треба да се обезбеди одобрение за градење). Да речеме дека имаме 160m^2 кровна површина. На таа површина можат да се монтираат 80 панели од 250W (1.64m x 0.99m), односно 20kW инсталирана моќност на централата. Eден просечено-квалитетен панел кошта околу 300 евра по комад за количини под 100 парчиња. Констукција, инсталација и монтажа чини минимум 20 евра по панел.Просечен 20kW трифазен DC to AC инвертер чини околу 5000 евра. Поврзување на инвертерот, каблирање и слично кошта бар уште 500 евра. Да го собереме сето тоа:
- 80 панели x 300 евра = 24000 евра
- 80 монтажи на панели x 20 евра = 1600 евра
- Инвертер = 5000 евра
- Поврзување на инвертер = 500 евра
ВКУПНО: 31100 евра

За да видиме колку енергија во текот на една година ќе добиeмe со оваа централа ќе го искористиме овој калкулатор кој релативно е многу точен (+/-10% грешка). Според него, годишно можеме да очекуваме скоро 30MWh производство на енергија. Ако одиме по пазарни цени, за 2015 цената на енергијата во Македонија ќе биде околу 50 евра по MWh. Тоа значи дека годишно ќе заработиме 1500 евра. Со таква цена не може да се исплати соларната централа која има животен век од 20 години дури и да ја експлоатираш 40 години(заработката ќе ти ја изедат каматата на инвестиционите средства и одржувањето).

Еве да речеме дека ќе воведеме нај-скандинавски закони при што ЕВН нема да наплаќа мрежарина за производството и произведената енергија ќе ја откупува по истата цена по која ја продава, без никаква маржа. И да речеме дека производтвото е цело време во скапа тарифа освен во Недела кога е ефитна преку цел ден, односно 25.7MWh од тие 30MWh се произведуваат во скапа тарифа, а 4.3MWh во ефитна. Скапата тарифа е 5.59 денари/kWh, додека пак ефтината е 2.80 денари/kWh. Ако го направиме есапот (25700 * 5.59) + (4300 * 2.80) = 143663 + 12040 = 155703 денари односно 2500 евра годишна заработка. Со таква цена исто така не можеш да ја исплатиш централата во незјиниот животен век.

Иднината не е во сончевите панели, ниту во ветерниците. Тие се само механизам за да се држи виоско цената на електричната енергија така што некој на тоа профитира. Колку за информација, во моментов во Германија е.е. на отворен пазар е 32-36 евра по MWh и покрај вртоглавите бројки на скапо платена зелена енергија. Западот е полн со нуклеарки и термо-електрани кои произведуват е.е. по багателна цена која после вештачки се билда. За да заработат повеќе, големите трговци од Источна Европа не дозволуваат влез на ефтина западна енергија на тој начин што поставуваат енормно високи такси за пренесување на енергијата (на пример 12 евра за пренесен MWh преку Австриско-Маџарска граница). Притоа цената на прозиведената енергија во Источна Европа е набилдадна многу високо за да можат мрсно да заработуваат.
 
Отсекогаш цената на енергијата била шпекулантска. И глобално и локално. Таква и ќе остане во догледно време, на жалост.

Но сепак сум бил во право за неможноста на физички лица да продаваат е.е. Се разбира деталите и правните бла-бла моменти на страна.
Тоа не ми се допаѓа. Некој може да се реши да ја набави опремата и од други, лични причини, и покрај релативната неисплатливост на сето тоа. Тие причини можат да бидат различни, можеби некој сака редундантност и независност од јавната мрежа. Можеби некој едноставно сака и може да си дозволи купување на такви работи... Итн.

Но прилично глупаво и неправедно е што според Законот за енергетика, физичко лице не може да продава електрична енергија.
Има ли барем една добра причина за ова? Мислам дека нема, ама можеби грешам. Можеби ти знаеш повеќе. Но тоа што јас го знам е дека е глупаво што законодавците не ја предвиделе таа опција.

Еве јас имам колега кој има комплет опрема, фотоволтаик панели и инвертор. Ги начекал по некоја поволна цена на саем уште пред пар години. Знаеш што се случува кога неговиот систем го приклучува на јавната мрежа?
Хехе, бројчаникот на мерачот за потрошена е.е. за кој влезен ват во системот на електродистрибуција, му регистрира како истиот да го потрошил. Каква будалештина, човек треба да плаќа за да испраќа е.е. во јавната мрежа. Прилично ретардирано, затоа што фотоволтаик панелите и пропратната опрема се достапни веќе подолго време. Нека е неисплатливо, нема никаква причина зошто правната легислатива не го третира ова како што треба.

Ти инаку, не кажа свој став за ова... само сувопарно ги посочи фактите. Ме интересира што ти мислиш за неможноста на физичко лице да продава електрична енергија, и зошто е тоа така во Македонија „лидерот во либерализацијата на енергетскиот пазар во регионов„?

Нејсе, во секој случај благодарен сум ти на деталниот одговор.
 
Доволно пластично објаснив зошто е сулудо некој, без разлика дали е физичко или правно лице да сака да продава енергија од PV по цена без feeding тарифа! Уште по сулудо, или како што велиш ретардирано, е тоа што твојот колега до сега не регистрирал фирма и не аплицирал во РКЕ за да добие статус на повластен производител!?!? Денес фирма се регистрира за 2 дена со 200 евра! Во РКЕ сеуште има слободни лиценци за PV до 50kW по повластена цена од 160 евра/MWh! Ако ја има опремата, му требаат уште максимум 2000 евра за да ја обезбеди сета потребна документација до станување на повластен производител. Што чекал до сега?

Понатаму не е дистрибутивната мрежа на колегати, ниту пак броилото, па да се понаша слободно како што сака! Тој има склучено два договори со ЕВН Македонија, еден за користење на дистрибутивната мрежа, а друг за снабдување. Нека си ги земе и нека си ги прочита правата, обврските и условите под кои е приклучен. Мрежата и нејзините капацитети се планираат и со неа се управува во реално време. Таман работа ако кој како стигне партизански си произведува енергија и ја инјектира во системот. За да може да внесуива енергија во систем ќе си поднесе барање до ЕВН со сета потребна документација(види точка VII од барањето) и ќе му биде овозможено тоа што пробал партизански да го прави.
Законот дава рамка на правата и ограничувањата и важи за сите, а не за поединци, ниту пак амнестира поединци. Деталите кои не се опфатени во таа рамка се прецизираат со подзаконски акти. Во случајков кај Законот за Енергетика тие акти се Правила за снабдување, Мрежни правила за дистрибуција и Пазарните правила. Во нив е опишано се што ти е нејасно околу постапките за станување на производител, повластен производител и слично. Законот и подзаконските акти не може да се менуваат затоа што неколку физички лица сакаат своите желби да ги реализираат по некои свои или туѓи правила.
Што се однесува до мојот став, сметам дека негодувањето ти е неосновано. Правото кое наводно го бараш ти е овозможено, само не по правилата кои ти, или колегати, ги сакате. Се согласувам дека добро би било законот да овозможува и физичко лице да продава енергија, но колку граѓани би го искористиле тоа право па да има потреба истото да биде преточено во закон? Еден? Двајца? Нема поента...Не е тоа пропуст во Законот за енергетика, има други, многу поголеми пропусти и недоречености за кои треба да се негодува.
 
Во Дневник е објавен опширен напис во кој се тврди дека гасот ќе поефтини за 19% и дека цената на гасот и понатаму ќе се намалува
http://dnevnik.mk/?ItemID=7FF2FADFA798CE4BB88EE47FF1A2C335

Но лепотаните од регулаторна сеуште молчат.
 
Во Вечер е објавен опширен напис со наслов:
Либерализацијата донесе пониски цени на гасот....
http://vecer.mk/ekonomija/liberaliz...eni-gasot-vo-makedonija-poevtin-za-rechisi-20
Написот го потпишал В.Ма
А што е либерализирано?[DOUBLEPOST=1424732985][/DOUBLEPOST]Во Вечер е објавен опширен напис со наслов:
Либерализацијата донесе пониски цени на гасот....
http://vecer.mk/ekonomija/liberaliz...eni-gasot-vo-makedonija-poevtin-za-rechisi-20
Написот го потпишал В.Ма
А што е либерализирано? А кои се тие пониски цени?
 
Во Вечер е објавен напис дека Балканот ќе добива гас од три страни
http://vecer.mk/ekonomija/evropa-energetski-se-obedinuva-a-balkanot-kje-dobiva-gas-od-povekje-izvori
Написот е „ маглив “- повеќе наликува на желба одколку на реалност[DOUBLEPOST=1425281114][/DOUBLEPOST]Во Битола и опозицијата била за зонско
http://www.tera.mk/index.php/vesti/aktuel/87718-sdsm-za-zonskoto-parkiranje

Сјаши Мурта, да узјаше Курта
 
Последно уредено:
Во Њујорк, во урнатините на зградите уништени во експлозија на гас, се уште се бараат две исчезнати лица
http://news.yahoo.com/search-continues-least-2-apparent-nyc-gas-blast-061357432.html
Ова е објаснување зошто во многу земји е забранета употреба на гас во станбени згради
 
Јавното претпријатие за енергетски дејности „Струмица гас“ интензивно работи на проширување на гасоводната мрежа. За неполн месец завршено е проширувањето за нови 700 метри кое почна од урбаниот блок 36, односно, од поранешната касарна, изјави директорот на „Струмица гас“, Зоран Китанов.
Се вели во веста од Струмица -
http://24strumica.mk/5797/gasovodnata-mreza-vo-strumica-se-ispituva-po-site-evropski-normi/
Дали некој знае колку домаќинства се приклучени на гас во Струмица?
 
Во Њујорк, во урнатините на зградите уништени во експлозија на гас, се уште се бараат две исчезнати лица
http://news.yahoo.com/search-continues-least-2-apparent-nyc-gas-blast-061357432.html
Ова е објаснување зошто во многу земји е забранета употреба на гас во станбени згради
Значи во Швајцарија масовно се исклучуваат згради од гасоводот заради ризикот а поготово каде живеат постари лица.
Осигурувањето на становите е неколкукратно поскапо бидејќи ризикот е поголем. Гас предизвикува експлозии, пожар смрт. И мислам дека и коли на ГАС не се дозволени во одредени реони.
 
Значи во Швајцарија масовно се исклучуваат згради од гасоводот заради ризикот а поготово каде живеат постари лица.
Осигурувањето на становите е неколкукратно поскапо бидејќи ризикот е поголем. Гас предизвикува експлозии, пожар смрт. И мислам дека и коли на ГАС не се дозволени во одредени реони.
Од каде тоа дека масовно се исклучуваат? Проверена информација ти е или? Не сум слушнал за вакво „масовно“ исклучување, барем не во француските кантони.
 
Значи во Швајцарија масовно се исклучуваат згради од гасоводот заради ризикот а поготово каде живеат постари лица.

Да, и мене ме интересира од каде оваа информација, да дадеш некој линк.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom