Проблемот е што клубовите, со исклучок на Англија, го дозволуваат тоа, и верувам дека на играчот тоа му е ептен криво, што не е заштитен. Срамна е и реакцијата на неговите соиграчи, кои наместо да застанат на негова страна, го направија она уште полошото, пробаа да го задржат на терен.
Едноставно, во овој свет, каде што не чини ништо да почитуваш друг, не го сфаќам расизмов и мајндсетот на некој да се разбуди сабајле, со намера да омаловажи друго битие кое е различно од него по основ на боја на кожа.
Нема подебилско размислување од тоа дека тој зима милиони, и мора све да трпи. Пред се, е човек. И како таков, е подлежен на навреди што ке допрат до него и ке реагира на истите. Некои од вас што пратат Англиски новинари, сигурно имате видено за Каролин Флек, водителка на Love Island. Жената се самоуби пред 2 дена зашто тролови на Твитер ја навредувале за афера која се испостави дека е лажна.