Фудбалски вести

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Јас гаранатирам дека овие од Челзи како што се неспособни отишле го изгледале натпреварот и си рекле "Бреј што играчиште е овој Еузебио на секој дел од теренот го има, ќе фрлиме 80ина милиони за детево"
 
Едгар Давидс го напушти Барнет.
 
http://www.bbc.com/sport/0/football/25811977

Ај Блатер/Платини издувани ама и овие што се кандидираат за наследници не се нешто побогати во црпката
 
Портокалов картон во фудбалот

Главниот противкандидат на Сеп Блатер во изборот за претседател на ФИФА, Жером Шампањ предложува воведување на „портокалов картон“ во фудбалот.
Педесет и петгодишниот Французин планира да воведе интересни идеи ако го победи Блатер на изборите во јуни 2015. година.
Една од идеите е портокалов картон. Имено тие би биле нешто помеѓу жолти и црвени картони, а играчот кој ќе добие портокалов картон мора да излезе од игра на две или три минути.
За време на извршувањето на казната би седел во посебен ограден простор по примерот како во хокејот. Не би смеел да биде на клупата со тренерот и резервните играчи.
Шампањ се залага за воведување на правила слични на рагбито каде само капитенот смее да разговара со судијата. На сите останати им е забрането. Французинот предложува тоа правило да се воведе во фудбалот, а ако некој го прекрши, противничкиот тим автоматски да добие удар од десет метри.
Французинот смета дека треба да се укине тројната казна, црвен картон, пенал за противничката екипа, а играчот кој го направил прекршокот уште добива и додатна казна од два меча заради црвениот картон.
Него го поддржува и легендарниот Пеле.
„Дојде време за промени. Тука се одлучува за иднината на фудбалот. Го подржувам Шампањ“, изјави Пеле.
@on.net.mk

o_O o_O o_O
 
Портокаловиов картон е катастрофа. Ова за капитенот само да збори има логика, али така ќе се изгуби цела возбуда у фудбалот, мртво би било.
 
Една од идеите е портокалов картон. Имено тие би биле нешто помеѓу жолти и црвени картони, а играчот кој ќе добие портокалов картон мора да излезе од игра на две или три минути.
За време на извршувањето на казната би седел во посебен ограден простор по примерот како во хокејот. Не би смеел да биде на клупата со тренерот и резервните играчи.
На магарешка ќе го седнат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom