Гафови на "коментатори"

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Мазнов.. Мазнов со петица до Неџепи..
..и тоа овој коментар се деси некој си 2-3 секунди пред "петицата" на Мазнов.. :D :D комедија

Инаку на МС (верувале или не) ја даваа Работнички - Локомотив снимка ..а кој беше коментаторот не знам ама ќе дознаам. Какви глупости тресеше само бре бре..
 
Крсте Галевски-Кики, Канал 5

Македонија-Бугарија (кошарка)

"Стефанов не успеа да погоди но затоа убаво го ИСФИНТИРА Димитров"

абе Кики :lol: :lol:
 
Гижо напиша:
Крсте Галевски-Кики, Канал 5

Македонија-Бугарија (кошарка)

"Стефанов не успеа да погоди но затоа убаво го ИСФИНТИРА Димитров"

абе Кики :lol: :lol:

Мајка ми гледаше прееска кошарка и му се смееше..
 
gerard напиша:
Мајка ми гледаше прееска кошарка и му се смееше..

како да не му смееш, :lol: :lol: ај што има смешен глас, и што лупа киксови, ама ниеднаш не беше објективен, ниеднаш не кажа "во право беше судијата" кога ке судеше судијата фаул за Бугарите
 
Најбољи беше оној типот шо на времето на ТВ 4 коментираше рагби........
На првиот пренос што го правеа овој нормално појма немаше од играта и беше многу смешен......И еве ги црвените одат у напад, но таму тој од белите му ја одзема топката....и сега што се случува таму??? :shock: :shock: :shock:
 
Еве еден гаф на фалениот Калински:

Мислам дека беше олимпијадата во Синдеји камерата ги покажува знамињата над стадионот.......и вика ете го и нашето македонско знаме,,,,,па продолжува ете понатаму меѓу сите знамиња е и знамето на црвениот крст.......(а тао да ти било знамето на Швајцарија, не е тој крив ко си личат :pos: )
 
Крсте Гелевски - Кики

"влез на Перо Блажевски на втор обруч"

:aplauz: :poos: :osmeh:
 
еве најнов од истиот коментатор на канал 5..имено:на првиот натпревар со Грузија во Скопје токму најефикасен беше Куртовиќ(демек кажва за него дека во негое топката) кој заедно со Гечевски имаше 18 поени, додека Кенион Џонс постигна 19 поени на тој натпревар.........ај сфати го :pos:
 
Крсте пополека станува легенда, све повеќе ми се свиѓа :pos: :pos: ке му станам фан :pos: уште му ги памтам првите киксови кога беше само спикер, како на пример

"Сеп БлатНер"

"Реактиво" наместо рекреативо :pos: :pos: :pos:
 
Ме пресмеафте.
Инаку еднаш на кабловска гледаф на една српска телевизија пренос од европско првенство во кошарка. Играа СЦГ и Германија. На тој меч Дирк Новицки играше малку поагресивно и коментаторот се здиве: Јао људи па дали сте видели то, па тог човека треба забранити кошарку, ма какв је тај фаул био људиии... мисли ако је играч ен би еј-а мисли да може да УБИЈА људе драги гледатељи..... и уште неколку, не ги запамтив сите, ама попристрасен коментар немаф слушнато рпетходно во животот.
 
Најјако нешто,шо го имам слушнато.
Вистина или урбана легенда не е битно.
На времето Панчев дури играл во Вардар, се работи за пренос на радио и вака некако е...
да видиме акција на Вардар, еве го Панчев, Панчев по левата страна , панчев по левата страна , па што к*р бара Панчев по левата страна...
според приказнава (вистинита или не) тоа му бил последен работен ден на типот во радио
 
А... и за Бошко Трпески, чоеко ја коментираше Македонија - Иран, на турнир мислам дека играа 97-98 така нешто беше, не е битно, и е чиста класика коментирањето
Почна натпреварот и си почна Бошко да си коментира, стандарно ама едно време го снема, и си играат фудбалериве и има шанса од овде, од онде, корнер, статива, ама Бошко нигде го нема да зуцни нешто. Поминуваат така некои 15-20 мин. и се јавува Бошко... Багери ....(пауза од 10-15сек.) тој беше прогласен за... најдобар фудбалер на .... (овде паузата беше помала) Азија за ... (и пак го снема, не претерувам жими се) 1997 година.
И верувале или не пак го снема...
Се јави по пет минути и си продолжи ко ништо да не било.
 
А, и ова, знајте дека Зоран Михајлов доби награда за најупорен коментатор на некоја зимска олимпијада беше (за жал незнам само која).
Чоеко коментирал во просек 8 часа дневно...
Шо да прај МТВ само него го испратила, додека другите ТВ куќи имале по 3-4 коментатори минимум, Зоран наш за сите вреди :pos: :pos:
 
Еј, да беее... И тој беше закон! И овие другиве се добри, али тој од Сител. :dudlac:

:poos: :osmeh:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom