Фудбалски вести

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
2010 и 2019 не смееше Меси да земе, ај годинава има простор за дебата.

2019 Ван Дајк не зема за 7 гласа со онаква сезона зад себе, со невидлив Меси на реваншот со Ливерпул.

2010 Снајдер или еве ако се бираше од светскиот шампион Шпанија можеа или Чави или Иниеста.

2013 Рибери требаше место Роналдо. Ќе претерам ако речам дека и 2018 требаше Роналдо место Модриќ.

4-4треба да е ај 5-4 најмногу за Меси, ама 7...

За 2010 се согласувам. Требаше Чави или Иниеста.

За 2019 нема толкава дискусија. Имаше најдобри бројки статистички и добра сезона со Барселона. За реваншот со Ливерпул цела екипа потфрли. Ама не заборавај дека на Камп Ноу сам го понижи Ливерпул, една од најдобрите индивидуални партии што сум ги гледал.

2013 требаше Рибери. 2018 Роналдо или некој од Французите ради освоеното СП.
Автоматски споено мислење:

Според твојава логика Жоржињо беше украде и тоа од епски размери.
Освои ЛШ со Челзи - којшто беше тотален аутсајдер, освои ЕП со Италија - Која што исто не беше главен фаворит за ЕП. Притоа беше констактен цела година и во ЛШ и на ЕП.

Ама нема везе, Меси битно освоил Копа Дел реј со Барселона - Титула на ранг на ФА куп и Копа Америка - Титула дефинитивно понепрестижна од ЕП. Каде што само Бразил и Аргентина се некој фактор во фудбалскиот свет.

Може да релативизираме колку сакаме, никој не негира дека Меси и моментално е добар фудбалер, никој не негира дека долго време беше и најдобриот фудбалер во свет заедно со Кристијано, но објективно гледано Меси не требаше да заврши ни во топ 3 играчи сезонава за 2021ва година.

п.с. По истата логика и Лукаку можеше да освои, најдобар играч во Италија и Интер освои Скудето после 10 години.
Или пак Барела, најдобар везњак во Италија, освои Скудето, освои Европско првенство итн. (и двајцата да освоеа ќе беше криминал.).

едноставно Левандовски втора година по ред е украден.
Иако лично не ме чуди Меси што си освои. Се осеќаше дека ќе земе. Сепак не за џабе напраи трансфер во ПСЖ :D

Жоржињо и Златна топка не смеат да одат во иста реченица. Посебно сега кога е главен виновник што Италија игра бараж и има сериозни шанси да пропушти уште еден Мундијал.
 
Како со еден пост докажа дека немаш гледано ни минута Копа Америка... Уште помалку дека пратиш јужноамерикански фудбал, чим Еквадор го спушти на тоа ниво. Репрезентација што е трета во квалификациите и која скоро сигурно ќе игра на СП. Ако сака нека е и на Јуниор куп, знаеш колкави се шансите еден играч да е лидер во сите можни релевантни категории? Меси имаше супериорен турнир и го освои најважниот трофеј во годината за Аргентина.

Трите гола на Лева не вредат ама баш ништо кога Полска остана последна во групата и беше никаков фактор на ЕП.

Сфаќам дека секој има мислење и тоа е океј ама искрено се бламирате себеси со вакви постови.
Па баш тоа што е трета Еквадор е доказ на колку НИСКО ниво е тој фудбал таму. Сам себе се уби со ова. Еден играч дали имаат во топ 5 лиги овие кажи ми? Па да играат во Европа овие едвај дали 5 ќе бидат во група за квалификации.
 
Готово Рики сега не убеди со оваа експертиза, штом немаат ни еден играч во Европа јас мислам нека му го одземат пласманот на светско, шо кур бараат оние на светското ако немаат играчи во топ 5 лиги.
 
Па баш тоа што е трета Еквадор е доказ на колку НИСКО ниво е тој фудбал таму. Сам себе се уби со ова. Еден играч дали имаат во топ 5 лиги овие кажи ми? Па да играат во Европа овие едвај дали 5 ќе бидат во група за квалификации.

Баш напротив. Ти ги потцени Еквадор а да пишеше Уругвај ќе имаше поголема поента. Ако навивате за европски репрезентации не значи дека надвор од Европа не се игра фудбал. Титулата на Аргентина е на исто ниво со таа на Италија и во никој случај не смее да се потценува. Посебно што е освоена на терен на Бразил, каде домаќините важеа за апсолутен фаворит.
 
А магионичар ли е Левандовски па да направи подпросечна репрезентација како Полска да направи некој позначаен успех на ЕП? Па за нив самиот пласман е успех сам по себе.
А магионичар ли е Меси што од најмртвата Барса во историја направи конкурент во ЛаЛига и освои куп во Шпанија? Магионичар ли е што на Копа Америка на секој натпревар имаше гол или асистенција и освои титула?

Не знам што се плачкиве за Левандовски, ај лани да беше кога освоија триплете, па да разберам, ама дека треба да паѓаме во несвест дека дал 40 гола во неговата приватна лига. Боже мој.
 
Последно уредено:
Океј е, Левандовски ја освоил слабата Бундеслига, а Меси прејаките Копа дел Реј и Копа Америка. :D

Плус што вторава половина од 2021ва Меси едноставно не постои. Стварно има едно 5 играчи подобри од него моментално. Ама јебига :)
Да се надополнам само колку да ја доловам поентата за тоа зошто е смешно да се омаловажува приватната лига во Германија, а да се возвишува Меси што земал Шпански куп.

Патот на Барса до титулата во Копа дел Реј: Корнеља, Рајо Валекано, Гранада, Севиља, Билбао. Гиганти сите до еден.

Трети во Ли Лига, 7 поени зад мртвиов Атлетико. Во ЛШ аут уште во 1/8 финале и тоа декласирани од ПСЖ во првиот меч.

Во вториот дел од годината, 11 настапи за ПСЖ, 4 постигнати голови и 3 асистенции. Левандлвски оваа сезона има 23 гола и 2 асистенции на 18 утакмици.
 
Како фан на Меси и приврзаник (со мала воздржаност) на тврдењето дека немало подобар од него, мора да се оградам од годинешнава награда. :D

Безвезно е да има предност атрактивноста на името, препознатливост, иако демек има некои упатства за гласање.

По мене можеби ни Левандовски (иако немаше да биде грешка), туку Жоржињо требаше да ја добие.

А ако збориме за тоа кој во овие 11 месеци покажал најубав фудбал, тогаш Салах би го избрал.
 
Последно уредено:
Жоржињо и Златна топка не смеат да одат во иста реченица. Посебно сега кога е главен виновник што Италија игра бараж и има сериозни шанси да пропушти уште еден Мундијал.
Така де, те сфаќам.
Жоржињо и Златна топка не смеат да бидат во иста реченица пошто Жоржињо е плејмејкер којшто воопшто не е популарен но е една од најбитните карики во Челзи и Италија, дур Меси и со влечење низ селата во Франција пола година е сепак Меси. Огромно име во фудбалскиот свет во залез на неговата кариера.

Ај биди малце реален, заборави дека се работи за довчерашната легенда на Барселона и дај ми разумен одговор зашто баш Меси треба да освои.

п.с Меси има точно 10 голови плус асистенции во ЛШ во ПОСЛЕДНИВЕ 2 Сезони.
Левандовски има 10 - САМО ОВАА СЕЗОНА.

Ама ајде, Полска немала никаков успех пошто е Полска и се бори со Германија, Англија, Италија, Шпанија, Португалија итн. Или пак Баерн играл во Баерн Лига.
Без разлика што истиот тој Левандовски гази и во ЛШ. :)

едит: Само да дополнам у твој стил,
Меси и Балон Дор не смеат да идат у иста реченица, особено не сега кога направи трансвер во француска Лига 1, убедливо најмтртвата лига во топ 5 лигите во Европа, со добри шанси да го изгуби тоа 5то место од Португалска лига. Притоа и во таа лига последниве 4 месеци е тотално небитен играч за тимот. Пошто нели игра во ПСЖ- тим којшто и без него лагано ќе се прошета до титула низ тоа француските села. :D
1 гол и 3 асистенции сезонава до сега за ПСЖ има Меси во Франција. Да не го заборавиме тоа :)

Титулата на Аргентина е на исто ниво со таа на Италија и во никој случај не смее да се потценува. Посебно што е освоена на терен на Бразил, каде домаќините важеа за апсолутен фаворит.
Ау брату...

Абе Англија на сред Вембли го лапна немиен и прв пат после толку години во Финале и ПРЕД НОС им го дрпнаа трофејот. НА СРЕД ВЕМБЛИ ПРОТИВ НАЈИЗХАЈПАНАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА АНГЛИЈА.

Буквално било кој друг играч да беше и ти ќе ги пишуваше овие работи, ама океј за Меси се работи и сега ако треба со глава у зид ќе се иде :)
 
Последно уредено:
А магионичар ли е Меси што од најмртвата Барса во историја направи конкурент во ЛаЛига и освои куп во Шпанија? Магионичар ли е што на Кома Америка на секој натпревар имаше гол или асистенција на Копа Америка и освои титула?

Не знам што се плачкиве за Левандовски, ај лани да беше кога освоија триплете, па да разберам, ама дека треба да паѓаме во несвест дека дал 40 гола во неговата приватна лига. Боже мој.
Дали сериозно ја споредуваш Барселона со Полска? Барселона е под дифолт топ 2 тим во Ла Лига. Исто толку беше мртов и Реал лани, а и Атлетико не е ништо посебно. Баерн ќе ја издоминираше лигата исто лесно како што доминира во Бундес.

Полска од друга страна не е ни во топ 10 репрезентации во Европа. Дискутабилно е и за топ 15. Пласман за Поска на ЕП е рамно на освоена Копа Америка на Аргентина, каде практично освен Бразил и немаа друг конкурент. Уругвај, Чиле и Колумбија се во слободен пад, а другите репрезентации недоволно квалитетни за да им парираат сезиозно.
 
Баш напротив. Ти ги потцени Еквадор а да пишеше Уругвај ќе имаше поголема поента. Ако навивате за европски репрезентации не значи дека надвор од Европа не се игра фудбал. Титулата на Аргентина е на исто ниво со таа на Италија и во никој случај не смее да се потценува. Посебно што е освоена на терен на Бразил, каде домаќините важеа за апсолутен фаворит.
Како бе на исто ниво? Сериозно ова го пиша? :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:После ова не ни вреди да дискутираме повеќе, јасно ми е се. Меси е најдобар на светот, апсолутно заслужено освои, готово нема проблем.
 
Да се надополнам само колку да ја доловам поентата за тоа зошто е смешно да се омаловажува приватната лига во Германија, а да се возвишува Меси што земал Шпански куп.

Патот на Барса до титулата во Копа дел Реј: Корнеља, Рајо Валекано, Гранада, Севиља, Билбао. Гиганти сите до еден.

Трети во Ли Лига, 7 поени зад мртвиов Атлетико. Во ЛШ аут уште во 1/8 финале и тоа декласирани од ПСЖ во првиот меч.

Во вториот дел од годината, 11 настапи за ПСЖ, 4 постигнати голови и 3 асистенции. Левандлвски оваа сезона има 23 гола и 2 асистенции на 18 утакмици.
Севиља и Билбао се секогаш горе на врвот последниве години, а за Гранада се гледа дека не следиш многу Ла Лига друго објаснување немам :)
Боже мој ја бранам Барса, the end of the world is near :ROFLMAO:
 
Пукаат споредби, меѓутоа ете конкретно помеѓу левандовски и меси разликата е што за првиот игра цел тим за овој да реализира, а меси ја носи цела игра на плеќи и завршницата , тежината на улогите е неспоредлива...... Плус годинава меси има освоено континентален шампионат така да го направи неприкосновен...до лани и најслабото издание на барса не се знаеше колку голови ќе постигнат со меси, годинава без меси завршницата е голем проблем, прашање е дали два гола ќе закачи по меч барса, непрепознатливо за каталонскиот гигант
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom