Шпански судија ќе дели правда на жешкото дерби меѓу АЕК и ПАОК

Грчката фудбалска федерација го назначи шпанскиот судија Давид Борбалан за делител на правдата на финалето од грчкиот Куп помеѓу АЕК и ПАОК.
Лигашкиот натпревар помеѓу овие два тима беше прекинат по една контроверзна одлука на судијата по што претседателот на ПАОК влета во теренот со пиштол на својот појас. Ова доведе до суспензија на грчката лига на повеќе од две недели и предупредување од светското фудбалско тело да се воведат реформи во грчкиот фудбал за да не следи и ригорозна казна.
Грчката федерација објави дека 44-годишниот Давид Борбалан ќе биде главен судија на саботниот натпревар, а нему ќе му помагаат исто така шпански судии.
Борбалан е главен судија во Ла Лига веќе 14 сезони, а под знакот на ФИФА суди од 2010 година.
Судиите во Грција постојано се мета на напади од навивачите, а покренати се и истраги за наводна корупција во последните години.