- Член од
- 26 февруари 2016
- Мислења
- 5.419
- Поени од реакции
- 13.602
- Возраст
- 37
2010 и 2019 не смееше Меси да земе, ај годинава има простор за дебата.
2019 Ван Дајк не зема за 7 гласа со онаква сезона зад себе, со невидлив Меси на реваншот со Ливерпул.
2010 Снајдер или еве ако се бираше од светскиот шампион Шпанија можеа или Чави или Иниеста.
2013 Рибери требаше место Роналдо. Ќе претерам ако речам дека и 2018 требаше Роналдо место Модриќ.
4-4треба да е ај 5-4 најмногу за Меси, ама 7...
За 2010 се согласувам. Требаше Чави или Иниеста.
За 2019 нема толкава дискусија. Имаше најдобри бројки статистички и добра сезона со Барселона. За реваншот со Ливерпул цела екипа потфрли. Ама не заборавај дека на Камп Ноу сам го понижи Ливерпул, една од најдобрите индивидуални партии што сум ги гледал.
2013 требаше Рибери. 2018 Роналдо или некој од Французите ради освоеното СП.
Автоматски споено мислење:
Според твојава логика Жоржињо беше украде и тоа од епски размери.
Освои ЛШ со Челзи - којшто беше тотален аутсајдер, освои ЕП со Италија - Која што исто не беше главен фаворит за ЕП. Притоа беше констактен цела година и во ЛШ и на ЕП.
Ама нема везе, Меси битно освоил Копа Дел реј со Барселона - Титула на ранг на ФА куп и Копа Америка - Титула дефинитивно понепрестижна од ЕП. Каде што само Бразил и Аргентина се некој фактор во фудбалскиот свет.
Може да релативизираме колку сакаме, никој не негира дека Меси и моментално е добар фудбалер, никој не негира дека долго време беше и најдобриот фудбалер во свет заедно со Кристијано, но објективно гледано Меси не требаше да заврши ни во топ 3 играчи сезонава за 2021ва година.
п.с. По истата логика и Лукаку можеше да освои, најдобар играч во Италија и Интер освои Скудето после 10 години.
Или пак Барела, најдобар везњак во Италија, освои Скудето, освои Европско првенство итн. (и двајцата да освоеа ќе беше криминал.).
едноставно Левандовски втора година по ред е украден.
Иако лично не ме чуди Меси што си освои. Се осеќаше дека ќе земе. Сепак не за џабе напраи трансфер во ПСЖ![]()
Жоржињо и Златна топка не смеат да одат во иста реченица. Посебно сега кога е главен виновник што Италија игра бараж и има сериозни шанси да пропушти уште еден Мундијал.