Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Абе, а зошто Станис толку го мразит Роб ? Нели Роб не сака да е крал на цел Вестерос, туку само на Северот и плус имаат заедничка цел т.е. и двајцата сакаат да го убијат Џофри и не верувам Роб да има нешто против Станис да е крал. На крај краева, Старк им беа лојални на Баратион, не рачунај ги го Џофри, кој и не е Баратион.

Сигурно некаде кажува Станис зошто не го сака Роб во претходната сезона ама не ми текнува шо како беше...

Бидејќи Роб сака да го отцепи Северот од Седумте Кралства и да владее со него како посебна територија, а на Станис да му остане преостанатиот дел од Кралството. Таков им беше и договорот со Ренли, на кој му одговараше ваквата поделба. На Станис не му одговара бидејќи се смета за легитимен наследник на Тронот, а со тоа и владетел на целата територија на Вестерос се` до Ѕидот, вклучувајќи го и Северот. Затоа според него Роб е предавник, а исто и Бејлон, кој дигна бунт и држи неколку места на север.
 
Абе, а зошто Станис толку го мразит Роб ? Нели Роб не сака да е крал на цел Вестерос, туку само на Северот и плус имаат заедничка цел т.е. и двајцата сакаат да го убијат Џофри и не верувам Роб да има нешто против Станис да е крал. На крај краева, Старк им беа лојални на Баратион, не рачунај ги го Џофри, кој и не е Баратион.

Сигурно некаде кажува Станис зошто не го сака Роб во претходната сезона ама не ми текнува шо како беше...


Станис е човек со принципи и чест, не сака да владее поделено Кралство. Според законот нему ми припаѓа тронот на Седумте Кралства, а не на Седумте Кралства - Северот. Роб му зема нешто што му припаѓа нему, затоа го мрази.
 
Жими мајка треба да ве банираат тие со кратко помнење :)

Станис не сака раздвоено кралство, сака да биде крал на се. А Роб се прогласи за крал на северот. Роб не го сака железниот престол, он сака одмазда врз Џофри за убиството на татко му, да ги извади Санса и Ариа назад, и независно кралство на северот. Ренли му го гарантираше тоа, Станис не.
 
Роб сака да владее со северот, а Станис го сака целото кралство, затоа не се заедно. :icon_lol:
 
да се надоврзам, Еддард сакаше станис да го намести на тронот, Станис се осеќа предаен бидејќи Робб реши да го одцепи северот наместо да му асистира на Станис
 
Го мрази зашто има поубава жена. :D
 
983786_579674448732514_1239242511_n.jpg
 
Ете кај бил Радлер :)
 
Благодарам на сите (немораше сите да пишите ама OK :D ). Сум пропуштил/заборавил за тоа. (y)
 
Роб не го сака железниот престол, он сака одмазда врз Џофри за убиството на татко му, да ги извади Санса и Ариа назад, и независно кралство на северот. Ренли му го гарантираше тоа, Станис не.


Nope.

Ренли се согласуваше со тоа Роб да ја задржи титулата Крал на Северот, ама сепак да му биде потчинет. Исто како Роберт и Нед. Значи Северот нема да биде независен, а Роб ќе ја има истата позиција што ја имаше татко му.

Никој не би се согласил доброволно да му даде потполна независност на Северот. Тоа е пола од Вестерос.
 
Иначе Сноу во приватен живот ја ќарил Игрид. Ми останува надеж дека Дарио ќе ме чека мене и ќе ја батали Калиси. :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom