Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Kaква шамарчина за Њукасл, проектот кој ветува.
 
Немаше толку лоша епизода Трипие во Атлетико, таа сезона титула освоија.
И јас мислам дека ќе легни во Баерн
 
Kaква шамарчина за Њукасл, проектот кој ветува.
трипие ја заврши работата во њукасл,баш трипие го спаси њукасл од испаѓање таа сезона и беше еден од најзаслужните за основа на она што се денес страчките......неговата плата ќе отвори место за освежување на тимот ........ бек кој поминува 33та година и ја губи брзината може да биде префрлен во халфовската линија каде њукасл се солидно покриени така да нема иднина веќе во овој тим......на њукасл ќе му се отвори простор околу финансиите,а играчот ќе биде задоволен со голем трофеј во бундеслигата така да ова ќе биде вин вин за сите
 
Њукасл го имаат Ливраменто, он е голем талент и се почесто ќе биде форсиран. Трипие беше земен за искуство, само он има титула од тој тим. Си го заврши он своето.
 
Галан во Виљареал најверојатно.
Не му се даде воопшто шанса, го погоди периодот кога Атлетико не игра со класични бекови а Лино и Рикелме се оган оваа сезона, така да со среќа во Виљареал.
Сојунчу исто така напушта, очи да не му видам на таа цепејнца, во Фенербахче најверојатно а и не е битно, кај сака нека оди само подалеку од Атлетико.

Со повредата на Азпиликуета остануваме без тројца дефанзивци во еден рок, а и по се изгледа нема да се пазари дефанзивец, се враќа Реинилдо па ќе крпиме до крај и ќе се молиме да останат сите здрави и прави :toe:
 
@Uli Hoeneß што е причината заради која си заминува? Гледам се шпекулира за Јунајтед, ама само на тоа е засега.

 
@Uli Hoeneß што е причината заради која си заминува? Гледам се шпекулира за Јунајтед, ама само на тоа е засега.


Поранешниот директор на Гладбах и Лајпциг, Макс Еберл ќе почне да работи од месец март во Баерн, а од јануари започна веќе како спортски директор да работи Христоф Фројнд, кој беше долги години спортски директор на РБ Салцбург.
Непе е повеќе како за скаут одговорен, така да поради тоа и се поврзува со вас, а Фројнд веќе си има своја мрежа и свој начин на работа и искуство големо претходните години со Салцбург што го и покажа, така да според тоа и двете страни се согласиле дека нема потреба да се продолжи понатаму.
Брацо откако доби отказ, уште тогаш почнаа муабетите дека и Непе во скоро време ќе престане со работа бидејќи му беше како десна рака на Брацо.
 
Прштат трансфери кај Атлетико :vozbud:
Кој е овој, вонбрачен син на Де Брујн ?
Знам само дека гол му чукна на Барса и беше избран за играч на натпреварот.
Не се малце пари во период кога изјавија дека ќе носат само бесплатни играчи овој трансфер рок, мора да виделе нешто во него.
Читам интересни работи за играчот ама прв пат го слушам искрено.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom