Темава е јасно кажано дека е за тие што ја изгледале последната епизода, така да не се малтретирајте со спојлери, комотно коментирајте си, а тие што не ја гледале нека си се пазат да не влегуваат тука додека не ја изгледаат и последната.
Највозбудливата епизода до сега. Не видовме ништо друго освен King's Landing а сепак не ни фалеше ништо, барем не се малтретиравме со роб старк и ебењето слугинки кои ќе ги прави кралици, нити не малтретираше ариа со носење вода.
Конечно јака акција. Во моментот кога Тирион ја виде големата војска против него си помислив на тоа, дека ќе дојде татко му напомош, али не го очекував Лорас со него. Сигурно се имаат сретнато и Лорас сакајќи да го одмазди Ренли се приклучува кон Тајвин. Исто морам да го спомнам моментот со бродот и експлозијата, ја очекував дека ќе ги маваат со запалени шишенца, ама овоа беше стварно добро, пред битката беа 5-1 за станис, ама откако пукна бродот се намалија на 3-1 сигурно. Ептен е заебан Тирион, да беше нормален по раст а не џуџе ќе беше најдобар крал, ама воедно да не беше џуџе немаше да го изгради тој силен карактер кој го има.