Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Епa не мoже секoјa епизoдa дa имa секс и дa летaaт глaви. А и плус еднa рoмaнтикa штo имaше вo епизoдaвa...
:)
знаев дека некој ќе се јави да го пише овој коментар.
Шо немаше романтика и драма а?
Серси-Џејми
Сем-со дивата
томен-со piggy face
И сцената кај Арија со чашата како во шпанска серија.
Има многу работи кои можат да ги прикажат како на пример The boat of silence или за Asshai местото од кај што доаѓа Red woman. Сепак, во ред е да не ја прошируваат приказната оти ќе нема крај ама барем да ја стеснуваат, со драма и романтика ништо не се решава.
Серијава е позната по цицки, немање милост и емоции и така треба да си остане а не да им ги менуваат карактерите.
Тоа старото-босо неможам да го гледам повеќе... :popce:
 
Не само шо никој не умре, туку има и еден Старк плус. Шо чудо е ова?

Не сум баш голем фан на магичните глупости и змејовите, ама Бенџен и Денерис дефинитивно беа хајлајт на епизодата. Можда уште подобра ќе беше таа последната сцена ако не го имавме слушнато тој исти говор сто пати претходно ама сепак.

Само не ги разбирам замерките за Арја. Никогаш не била бесчуствителен убиец. Сите шо ги убила досега беа луѓе кои ја има повредено или лично неа или некој друг Старк. Уште од втора сезона цел и била само одмаздата.

Инаку, ми се чини дека Томен е првиот доказ дека инцестот на Џејми и Серси не е океј. Добро, Џофри беше психопат, ама од други причини. На Мирсела ништо не и беше. Ама зато Томен па се покажа како најретардираниот лик во серијата. Стариот веќе не можам да го поднесам. Ај разбирам дека можда некако успеал да го убеди Томен дека е во право, ама пет минути после се виде дека е огромен лажго и лицемер. Сите сме спремни да умреме за боговите. Ама не денес lol
 
Мирна епизода малце досадничка. Делот со Бенџен и Бран беше хајлајт на епизодава, одлично интро и прејако изгледа Бенџен. Се потврди дека Брен е Three-eyed-raven. Јакичко.
Сцениве со Сем и Гили и се друго беше апла досадно, ме потсети на прошла сезона.
Ама од друга страна ова е затишје пред бура. :D
 
There is rumors that the battle in episode 9 is nicknamed "The battle of six armies" by the producers.

I'm pretty confident now it's going to be armies under Stark, Tully, and Arryns vs Lannister, Freys, and Boltons
 
Многу драма и романтика не е на арно, најлоша епизода од сезонава.

:pos:

Најдобрата епизода сезонава, без двоумење.

Одлична. Имаше и филери, но ниту еден од нив не беше досаден или непотребен. Пак сцената со претставата доминираше, дури и бекстејџ сцените беа добри.

Сцената со вечерата на Тарли фемили беше за мене лично најдобрата драма (no action) сцена сезонава.

Визиите беа топ, Бенџен го очекувавме сите. Разочарување е што ќе му ја дадат само траекторијата на Coldhands а не и неговиот легендарен џиновски ирвас, ќе беше уште поголем мадафакер. Со тоа што Брен го виде Лудиот Крал и неговото burn them all и Бенџен му кажа дека ти си сеа 3ER, речиси ни потврдија дека Брен стварно ќе се меша во историјата и дека е можно он да му шепотел преку визија на Лудиот Крал.

Калиси и High Sparrow, класика, ама тоа може да се очекува од тие приказни. Пак ќе повторам, Faith Militant и HS се најиритантното нешто измислено во серијалов (books and show), не можам да го поднесам и глумењето на Џонатан Прајс и чудниот негов глас. Ќе славам кога ќе го убие некој.

На Церци и е дадена голема моќ, сеа ќе ја направат манипулатор огромен а е уствари глупа курвештија. Ќе испадне дека она го исценирала ова и го убеди Томен да стане верски фанатик. Џејми брату, освести се веќе.

п.с. Серси, Санса и Маџери во претставата > much much hotter oд „реалниве“ актерки.
 
Мило ми е што ваков тек фати приказната на Арја, а не ја напраија некаква фанатична будала со исперен мозок. Си научи тоа што имаше да научи од овие без да им се покори, сега ваљда ќе си бега назад у Вестерос да го примени знаењето.
 
Реално, Сем не е некој од ликовите за кои треба да се размотува клопчето до тој степен, за да добие 20 минути во епизода. Можеа барем некако да го прераспределат времето со Сем низ неколку епизоди. Вака, too much screen time.


Реално, во голема заблуда си.

1. Ликот на Сем е еден од малкуте преку кои може најлесно да се дознае за историјата на Вестерос, демографијата, односите меѓу куќите.
2. Преку него ќе одиме и во Oldtown, најмистериозниот град во Вестерос, каде ќе дознаеме за maesterite и се надевам уште многу загадочни ствари.
3. Човекот го има еден од малкуте Валириски мечеви, а знаеме дека тоа е едно од само двете познати оружја за убивање WW.

Сем е лик битен на нивото на Серси, Џејми, Томен, Марџери, Санса, Рикон итн...не е ни малку спореден лик.

Глупото кај него е Гили и романтичните моменти кои ги вметнуваат, налик оние меѓу Мелисандре и Црвот. Ликот е подвижна енциклопедија и треба да се фокусираат на тоа во неговите сцени. Односно тоа да го има во секоја, наместо ко сеа во една од три со него.

Но со оглед на тоа што ја зема Гили со него, а не ја остави ко шо ќе беше подобро, пак ќе глеаме детски романтики место интересни прераскажувања.
 
Многу сте досадни со ова, многу.
Не ми се верува дека и после овие доста интересни сцени со Сем и Гили, повторно се жалите.
Марш.

Никој не рече дека МОРА на сите да ни се допаѓаат Сем и Гили, нели? Далеку од тоа дека сцените не се интересни, ама не заслужуваат 15 минути од цела епизода само за нив кога нема време за поважни работи да прикажат, а некои воопшто и нема да се прикажат во серијата. Капиш?

Ај сега марш.
 
А од кај знаете дека се небитни сцените со Сем и Гили?
Исто како со муабетите дека досадни се Џејми и Бриен додека го влечеше оваа, после кога ја пласираше сторијата зошто е Кингслеер сите беа ааааааааа :eek: И јас мислам дека билдаат нешто тука. Мене веќе ме иритира Дени со капитенскине говори, во нејзиниве сцени или се појавува змејот или држи говори ко за старт ап бизнис :D
 
Секоја наредна епизода ви е "најдобра у сезонава" ..мислам дај одлучете се веќе.


За мене , а претпоставувам и за повеќето тука , најдобра сцена визиите на Бран и burn them all. Буквално се наежив. После тоа секако појавувањето на Бенџен.
Сфаќам/е дека fat joe е подвижна енциклопедија , и дека кај него ќе бидат одговорите за како да се победат WW , но тоа не значи дека треба да гледаме лигавење со онаа негована и предолга фамилијарна вечера каде ќутеше како пичка. Пази ќутел ради тоа Гили да остане со неговите , да не биде избркана , а на крај и рече ајде ќе си одиме. 20 минути , 20 минутииии !!!

Калиси е класика? Класично досадна?
Па веќе колку епизоди завршија со нејзе? Со истиот нејзин говор и змејот за wow ефект.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom