Фудбалски вести

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Белгијците направиле lookalike contest за фудбалерите:
6XBOKnD.jpg


 
Манчестер Заха го купи зимата, така да одземете ги тие 18М или колку беа што ги платија за него. :D
 
Не го сфаќам делот со Окоча во постот.

Ем Матумба, ем лева полутка, сигурно му е далечен роднина :ROFLMAO:
 
Па тој е тој Матумба што направи трансфер од Брегалница во АИК, шо не е јасно.
 
УЕФА потврди во Дубровник: Скопје и арената „Филип Втори“, кандидати за ЕВРО 2020
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) на својот Конгрес во Дубровник, Хрватска, ја потврди кандидатурата на Скопје и на арената „Филип Втори“, како еден од можните организатори на меч од Европското првенство во фудбал што ќе се одржи во 2020 година. Според идејата на првиот човек Мишел Платини, ова ЕП ќе се организира низ цела Европа, а токму такво е мотото на шампионатот „ЕВРО низ Европа“.
Скопје со националната Арена „Филип Втори“ е еден од 32 града ширум Европа кои се кандидираа и ќе се борат за да ја добијат организацијата на натпреварите од ова големо натпреварување.
УЕФА потврди дека кандидатура за организација поднеле Ереван (Ерменија), Баку (Азербејџан), Минск (Белорусија), Брисел (Белгија), Софија (Бугарија), Скопје (Македонија), Загреб (Хрватска), Прага (Чешка), Копенхаген (Данска), Лондон (Англија), Хелсинки (Финска), Лион (Франција), Минхен (Германија), Атина (Грција), Будимпешта (Унгарија), Ерусалим (Израел), Рим и Милано (Италија), Астана (Казахстан), Амстердам (Холандија), Варшава и Хорзов (Полска), Лисабон и Порто (Португалија), Даблин (Р. Ирска), Букурешт (Романија), Санкт Петербург (Русија), Глазгов (Шкотска), Белград (Србија), Мадрид, Барселона, Билбао и Валенсија (Шпанија), Стокхолм (Шведска), Базел (Швајцарија), Истанбул (Турција), Киев и Донецк (Украина) и Кардиф (Велс).

„Навистина сме задоволни што има голем број на кандидатури за организација на ЕВРО 2020. Повеќе од половина членки на УЕФА сакаат да бидат дел од организацијата на ЕП во 2020 година. Овој шампионат ќе биде една голема прослава на фудбалот низ цела Европа, а ќе славиме и јубилеј 60 години“, порача Мишел Платини, претседателот на УЕФА.

Скопје се кандидира како град кој има национална арена со капацитет под 40.000 гледачи. Според пропозициите на УЕФА за ЕВРО 2020 година, два града би можеле да добијат организација на меч од шампионатот. На ФФМ сега и преостанува до 25 април 2014 година, кога е краниот рок, да поднесе комплетна пријава и целосно изработен проект до УЕФА, а следната година во септемви ќе биде одлучено кои градови ќе ја добијат организацијата.

Инаку, ЕВРО 2020 ќе се одржи во 13 градови, од кои 12 ќе бидат домаќини на групната фаза и на елиминациските рунди од осминафиналето и од четврт-финалето, додека 13. град ќе биде домаќин на полуфиналните мечеви и на големото финале.
извор: екипа.мк
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom